Legal

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

А. ПРОДАЖНИ УСЛОВИ ЗА MAC APP STORE, АPP STORE И IBOOKS STORE
Б. ОДРЕДБИ И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА MAC APP STORE, АPP STORE И IBOOKS STORE

ПРАВНИТЕ ДОГОВОРИ ДАДЕНИ ПОДОЛУ СЕ СКЛУЧЕНИ ПОМЕЃУ ВАС И ITUNES SARL („ITUNES") И ГО УРЕДУВААТ ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА MAC APP STORE, APP STORE И IBOOKS STORE („ПРОДАВНИЦИТЕ"). ЗА ДА СЕ СОГЛАСИТЕ СО ОВИЕ УСЛОВИ, КЛИКНЕТЕ НА „AGREE" („СЕ СОГЛАСУВАМ"). ДОКОЛКУ НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО ОВИЕ УСЛОВИ, НЕ КЛИКНУВАЈТЕ НА „AGREE" („СЕ СОГЛАСУВАМ") И НЕ ГИ КОРИСТЕТЕ MAC APP STORE, APP STORE ИЛИ IBOOKS STORE. ОВОЈ ДОГОВОР СЕ ПРИМЕНУВА БЕЗ ВЛИЈАНИЕ НА ДОГОВОРИТЕ ЗА СОФТВЕРСКИ ЛИЦЕНЦИ КОИ МОЖЕ ДА СТЕ ГИ СКЛУЧИЛЕ, КАКО НА ПРИМЕР ЗА КОРИСТЕЊЕТО НА ITUNES АПЛИКАЦИЈАТА.

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА НАШИТЕ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ, ПОСЕТЕТЕ ЈА СЛЕДНАТА СТРАНИЦА: https://www.apple.com/support/.

А. ПРОДАЖНИ УСЛОВИ ЗА MAC APP STORE, АPP STORE И IBOOKS STORE

ПЛАЌАЊА, ДАНОЦИ И ПОЛИТИКА НА РЕФУНДИРАЊЕ

Продавниците прифаќаат кредитни картички издадени од банки во Република Македонија или Кодови за Содржина како начин на плаќање. iTunes може да побара претходно одобрување за износ до износот на нарачката. Пресметувањето се врши во моментот на или кусо после трансакцијата. Доколку го користите 1-Click за купување, Вашата нарачка може да се одобрува и да се пресметува за секој дополнителен износ во текот на една куповна сесија, така што може да се јави како повеќе нарачки на Вашиот извештај. Кога вршите купувања, кредитите за содржината се користат први, а потоа секаков преостанат износ се наплатува од Вашата кредитна картичка.

Се согласувате да платите за сите производи коишто ќе ги купите преку Продавниците, и се согласувате iTunes да може да наплати од Вашата кредитна картичка износ за кој било производ што сте го купиле, како и сите дополнителни износи (вклучително и даноци и провизии за доцнење, зависно од случајот) кои може да доспеат на или во врска со Вашата Сметка. ВИЕ СТЕ ОДГОВОРНИ ЗА НАВРЕМЕНО ПЛАЌАЊЕ НА СИТЕ НАДОМЕСТОЦИ И ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ВАЛИДНИ ПОДАТОЦИ ЗА КРЕДИТНАТА КАРТИЧКА ДО iTUNES ЗАРАДИ ПЛАЌАЊЕ НА СИТЕ НАДОМЕСТОЦИ. Сите надоместоци ќе бидат наплатени од кредитната картичка што Вие ќе ја назначите во текот на процесот на регистрација. Доколку сакате да назначите друга кредитна картичка или доколку дојде до промена во статусот на Вашата кредитна картичка, мора да ги промените Вашите податоци „on-line“ во делот Account Information („Податоци за Сметката“) на iTunes. Ова може привремено да го попречи Вашиот пристап до Продавниците додека iTunes не ја провери валидноста на Вашите нови податоци за плаќање.

Вкупната цена ќе ја вклучува цената на производот плус каков било применлив данок на продажба и/или данок на додадена вредност (ДДВ) ако е применлив; таквиот данок на промет се заснова на адресата за наплата („bill-to address“) и важечката стапка на данокот на промет во времето кога ќе го преземете производот. Ќе пресметуваме данок само во јурисдикции каде што дигиталните добра се оданочиви. Клиентите немаат право на даночни ослободувања.

Сите продажби на производи се конечни.

Цените за производите понудени преку Продавниците може да се променат во секое време, а Продавниците не обезбедуваат ценовна заштита или рефундирања во случај на намалување на цената или промотивни понуди.

Ако некој производ стане недостапен после трансакцијата, но пред преземањето, Ваш единствен правен лек во таков случај ќе биде рефунирање. Доколу технички проблеми ја спречуваат или неразумно ја одолговлекуваат испораката на Вашиот производ, Ваш единствен правен лек во таков случај ќе биде или замена или рефундирање на платената цена, како што ќе определи iTunes.

1-CLICK®

1-Click е регистрирана услужна марка на Amazon.com, Inc., која се користи врз основа на лиценца. 1-Click е погодна функција која Ви овозможува да купувате од Продавниците со еден клик на Вашиот „глушец“ или друг уред за внесување. Кога пристапувате на Продавниците од Вашиот компјутер, купувањето преку 1-Click може да се активира преку прозорецот за дијалог што се појавува кога ќе кликнете на копчето „Buy" („Купи“). (Можете да го смените овој избор во секое време со кликнување на Reset Warnings („Ресетирај ги предупредувањата“ во податоците за Вашата Сметка). Кога пристапувате до Продавниците од Вашите производи од брендот на Apple со iOS, како што се iPad, iPod touch или iPhone („iOS Уред“), 1-Click се активира за секоја трансакција на тој начин што се притиска копчето на кое е прикажана цената на производот, што го отвора копчето „Buy" („Купи“). Кога ќе се активира 1-Click, со кликнување или притискање на копчето „Buy" („Купи“) веднаш започнува преземањето и Вашата трансакција се финализира без какви и да е дополнителни чекори.

КОДОВИ ЗА СОДРЖИНА

Кодовите за Содржина не можат да се заменат за пари и не можат да се вратат со рефундирање во пари (освен како што налага законот); да се разменат; да се препродадат; да се користат за купување на подароци; да се користат за купувања од Apple Online Store; или да се користат во Apple Retail Stores. Неискористените износи се непреносливи.

Кодовите за Содржина наменети за дистрибуција во Македонија може да се искористат преку Продавниците само во Македонија.

iTunes не одговара за изгубени или украдени Кодови за Содржина.

iTunes го задржува правото да затвора сметки и бара алтернативни начини на плаќање доколку Код за Содржина бил со измама прибавен или користен на Продавниците.

ITUNES И НЕГОВИТЕ ПРИМАЧИ НА ЛИЦЕНЦА, ПОВРЗАНИ ЛИЦА, И ДАВАЧИ НА ЛИЦЕНЦА НЕ ДАВААТ НИКАКВИ ГАРАНЦИИ, ИЗРИЧНИ ИЛИ ПРЕМОЛЧЕНИ, ВО ПОГЛЕД НА КОДОВИТЕ ЗА СОДРЖИНА ИЛИ ПРОДАВНИЦИТЕ, ВКЛУЧИТЕЛНО, БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ, НА ИЗРИЧНИ ИЛИ ПРЕМОЛЧЕНИ ГАРАНЦИИ ЗА ПРОМЕТЛИВОСТ ИЛИ ПОГОДНОСТ ЗА ОСОБЕНА НАМЕНА. ДОКОЛКУ КОДОТ ЗА СОДРЖИНА Е НЕФУНКЦИОНАЛЕН, ВАШИОТ ЕДИНСТВЕН ЛЕК И НАША ЕДИНСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ ЌЕ БИДЕ ЗАМЕНАТА НА ТАКВИОТ КОД ЗА СОДРЖИНА. ОВИЕ ОГРАНИЧУВАЊА МОЖЕ ДА НЕ СЕ ОДНЕСУВААТ НА ВАС. ОДРЕДЕНИ ЈУРИСДИКЦИИ НЕ ДОЗВОЛУВААТ ОГРАНИЧУВАЊА НА ПРЕМОЛЧЕНИТЕ ГАРАНЦИИ ИЛИ ИСКЛУЧУВАЊЕ ИЛИ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ ЗА ОДРЕДЕНИ ШТЕТИ. ДОКОЛКУ ОВИЕ ЗАКОНИ СЕ ОДНЕСУВААТ И НА ВАС, НЕКОИ ИЛИ СИТЕ ОД ГОРНИТЕ ОГРАДУВАЊА, ИСКЛУЧУВАЊА ИЛИ ОГРАНИЧУВАЊА МОЖЕ ДА НЕ СЕ ОДНЕСУВААТ НА ВАС И ВИЕ ИСТО ТАКА МОЖЕ ДА ИМАТЕ И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРАВА.

ПОДАРОЦИ

Подароците купени од Продавниците може да бидат купени само за и да бидат искористени само од страна на лица во Република Македонија. Примачите на подароци мора да имаат компатибилен хардвер и поставки за родителска контрола за да можат да користат некои подароци.

ОДНАПРЕД ДАДЕНИ НАРАЧКИ

Кога однапред давате нарачки за производи, Вие со тоа ги овластувате Продавниците автоматски да го наплатат од Вашата сметка и да го преземат производот кога истиот ќе стане достапен. Вие ќе можете да ја откажете однапред дадената нарачка сe до моментот кога производот ќе стане достапен.

СПОДЕЛУВАЊЕ СО СЕМЕЈСТВОТО

Апликацијата за споделување со семејството ви овозможува да споделувате подобни производи од App Store, Mac App Store и iBooks Store со најмногу шест члена (вклучувајќи ве и вас) од „Семејството“. Доколку поставите или му се придружите на Семејството, ќе може да ги видите подобните производи од другите негови членови и ќе може да ги преземете во својот компатибилен уред или компјутер. Може и да изберете да ги скриете своите купени производи за да не можат другите членови од семејството да ги видат или преземат од вас. Може да споделувате информации, како што се фотографии и видеа преку апликацијата за фотографии, настани преку календарот на семејството, потсетници преку апликацијата за потсетници, информации за локацијата преку Најди ги моите пријатели и информации за локацијата на уредот преку Најди го мојот iPhone. Апликацијата за споделување со семејството е само за лична и некомерцијална употреба. Потребни ви се сметки за iTunes и за iCloud; iOS 8 и/или OS X Yosemite ви се потребни за да поставите или да му се придружите на Семејството. Одредени трансакции и функции може да не се компатибилни со постари верзии на софтверот и може да бараат негово надградување. Доколку му се придружите на Семејството, функциите на апликацијата за споделување со семејството автоматски ќе се активираат на вашите компатибилни уреди и компјутери.

„Организаторот“ на Семејството може да ги покани другите членови да учествуваат во него. Организаторот мора да има 18 години или повеќе и мора да има подобен начин на плаќање регистриран во iTunes . Доколку вие сте организаторот, се претставувате како родител или законски старател на членовите од семејството што се помали од 13 години. Начинот на плаќање од организаторот се користи за плаќање на купувањата започнати од членот на Семејството чијашто сметка нема доволно кредит за продавницата. Членовите на Семејството му стануваат агенти на организаторот при користење на неговиот начин на плаќање. Производите се поврзуваат со сметката од членот на семејството којшто ја започнал трансакцијата. СО ПОКАНУВАЊЕ НА ЧЛЕНОВИТЕ ОД СЕМЕЈСТВОТО, ОРГАНИЗАТОРОТ СЕ СОГЛАСУВА ДЕКА СИТЕ ТРОШОЦИ ЗА КУПУВАЊАТА ЗАПОЧНАТИ ОД ЧЛЕНОВИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО СЕ ОВЛАСТЕНИ ОД ОРГАНИЗАТОРОТ И ПРЕТСТАВУВААТ НЕГОВА ОДГОВОРНОСТ, ДУРИ И ДОКОЛКУ ТОЈ НЕ ЗНАЕЛ ЗА ОДРЕДЕНА ТРАНСАКЦИЈА, ДОКОЛКУ НЕКОЈ ЧЛЕН ОД СЕМЕЈСТВОТО ГИ ПРЕЧЕКОРИЛ СВОИТЕ ОВЛАСТУВАЊА ДАДЕНИ ОД ОРГАНИЗАТОРОТ ИЛИ ДОКОЛКУ ПОВЕЌЕ ЧЛЕНОВИ ЗАПОЧНАТ КУПУВАЊЕ НА ИСТИОТ ПРОИЗВОД. ОРГАНИЗАТОРОТ Е ОДГОВОРЕН ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ СО ДАВАТЕЛОТ НА НЕГОВИОТ НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ И ГО ПРИФАЌА РИЗИКОТ ДЕКА СО СПОДЕЛУВАЊЕ НА ПРИСТАПОТ ДО НАЧИНОТ НА ПЛАЌАЊЕ СЕ ОГРАНИЧУВА ЗАШТИТАТА ШТО ЈА НУДИ ДАВАТЕЛОТ НА НАЧИНОТ НА ПЛАЌАЊЕ. Организаторот може да го смени начинот на плаќање во секое време. Членот од Семејството којшто го започнал купувањето и организаторот ќе добијат запис за купувањето, дури и ако членот од Семејството го скрил купениот производ; користете ја функцијата Пријави проблем од потврдата доколку вие или членот од вашето Семејство не ги препознавате трошоците на потврдата или на извештајот од начинот на плаќање.

Организаторот може да ја користи функцијата Прашај за купување за да побара од децата помали од 18 години да побараат дозвола од него, и/или од другите возрасни што ги одредил организаторот, за преземање бесплатни или платени производи пред да започне купувањето или преземањето. Производите што ги презеле членовите на Семејството и производите добиени преку кодовите за активирање не подлежат на функцијата Прашај за купување. Доколку вие сте организаторот, вие потврдувате дека вие и/или возрасното лице што сте го одредиле е родител или законски старател на членот од Семејството за којшто е активирана функцијата Прашај за купување. Функцијата Прашај за купување е оптимизирана за iOS 8 и OS X Yosemite; барањата за купување или преземање производи од постари верзии на софтверот може да го активираат процесот на алтернативна дозвола или целосно да го спречат купувањето и може да бараат надградување на софтверот. iTunes не одговара за штетите што ќе настанат од доцнење на одобрувањата или одбивањата на функцијата Прашај за купување.

Организаторот може да го отстрани кој било член од Семејството, така што тој член нема да може да започнува овластени купувања со помош на начинот на плаќање од организаторот и нема да може да ги гледа и споделува производите и информациите од другите членови на Семејството. Доколку членот го напушти Семејството или е отстранет од него, останатите членови од семејството повеќе нема да може да ги прикажуваат или преземаат неговите производи или информации, ниту да пристапуваат до неговите претходно преземени производи, вклучувајќи ги и купените производи направени со помош на начинот на плаќање од организаторот додека бил дел од Семејството. Исто така, доколку вие го напуштите Семејството, повеќе нема да може да ги гледате или преземате производите или информациите од другите членови на Семејството, ниту производите што сте ги презеле од другите членови на Семејството додека тие се недостапни. Доколку сте направиле In-App купувања од апликација што првично ја купил член којшто го напуштил Семејството или член на Семејството на коешто повеќе не му припаѓате, ќе треба сами да ја купите апликацијата и да ги обновите In-App купувањата за да имате пристап до нив; прегледајте ги политиките на развивачот и секцијата со наслов „In-App купувања“ од овој договор пред да правите In-App купувања. Бидејќи личните сметки за корисниците помали од 13 години може да се создадат само како дел од апликацијата за споделување со семејството, доколку ја избришете таквата сметка со цел да ја отстраните од Семејството, со тоа ќе се отстрани и Apple ID на тој член од Семејството и нема да може да пристапува до услугите на Apple што бараат Apple ID или до некоја друга содржина поврзана со Apple ID.

Може да припаѓате само во едно Семејство истовремено и може да му се придружите на кое било Семејство најмногу двапати годишно. Сметката од продавницата што ќе ја поврзете со Семејството може да ја смените не повеќе од еднаш на секои 90 дена. Сите членови на Семејството мора да ја користат истата држава или регион на iTunes Продавницата. Некои од производите, вклучувајќи и In-App купувања,претплати и некои претходно купени апликации, не се подобни за споделување со семејството. Apple го задржува правото за расформирање на Семејството во согласност со секцијата „Раскинување“ од овој договор.

ЕЛЕКТРОНСКО ДОГОВАРАЊЕ

Вашето користење на Продавниците ја вклучува способноста да склучувате договори и/или да вршите трансакции по електронски пат. ВИЕ ПОТВРДУВАТЕ ДЕКА ВАШИТЕ ЕЛЕКТРОНСКИ ПОДНЕСОЦИ ПРЕТСТАВУВААТ ВАША СОГЛАСНОСТ И НАМЕРА ДА БИДЕТЕ ОБВРЗАНИ СО ТИЕ ДОГОВОРИ И ТРАНСАКЦИИ И ДА ПЛАТИТЕ ЗА ИСТИТЕ. ВАШАТА СОГЛАСНОСТ И НАМЕРА ДА БИДЕТЕ ОБВРЗАНИ СО ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ПОДНЕСОЦИ СЕ ОДНЕСУВА НА СИТЕ ЕВИДЕНЦИИ ВО ВРСКА СО СИТЕ ТРАНСАКЦИИ ШТО ГИ СКЛУЧУВАТЕ НА ОВАА СТРАНИЦА, ВКЛУЧИТЕЛНО И ИЗВЕСТУВАЊА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ, ПОЛИТИКИ, ДОГОВОРИ И АПЛИКАЦИИ. За да пристапите и да ја зачувате Вашата електронска евиденција, може да биде потребно да имате одреден хардвер и софтвер, кои се Ваша исклучива одговорност.

УРЕДИ КОИШТО НЕ СЕ APPLE

Ако се запишете за Сметка или користење на Услуги и/или Продавници опфатени со овој Договор на уред или компјутер којшто не е од брендот Apple, може да имате пристап само до ограничена група од Сметка или Услуги и/или функции на Продавниците. Како услов за да пристапите до вашата Сметка или Услуги и/или Продавници на уред или компјутер којшто не е од брендот Apple, вие се согласувате со сите соодветни одредби и услови коишто се наоѓаат во овој Договор, вклучувајќи ги, без ограничување, сите барања за користење на Сметка или Услуги и/или Продавници, ограничувања за користење, достапност, оградувања од гаранции, правила во врска со вашата содржина и однесување и прекин. Одредбите наведени во овој Договор во врска со карактеристиките или Услугите коишто не се достапни за корисниците на уред или компјутер којшто не е од брендот на Apple, нема да се однесуваат на вас. Тие го вклучуваат на пример, the App Store. Ако подоцна изберете да пристапите на вашата Сметка или Услуга од уред од брендот на Apple или компјутер од брендот на Apple, вие се согласувате дека сите одредби и услови коишто се содржат овде се однесуваат на вашето користење на таквата Сметка или Услуга.

iTunes не одговара за типографски грешки.

Б. ОДРЕДБИ И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА MAC APP STORE, АPP STORE И IBOOKS STORE

ОВOJ ПРАВEН ДОГОВОР МЕЃУ ВАС И iTUNES S.A.R.L. („ITUNES") ГО УРЕДУВА ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА MAC APP STORE, APP STORE и IBOOKS STORE („ПРОДАВНИЦИТЕ“) И КУПУВАЊЕТО НА ЛИЦЕНЦИ ОД ИСТИТЕ, КОИШТО ВИ ГИ ПРОДАВА ITUNES.

MAC APP STORE, APP STORE и IBOOKS STORE

iTunes ги обезбедува Продавниците кои Ви овозможуваат да купувате од iTunes лиценци за софтверски производи и дигитални содржини („Производите“) само како крајни корисници, под одредбите и условите определени во овој Договор. За Производи од App Store (како што истите се дефинирани подолу), крајни корисници може да бидат поединци кои настапуваат во нивно приватно својство, трговски претпријатија или образовни институции.

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПРОДАВНИЦИТЕ

Само лица на возраст од 13 години или постари може да создаваат сметки. Родителите или законските старатели може да создадат сметки за лицата помали од 13 години со помош на апликацијата за споделување со семејството. Децата помали од 18 години треба да го прегледаат договорот заедно со својот родител или законски старател за да се уверат дека го разбираат.

Продавниците ви се достапни само во Република Македонија. Се согласувате дека нема да ги користите и нема да се обидете да ги користите продавниците надвор од оваа локација. iTunes може да користи технологии за да го провери почитувањето на овој услов.

За да ги користите Продавниците, треба да имате компатибилни уреди, пристап до Интернет и одреден софтвер (може да подлежи на надоместоци); може да се потребни повремени ажурирања, а самото користење може да биде засегнато од перформансите на овие фактори. Се препорачува пристап до Интернет со голема брзина. Се препорачува употреба на најновите верзии од софтверот на iTunes и Mac App Store за пристап до Продавниците и може да е потребен за одредени трансакции или карактеристики и за преземање претходно купени или добиени производи од Продавниците. Се согласувате дека овие услови, што може да се менуваат одвреме-навреме, се ваша одговорност. Продавниците не се дел од ниту еден друг производ или понуда и ниту едно купување или добивање на кој било друг производ не треба да се толкува како можност или гаранција за пристап до Продавниците.

ВАШАТА СМЕТКА

Како регистриран корисник на Продавниците, може да создадете сметка („Сметка“). Не откривајте му ги никому вашите информации за Сметката. Само вие сте одговорни за одржување на доверливоста и безбедноста на Сметката и за сите активности што се случуваат во неа или преку неа и доколку настане некакво безбедносно нарушување на вашата Сметка, се согласувате веднаш да пријавите во iTunes. iTunes нема да одговара за загубите што ќе настанат од неовластената употреба на вашата Сметка.

За да купувате и преземате производи од Продавниците, мора да ги внесете својот Apple ID и лозинката или користете го Touch ID за да ја овластите својата сметка за трансакции. Штом ја овластите својата сметка со помош на Apple ID и лозинката, нема да има потреба да ја овластувате повторно во наредните петнаесет минути; може да изберете да му дозволите на компјутерот да ја запомни лозинката за сметката да остане овластена. За време на овој временски период ќе може да купувате и преземате Производи без повторно внесување на лозинката. Може да ја исклучите можноста за правење трансакции со Производ или да ги измените поставките за да се бара лозинка за секоја трансакција со производите на App и Book приспособувајќи ги поставките на компјутерот или уредот на iOS. За да добиете повеќе информации, погледнете на http://support.apple.com/kb/HT1904 и http://support.apple.com/kb/HT4213.

Се согласувате да дадете точи и целосни информации при регистрирање и користење на Продавниците („Регистрациски податоци“) и се согласувате да ги ажурирате овие податоци со цел да се точни и целосни. Се согласувате дека iTunes може да ги складира и користи Регистрациските податоци при одржување и пресметување на надоместоците на вашата сметка.

АВТОМАТСКА ИСПОРАКА И ПРЕЗЕМАЊЕ ПРЕТХОДНО КУПЕНИ ПРОИЗВОДИ

Кога првпат добивате App Store Производи (исклучувајќи ги производите од Mac App Store) или iBooks Store Производи преку Продавниците (заедно „Подобна содржина“) може да изберете автоматски да примате („автоматско преземање“) копии од таквата подобна содржина на дополнителни iOS уреди и компјутери овластени од iTunes со компатибилен софтвер, асоцирајќи ги компјутерите и уредите на iOS со долунаведените асоцијативни правила (секој од нив, „Асоциран уред“). За секој Асоциран уред, може да наведете кој тип Подобна содржина, доколку има, може автоматски да се преземе во него. Кај Асоцираните уреди што може да примаат push известувања (кои поддржуваат Push), вклучувајќи ги и уредите на iOS, содржината автоматски ќе се преземе во нив кога ќе има интернет врска; кај асоцираните уреди што не може да примаат push известувања, вклучувајќи ги и тие што работат на оперативниот систем на Windows, подобната содржина автоматски ќе се појави во редот за преземање и може рачно да започнете преземање во рамките на iTunes.

За ваша погодност, откако ќе ја добиете подобната содржина, може да ја преземете одредена претходно добиена подобна содржина во кој било Асоциран уред. Подобната содржина што претходно сте ја добиле може да не биде достапна за подоцнежно преземање во кое било време и Apple нема да одговара во тој случај. Будејќи нема да може подоцна да ја преземете претходно добиената подобна содржина, штом ја преземете, ваша одговорност е да не ја изгубите, уништите или оштетите и можеби ќе сакате да направите нејзина резервна копија.

Асоцирањето на асоцираните уреди подлежи на следниве услови:

(i) Може автоматски да преземате подобна содржина или да преземате претходно добиена подобна содржина од Сметката на најмногу 10 асоцирани уреди, под услов не повеќе од 5 да се компјутери овластени од iTunes.

(ii) Асоцираниот уред може да се асоцира само со една Сметка истовремено.

(iii) Може да го префрлите асоцираниот уред на друга Сметка само еднаш на секои 90 дена.

(iv) Може да ја преземете претходно добиената бесплатна содржина на неограничен број уреди додека е бесплатна во Продавниците, но не на повеќе од 5 компјутери овластени од iTunes.

Горенаведените услови од (i) до (iv) не е однесуваат на производите на App Store.

Одредени делови од подобна содржина може да се големи и може да настанат значителни трошоци при нивна испорака преку податочната врска[D1].

АВТОМАТСКА ИСПОРАКА НА АЖУРИРАЊАТА

Уредот или компјутерот периодично ќе проверуваат кај App Store и Mac App Store дали има ажурирања за апликациите на Вашиот уред или компјутер и, доколку има, ажурирањето може автоматски да се преземе и инсталира. Се сложувате дека iTunes, преку App Store и Mac App Store, може автоматски да презема и ажурира ажурирања на уредот(ите) или на компјутерот. Може да ги исклучите сите автоматски ажурирања во кое било време со измена во поставките за автоматските ажурирања на уредот или компјутерот.

ЗБИРКИ СО АПЛИКАЦИИ

Некои производи од App Store може да содржат повеќе делови („Збирки со апликации“). Цената прикажана кај Збирката со апликации е цената што ќе ја платите при купувањето на Збирката со апликации. Цената на Збирката со апликации може да се намали за вредноста на они производи од App Store што веќе ги имате купено или добиено, но може да вклучува и минимални трошоци за комплетирање на Збирката со апликации.

ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА

Продавниците подлежат на Политиката на Apple Inc. за заштита на приватноста, која може да се најде на https://www.apple.com/legal/privacy/.

КОРИСТЕЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ И ПРОДАВНИЦИТЕ

iTunes Ви продава лиценца за да ги користите Производите. Откако ќе ја купите од iTunes, таа лиценца претставува правно обврзувачки договор склучен директно помеѓу Вас и издавачот на тој Производ („Издавачот“) со којшто се уредува Вашето користење на тој Производ. Прифаќате дека Продавниците и определени Производи содржат сигурносна технологија која го ограничува Вашето користење на Производите и дека, без оглед дали Производите се ограничени со сигурносна технологија или не, Вие ќе ги користите Производите во согласност со применливите правила за користење утврдени од страна на iTunes и Издавачите („Правила за Користење“) и дека секое друго користење на Производите може да претставува повреда на авторските права. Секаква сигурносна технологија е неразделив дел од Производите. iTunes го задржува правото да ги измени Правилата за Користење во секое време. Се согласувате да не ја нарушувате, заобиколувате, подложите на обратен инженеринг, декомпилирате, расклопувате или на друг начин да ја попречувате сигурносната технологија поврзана со таквите Правила за Користење од која била причина - или да се обидувате или да му помагате на друго лице да го стори тоа. iTunes може да го контролира и мониторира придржувањето до Правилата за Користење и iTunes го задржува правото да ги спроведе Правилата за Користење без известување до Вас. Се согласувате да не пристапувате до Продавниците преку други средства освен преку софтверот што Ви го обезбедил iTunes за пристапување до Продавниците. Нема да пристапувате до или да се обидувате да пристапите до Сметка до којашто не сте овластени да пристапите. Се согласувате да не го модификувате софтверот на кој било начин или да не користите модификувани верзии од софтверот, за какви било цели, вклучувајќи и добивање на неовластен пристап до Продавниците. Повредите на системската или мрежната сигурност може да повлечат граѓанска или кривична одговорност.

Со испораката на Производите не Ви се пренесуваат никакви права на користење на Производите за промотивни цели.

Разбирате и прифаќате дека, со оглед на тоа дека одредени аспекти од Продавниците, Производите и администрирањето на Правилата за Користење подразбираат континуирана инволвираност на iTunes, и покрај тоа што iTunes не е договорна страна на лиценцата склучена помеѓу Вас и Издавачите на Производите доколку iTunes промени кој и да е дел од Продавниците или ги прекине истите, што iTunes може да го направи по сопствен избор, Вие може да не бидете во состојба да ги користите Производите во иста мера како и пред таквите промени или прекинување, како и дека iTunes нема никаква одговорност спрема Вас во таков случај.

ПОДНЕСОЦИ ДО ПРОДАВНИЦИТЕ

Продавниците може да нудат интерактивни опции кои, меѓу другото, Ви овозможуваат да доставувате материјали (вклучително и линкови до содржини на трети страни) во делови на Продавниците кои се достапни и видливи за други корисници на Продавниците и за јавноста. Се согласувате со тоа дека секое Ваше користење на таквите опции, вклучително и какви било материјали што сте ги доставиле, ќе биде Ваша исклучива одговорност, нема да претставува прекршување или повреда на правата на која и да е друга страна или прекршување на кои било закони, нема да придонесува кон или да охрабрува повреда на права или друг вид незаконско однесување, или на поинаков начин да биде навредливо, недолично или невкусно. Вие, исто така, потврдувате и се согласувате дека сте ги стекнале сите потребни права и лиценци. Се согласувате да доставувате точни и целосни информации во врска со Вашето поднесување на какви било материјали до Продавниците. Со ова му давате на iTunes глобална, ненаплатна и неексклузивна лиценца за користење на таквите материјали како дел од Продавниците, или во врска со Производите, без каков и да е надомест или обврска кон Вас. iTunes го задржува правото да не истакнува или објавува какви било материјали, како и да отстранува или уредува какви било материјали, во секое време и по сопствено убедување, без претходна најава или одговорност. Вие не можете да поднесувате рецензии или рејтинзи на Производи од App Store преземени со користење на промотивен Код за Содржина.

iTunes има право, но не и обврска, да врши надзор над какви и да е материјали поднесени од Ваша страна или на друг начин достапни на Продавниците, за да спроведе истрага во врска со какви и да е пријавени или очигледни повреди на овој Договор, како и да преземе какви и да е чекори за кои iTunes, по сопствено убедување, смета дека се соодветни, вклучително, без ограничување, и раскинување на договорот согласно овие одредби или согласно Политиката на Apple Inc. за заштита на авторски права (https://www.apple.com/legal/copyright.html).

МАТЕРИЈАЛИ НА ТРЕТИ СТРАНИ

Одредени содржини, Производи и услуги достапни преку Продавниците може да вклучуваат материјали од трети страни. iTunes може да обезбеди линкови до одредени интернет страници на трети страни, заради Ваша погодност. Се согласувате дека iTunes не е одговорен за испитување или оценување на содржината или точноста и дека iTunes не гарантира и дека нема никаква одговорност или обврска за материјалите или интернет страниците на трети страни, како и за кои и да е други материјали, производи или услуги на трети страни. Се согласувате дека нема да ги користите материјалите на трети страни на начин кој би ги прекршил или повредил правата на која и да е друга страна, како и дека iTunes не е на ниту еден начин одговорен за такво користење од Ваша страна.

НАВРЕДЛИВИ СОДРЖИНИ

Разбирате дека, користејќи ги Продавниците, може да наидете на содржини кои може да се сметаат за навредливи, непристојни или непожелни, а кои можат но не мораат да бидат означени како експлицитни содржини. Сепак, се согласувате да ги користите Продавниците на сопствен ризик и потврдувате дека iTunes нема одговорност спрема Вас за содржините што може да бидат сфатени како навредливи, непристојни или непожелни. Видовите и описите на производите се дадени исклучиво заради Ваша погодност, а Вие се согласувате дека iTunes не ја гарантира нивната точност.

ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

Се согласувате дека Продавниците, вклучително, но без ограничување на Производи, графички материјали, корисничката површина, аудио клипови, статии, како и скриптите и софтверот кои се користат за имплементација на Продавниците, содржат правно заштитени информации и материјали кој е во сопственост на iTunes и/или на Издавачите и се заштитени со важечките закони за интелектуална сопственост и други закони, вклучително, но без ограничување на закони за авторско право. Се согласувате дека нема да ги користите таквите правно заштитени информации или материјали на кој било начин, освен за користење на Продавниците во согласност со условите на овој Договор. Ниту еден дел од Продавниците не смее да се репродуцира во која и да е форма или со какви и да е средства, освен како што е изречно дозволено во овие одредби. Се согласувате да не ги модификувате, давате под закуп, давате на лизинг, позајмувате, продавате, дистрибуирате или создавате изведени дела кои се темелат на Продавниците на кој и да е начин, како и дека нема да ги искористувате Продавниците на ниту еден недозволен начин, вклучително, но не ограничено на неовластено користење или оптоварување на капацитетот на мрежата.

Независно од кои било други одредби на овој Договор, iTunes и Издавачите го задржуваат правото да го изменаат, суспендираат, отстранат или оневозможат пристапот до кој и да е Производ, содржина или други материјали кои сочинуваат дел од Продавниците во секое време, без претходна најава. iTunes во никој случај нема да биде одговорен за ваквите промени. iTunes може, исто така, да наметне ограничувања на користењето или пристапот до одредени функции или делови од Продавниците, во секој случај и без претходна најава или одговорност.

Сите авторски права на и во однос на Продавниците (вклучително и на компилацијата на содржини, статии, линкови до други интернетски извори, како и описи на тие извори), како и софтверот, се сопственост на iTunes и/или на неговите давачи на лиценци, кои ги задржуваат сите нивни права по закон и по правичност. КОРИСТЕЊЕТО НА СОФТВЕРОТ ИЛИ НА КОЈ И ДА Е ДЕЛ ОД ПРОДАВНИЦИТЕ, ОСВЕН ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПРОДАВНИЦИТЕ КАКО ШТО Е ДОЗВОЛЕНО СОГЛАСНО ОВОЈ ДОГОВОР, Е СТРОГО ЗАБРАНЕТО И ПРЕТСТАВУВА ПОВРЕДА НА ПРАВАТА ОД ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ НА ДРУГИ И МОЖЕ ДА ВЕ ИЗЛОЖИ НА ГРАЃАНСКА И КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ, ВКЛУЧИТЕЛНО И НА МОЖНИ ПАРИЧНИ ШТЕТИ ЗА ПОВРЕДА НА АВТОРСКИ ПРАВА.

Apple, логото на Apple, iTunes и другите трговски марки, услужни марки, графички материјали и логоа на Apple кои се користат во врска со Продавниците се трговски марки или регистрирани трговски марки на iTunes и/или на Apple Inc. во САД и/или во други земји. Другите трговски марки, услужни марки, графички материјали и логоа кои се користат во врска со Продавниците може да бидат трговски марки на нивните соодветни сопственици. Вие не добивате никакво право или лиценца во однос на која и да е од гореспоменатите трговски марки и за користење на кои било такви трговски марки.

РАСКИНУВАЊЕ

Доколку не почитувате или доколку iTunes се сомнева дека не почитувате која и да е од одредбите на овој Договор, iTunes може, по сопствено наоѓање, без претходна најава: (i) да го раскине овој Договор и/или да ја укине Вашата Сметка, а Вие останувате одговорни за сите износи кои ги должите од Вашата Сметка заклучно со датата на раскинување; и/или (ii) да ја раскине лиценцата за софтверот; и/или (iii) да оневозможи пристап до Продавниците (или кој и да е дел од истите).

iTunes го задржува правото да ги модификува, суспендира или прекине Продавниците (или кој и да е дел или содржина од истите) во секое време, со или без претходна најава до Вас, и ќе нема одговорност спрема Вас или спрема која и да е трета страна доколку ги реализира тие свои права.

ОДРЕКУВАЊЕ ОД ГАРАНЦИИ; ОГРАНИЧУВАЊА НА ОДГОВОРНОСТ

iTUNES НЕ ГАРАНТИРА, НИТУ ТВРДИ ДЕКА ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА ПРОДАВНИЦИТЕ ЌЕ БИДЕ НЕПРЕКИНАТО ИЛИ БЕЗ ГРЕШКИ, А ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА iTUNES ПОВРЕМЕНО МОЖЕ ДА ГИ ОТСТРАНИ ПРОДАВНИЦИТЕ ЗА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ИЛИ ДА ГИ УКИНЕ ПРОДАВНИЦИТЕ ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ, БЕЗ ПРЕТХОДНА НАЈАВА ДО ВАС.

ИЗРЕЧНО СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ, ИЛИ НЕМОЖНОСТ ДА ГИ КОРИСТИТЕ ПРОДАВНИЦИТЕ, Е НА ВАШ СОПСТВЕН РИЗИК. ПРОДАВНИЦИТЕ И СИТЕ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ ИСПОРАЧАНИ ДО ВАС ПРЕКУ ПРОДАВНИЦИТЕ СЕ (ОСВЕН ДОКОЛКУ ИЗРЕЧНО НЕ Е НАВЕДЕНО ОД СТРАНА НА iTUNES) ОБЕЗБЕДЕНИ „КАКВИ ШТО СЕ“ И „КАКО ШТО СЕ ДОСТАПНИ“ ЗА ВАША УПОТРЕБА, БЕЗ ГАРАНЦИИ ОД КАКОВ И ДА Е ВИД, ИЗРЕЧНИ ИЛИ ПРЕМОЛЧЕНИ, ВКЛУЧИТЕЛНО И СИТЕ ПРЕМОЛЧЕНИ ГАРАНЦИИ ЗА ПАЗАРНА ПОДОБНОСТ, ПОГОДНОСТ ЗА ПОСЕБНА НАМЕНА, СОПСТВЕНОСТ И НЕПОВРЕДУВАЊЕ НА ПРАВА. СО ОГЛЕД НА ТОА ДЕКА ВО НЕКОИ ЗЕМЈИ НЕ Е ДОЗВОЛЕНО ИСКЛУЧУВАЊЕТО НА ПРЕМОЛЧЕНИ ГАРАНЦИИ, ГОРНОТО ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ПРЕМОЛЧЕНИТЕ ГАРАНЦИИ МОЖЕ ДА НЕ СЕ ПРИМЕНУВА НА ВАС.

ДО МАКСИМАЛНАТА МЕРА ДОЗВОЛЕНА СО ПРИМЕНЛИВИОТ ЗАКОН, iTUNES, НЕГОВИТЕ ДИРЕКТОРИ, ФУНКЦИОНЕРИ, ВРАБОТЕНИ, ПОВРЗАНИ ЛИЦА, АГЕНТИ, ИЗВЕДУВАЧИ, РАБОТОДАВЦИ ИЛИ ДАВАЧИ НА ЛИЦЕНЦИ ВО НИТУ ЕДЕН СЛУЧАЈ НЕМА ДА БИДАТ ОДГОВОРНИ ЗА НИКАКВИ ДИРЕКТНИ, ИНДИРЕКТНИ, ИНЦИДЕНТНИ, КАЗНЕНИ, СПЕЦИЈАЛНИ ИЛИ ПОСЛЕДИЧНИ ШТЕТИ, КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА КОЈА БИЛО ОД УСЛУГИТЕ, КАКО И ЗА КОИ БИЛО БАРАЊА ЗА НАДОМЕСТ ПОВРЗАНИ НА КОЈ И ДА Е НАЧИН СО ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА ПРОДАВНИЦИТЕ, ВКЛУЧИТЕЛНО, НО НЕ ОГРАНИЧЕНО НА КАКВИ И ДА Е ГРЕШКИ ИЛИ ПРОПУСТИ ВО КОЈА И ДА Е СОДРЖИНА, ИЛИ КАКВА И ДА Е ЗАГУБА ИЛИ ШТЕТА ОД КОЈ И ДА Е ВИД НАСТАНАТИ КАКО РЕЗУЛТАТ НА КОРИСТЕЊЕ НА КОЈА И ДА Е СОДРЖИНА (ИЛИ ПРОИЗВОД) КОЈА Е ИСТАКНАТА, ПРЕНЕСЕНА ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН НАПРАВЕНА ДОСТАПНА ПРЕКУ ПРОДАВНИЦИТЕ, ДУРИ И ДА СЕ ПОСОВЕТУВАНИ ДЕКА ПОСТОИ МОЖНОСТ ЗА ТАКВО НЕШТО. ПОРАДИ ТОА ШТО ОДРЕДЕНИ ЗЕМЈИ ИЛИ ЈУРИСДИКЦИИ НЕ ДОЗВОЛУВААТ ИСКЛУЧУВАЊЕ ИЛИ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА ЗА ПОСЛЕДИЧНИ ИЛИ ИНЦИДЕНТНИ ШТЕТИ, ОДГОВОРНОСТА НА iTUNES ВО ТАКВИТЕ ЗЕМЈИ ИЛИ ЈУРИСДИКЦИИ Е ОГРАНИЧЕНА ДО МЕРАТА ДО КОЈА ТОА Е ДОЗВОЛЕНО СО ЗАКОН.

iTUNES ЌЕ ВЛОЖИ РАЗУМНИ НАПОРИ ЗА ДА ГИ ЗАШТИТИ ПОДАТОЦИТЕ ДОСТАВЕНИ ОД ВАША СТРАНА ВО ВРСКА СО ПРОДАВНИЦИТЕ, НО ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО ТОА ДЕКА ГИ ПОДНЕСУВАТЕ ТАКВИТЕ ПОДАТОЦИ НА ВАШ СОПСТВЕН РИЗИК, А iTUNES СО ОВА ОДРЕКУВА СЕКАКВА ОДГОВОРНОСТ СПРЕМА ВАС ЗА КАКВА БИЛО ЗАГУБА ИЛИ ОДГОВОРНОСТ ПОВРЗАНА СО ТАКВИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОЈ И ДА Е НАЧИН.

ITUNES НЕ ПОТВРДУВА НИТУ ГАРАНТИРА ДЕКА ПРОДАВНИЦИТЕ ЌЕ БИДАТ БЕЗ ЗАГУБИ, КОРУПЦИЈА, НАПАДИ, ВИРУСИ, ПРЕЧКИ, ХАКИРАЊЕ ИЛИ ДРУГИ НАРУШУВАЊА НА СИГУРНОСТА, И ITUNES ОДРЕКУВА СЕКАКВА ОДГОВОРНОСТ ПОВРЗАНА СО ТОА. НЕКОИ ПРОИЗВОДИ МОЖАТ ДА СЕ ПРЕЗЕМАТ САМО ЕДНАШ; ОТКАКО ЌЕ БИДАТ ПРЕЗЕМЕНИ, НЕ МОЖАТ ДА СЕ ЗАМЕНАТ ДОКОЛКУ СЕ ИЗГУБАТ ОД КОЈА БИЛО ПРИЧИНА. ВИЕ СТЕ ОДГОВОРНИ ЗА РЕЗЕРВНИТЕ КОПИИ ОД СВОЈОТ СИСТЕМ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ СИТЕ КУПУВАЊА ИЛИ ДОБИВАЊА НА ПРОИЗВОДИ ОД ПРОДАВНИЦИТЕ.

ОДРЕКУВАЊЕ И ОБЕШТЕТУВАЊЕ

СО КОРИСТЕЊЕ НА ПРОДАВНИЦИТЕ, СЕ СОГЛАСУВАТЕ , ВО МЕРАТА ДОЗВОЛЕНА СО ЗАКОН, ДА ПРЕЗЕМЕТЕ ОДГОВОРНОСТ И ДА ГИ ЧУВАТЕ ОД ШТЕТА iTUNES, НЕГОВИТЕ ДИРЕКТОРИ, ФУНКЦИОНЕРИ, ВРАБОТЕНИ, ПОВРЗАНИ ЛИЦА, АГЕНТИ, ИЗВЕДУВАЧИ, РАБОТОДАВЦИ И ДАВАЧИ НА ЛИЦЕНЦИ ВО ОДНОС НА КАКВИ БИЛО ОТШТЕТНИ БАРАЊА КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ВАШАТА ПОВРЕДА НА ОВОЈ ДОГОВОР, ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА ПРОДАВНИЦИТЕ ИЛИ КАКВО И ДА Е ДЕЈСТВИЕ ПРЕЗЕМЕНО ОД СТРАНА НА iTUNES КАКО ДЕЛ ОД НЕГОВА ИСТРАГА ВО ВРСКА СО СОМНЕВАЊЕТО ЗА ПОВРЕДА НА ОВОЈ ДОГОВОР ИЛИ КАКО РЕЗУЛТАТ НА НЕГОВИТЕ НАОДИ ИЛИ ЗАКЛУЧОК ДЕКА Е СТОРЕНА ПОВРЕДА НА ОВОЈ ДОГОВОР. ОВА ЗНАЧИ ДЕКА НЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ ТУЖИТЕ ИЛИ ДА ДОБИЕТЕ ОБЕШТЕТУВАЊЕ ОД iTUNES, НЕГОВИТЕ ДИРЕКТОРИ, ФУНКЦИОНЕРИ, ВРАБОТЕНИ, ПОВРЗАНИ ЛИЦА, АГЕНТИ, ИЗВЕДУВАЧИ, РАБОТОДАВЦИ И ДАВАЧИ НА ЛИЦЕНЦИ КАКО РЕЗУЛТАТ НА НЕГОВАТА ОДЛУКА ДА СЕ ОТСТРАНАТ ИЛИ ДА ОДБИЕ ДА СЕ ОБРАБОТАТ КАКВИ И ДА Е ПОДАТОЦИ ИЛИ СОДРЖИНА, ДА ВЕ ПРЕДУПРЕДАТ, ДА ГО СУСПЕНДИРААТ ИЛИ УКИНАТ ВАШИОТ ПРИСТАП ДО ПРОДАВНИЦИТЕ, ИЛИ ДА ПРЕЗЕМЕ ДРУГО ДЕЈСТВО ВО ТЕКОТ НА ИСТРАГАТА ВРЗ ОСНОВА НА СОМНЕВАЊЕ ЗА ПОВРЕДА ИЛИ КАКО РЕЗУЛТАТ НА ЗАКЛУЧОКОТ НА iTUNES ДЕКА Е СТОРЕНА ПОВРЕДА НА ОВОЈ ДОГОВОР. ОВАА ОДРЕДБА ЗА ОДРЕКУВАЊЕ И ОБЕШТЕТУВАЊЕ СЕ ОДНЕСУВА НА СИТЕ ПОВРЕДИ ОПИШАНИ ИЛИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ОВОЈ ДОГОВОР.

ИЗМЕНИ

iTunes го задржува правото во секое време да го измени овој Договор и да наметне нови или дополнителни одредби и услови во врска со Вашето користење на Продавниците. Таквите измени и дополнителни одредби и услови стапуваат на сила веднаш и се инкорпорираат во овој Договор. Вашето натамошно континуирано користење на Продавниците ќе се смета за прифаќање на истите.

РАЗНО

Овој Договор го сочинува целосниот договор меѓу Вас и iTunes и го уредува Вашето користење на Продавниците, заменувајќи какви било претходни договори меѓу Вас и iTunes. Исто така, Вие може да сте обврзани и со дополнителни одредби и услови кои може да важат во моментот кога ги користите услугите на поврзаните лица, содржините на трети страни или софтверот на трети страни. Доколку кој и да е дел од овој Договор се смета за неважечки или неизвршливи, тој дел ќе се толкува на начин кој е во согласност со важечкиот закон, со цел колку што е можно поблиску да се одразат првичните намери на страните, а преостанатите делови остануваат во полна сила и дејство. Неприменувањето на кое било право или одредби од овој Договор од страна на iTunes не претставува и откажување од таквите одредби, или од кои било други одредби. iTunes нема да одговара за неисполнување на какви и да е обврски од причини кои се надвор од негова контрола.

iTunes раководи со Продавниците од неговите канцеларии во Луксембург. Вие се согласувате да ги почитувате сите локални, државни, федерални и национални закони, акти, уредби и регулативи кои се однесуваат на Вашето користење на Продавниците. На сите трансакции на Продавниците се применуваат законите на Република Македонија, без влијание на неговите прописи за судир на закони. Вашето користење на Продавниците може исто така да подлежи и на други закони. Исклучива надлежност за секое барање или спор со iTunes или во врска со Вашето користење на Продавниците имаат судовите на Република Македонија. Ризикот од загуба и сопственоста врз сите трансакции испорачани по електронски пат преминуваат на купувачот во Луксембург по електронското пренесување до примачот. Вработените или агентите на iTunes немаат овластување да го изменат овој Договор.

iTunes може да Ви доставува известувања во врска со Продавниците испраќајќи Ви електронски пораки на електронската адреса на Вашата Сметка или писмо по пошта на контакт адресата на Вашата Сметка, или истакнувајќи ги истите на Продавниците. Известувањата стапуваат во сила веднаш.

iTunes го задржува правото да презема чекори за кои iTunes верува дека се разумно потребни или соодветни за спроведување и/или да се провери придржувањето до кој било дел од овој Договор. Се согласувате и потврдувате дека iTunes има право, без каква и да е одговорност спрема Вас, да открива какви и да е Регистрациони Податоци и/или податоци од Сметката на извршните власти, владини службеници и/или трети страни, кога iTunes верува дека е тоа разумно потребно или соодветно заради спроведување и/или потврда на придржувањето до кој и да е дел од овој Договор (вклучително, но не ограничено на правата на iTunes да соработува во која и да е судска постапка поврзана со Вашето користење на Продавниците и/или Производите, и/или во постапка по отштетно барање на трета страна дека Вашето користење на Продавниците и/или Производите е незаконско и/или претставува повреда на правата на тие трети страни).

ДОПОЛНИТЕЛНИ ОДРЕДБИ И УСЛОВИ ЗА MAC APP STORE И APP STORE

ЛИЦЕНЦА ЗА ПРОИЗВОДИ ОД MAC APP STORE И APP STORE

iTunes ви продава лиценца за употреба на софтверските производи коишто се достапни преку Mac App Store и App Store (заедно наречени „Производи од App Store”). Има две (2) категории на производи во App Store, тие се следните: (i) производите во App Store што се развиени од Apple, а чијашто лиценца ја добивате од iTunes („Производи на Apple”); и (ii) оние производи во App Store што се развиени и чијашто лиценца ја добивате од трета страна („Производи од трети страни”). Категоријата на одреден производ во App Store (производ на Apple или производ на трета страна) се идентификува на апликацијата од Mac App Store или на апликацијата од App Store.

За лиценцата за секој ваш производ од App Store важи Договорот за лиценца на краен корисник на лиценцирана апликација што е наведен подолу, а вие се согласувате со важноста на тие услови освен ако за производот од App Store важи Договор за лиценца на краен корисник меѓу вас и издавачот на производот од App Store („Издавачот”), во тој случај договорот за лиценца на краен корисник на издавачот важи за производот од App Store. Издавачот ги задржува сите права поврзани со производот од App Store што не ви се јасно дадени.

Прифаќате дека лиценцата за секој Производ на Apple што ја добивате преку Продавниците е обврзувачки договор меѓу вас и iTunes. Прифаќате дека со добивањето на производ од трета страна од iTunes, стапувате во обврзувачки договор директно со издавачот на производот на третата страна што важи за употребата на тој производ на трета страна и iTunes не е страна во лиценцата меѓу вас и издавачот поврзан со производот на третата страна. Издавачот на секој производ на трета страна сам одговара за производот на третата страна, неговата содржина, гаранциите до онаа мера до која што важат и сите други побарувања што вие или некоја трета страна може да ги имате, во врска со производот на третата страна.

Прифаќате и се согласувате дека iTunes и неговите соработници се корисници на Договорот за лиценца на краен корисник на лиценцирана апликација или на договорот за лиценцирана апликација на краен корисник на издавачот, во зависност од ситуацијата, за секој производ на трета страна. Исто така се согласувате дека, со прифаќањето на одредбите и условите на лиценцата на секој производ на трета страна, iTunes ќе има право (и ќе се смета дека го прифаќа правото) да применува лиценца во однос на вас како корисник на третата страна.

IN-APP КУПУВАЊА

Одредени Производи од App Store може да вклучуваат функција која Ви овозможува да купите дополнителни услуги или лиценци за дополнителни функции или содржини кои може да се користат во рамките на Производот од App Store („In App Купувања“). In App Купувањата кои се прават при користењето на Производот од App Store (на пр.виртуелна муниција) не може да се пренесуваат од еден уред на друг; можат да се преземат само еднаш и, откако ќе се преземат, не можат да се заменат. Откако ќе купите и добиете такво потрошно In App Купувањe, iTunes ќе нема никаква одговорност спрема Вас во случај на загуба, уништување или оштетување. Сите In App Купувања се сметаат за Производи од App Store, а In App Купувања остварени во рамките на Производи на Трети Страни се сметаат за Производи на Трети Страни и се третираат како такви, за целите на овие услови.

Вие мора да ги потврдите за да можете да ги стекнете In-App Купувањата во постапка одвоена од постапката за автентификација за да се прибават Производи, со внесување на Вашата лозинка кога тоа ќе се побара од Вас, но откако ќе ги потврдите за да ги стекнете In-App Купувањата, ќе можете да прибавувате дополнителни In-App Купувања за наредните петнаесет минути без да морате повторно да ја внесувате Вашата лозинка. Можете да ја исклучите функцијата за правење на In-App Купувања на Вашиот iOS Уред следејќи ги упатствата дадени на http://support.apple.com/kb/HT4213.

IN-APP ПРЕТПЛАТИ

Одредени производи од App Store може да вклучуваат функции што ви овозможуваат добивање на содржини со претплата („IN-APP претплата”). Претплатата кај апликациите автоматски се обновува на избраниот период и во одредени случаи од вашата сметка ќе се наплати за помалку од 24 часа пред истекот на тековниот период на IN-APP претплата. Може да го откажете автоматското обновување на претплата кај IN-APP апликации што се плаќаат со избирање на Управување со претплати кај апликациите во својата Сметка и избирање на претплатата што сакате да ја измените. Карактеристиката за автоматско обновување на претплатата ќе се исклучи доколку издавачот ја зголеми цената на претплатата. Може да ја откажете бесплатната претплата кај апликациите со бришење производот од App Store од својот уред. Одредени апликации со претплата што се плаќа може да нудат бесплатен пробен период пред да почнат да наплаќаат од вашата сметка. Доколку одлучите дека не сакате да ја купувате претплатата кај апликациите, исклучете го автоматското обновување од поставките на сметката во текот на бесплатниот пробен период. Одредени претплати за апликации може да се назначени како производи „Newsstand“, во тој случај тие ќе се појавуваат само во апликацијата Newsstand во уредот после преземањето. Треба да ги прегледате дополнителните информации за понудите за претплатите што се плаќаат кај апликациите при продажбата на производот од App Store. Може да побараме дозвола за давање на вашите име, адреса на е-пошта и поштенски број, коишто се наведени во вашата сметка на издавачот, за тој да може да ви испраќа маркетиншки пораки за неговите производи според неговата политика за приватност. Штом издавачот ќе ги добие тие информации, со нив ќе постапува според неговата јавно објавена политика за приватност. Ве советуваме да се информирате за тоа како издавачот постапува со приватноста пред да се согласите да ги дадете личните информации. За повеќе информации, прегледувајте ги политиките за приватност на издавачот или контактирајте директно со него.

ПОПУЛАРНО ВО БЛИЗИНА

Доколку изберете Популарно во близина со овозможување на услугите за локација, iTunes повремено, автоматски ќе собира информации поврзани со одредени производи од App Store, како што е времето што го поминувате со секој производ од App Store и бројот на активирања на секој производ од App Store. Тие информации се чуваат анонимно и нема да се поврзат со вашето име и сметка. Apple ќе ги користи тие информации, како и други информации, како што е вашата историја на преземања на производи од App Store за да ви дава персонализирани препораки.

Apple може да ги користи тие информации и да ги комбинира со обработени податоци од други корисници што ја избрале истата карактеристика, податоците од историјата на купувања од iTunes Store, податоците од преземањата од App Store, комбинираните податоци од преземањата на производи од App Store на други корисници и други информации како што е рејтингот од клиентите на производите од App Store, за да:

• Ви понуди препораки поврзани со производите од App Store, медиуми и други производи и услуги што можеби сакате да ги купувате, преземате или користите.

• Понуди препораки на други корисници.

Во секое време со информациите ќе се постапува според правилата за приватност на Apple Inc.

Доколку претпочитате да не собираме и користиме информации од вашиот уред или систем на овој начин, не треба да ги активирате услугите за локација и не треба да користите Популарно во близина. Може да ги исклучите тие опции во секое време со исклучување на Популарно во близина во менито Услуги на системот на поставките за Локациски услуги на уредот.

ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПРОИЗВОДИ ОД MAC APP STORE

Освен ако поинаку не е предвидено овде,

(i) Ако сте поединец кој настапува во сопствено приватно својство, можете да преземете и да користите апликација од Mac App Store („Производ од Mac App Store“) за лично, некомерцијално користење на кој било производ од брендот на Apple со оперативен систем Mac OS X („Mac Компјутер“) што го поседувате или контролирате.

(ii) Доколку сте трговско претпријатие или образовна институција, можете да преземете Производ од Mac App Store за користење или (а) за еден поединец, на секој Mac Компјутер(и) што го користи тој поединец, а што го поседувате или контролирате Вие или (б) за повеќе поединци, на еден заеднички споделуван Mac Компјутер што го поседувате или контролирате Вие. На пример, еден вработен може да користи Производ од Mac App Store како на својот десктоп Mac Компјутер, така и на својот лаптоп Mac Компјутер, или повеќе студенти можат во серија да користат Производ од Mac App Store на еден Mac Компјутер кој се наоѓа во ресурсен центар или библиотека. За да нема забуна, потребна е посебна лиценца за секој Mac Комјутер што се користи во серија од страна на повеќе корисници.

(iii) Користењето може да биде условено со претходно најавување со Apple ID што билo искористенo за преземање на Производот од Mac App Store. Производите од Mac App Store може да се ажурираат само преку Mac App Store.

ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПРОИЗВОДИ ОД APP STORE

(i) Ако сте поединец кој настапува во сопствено приватно својство, можете да преземете и да синхронизирате Производ од App Store за лично, некомерцијално користење на кој било iOS Уред што го поседувате или контролирате.

(ii) Доколку сте трговско претпријатие или образовна институција, можете да преземете и синхронизирате Производ од App Store за користење или (а) за еден поединец, на еден или повеќе iOS Уреди што ги користи тој поединец, а што ги поседувате или контролирате Вие или (б) за повеќе поединци, на еден заеднички споделуван iOS Уред што го поседувате или контролирате Вие. На пример, еден вработен може да користи Производ од App Store како на iPhone-от, така и на iPad-от на вработениот, или повеќе студенти можат во серија да користат Производ од App Store на еден iPad кој се наоѓа во ресурсен центар или библиотека. За да нема забуна, потребна е посебна лиценца за секој iOS Уред што се користи во серија од страна на повеќе корисници.

(iii) Ќе можете да зачувувате Производи од App Store од не повеќе од пет различни Сметки едновремено на компатибилен iOS Уред.

(iv) Ќе можете рачно да синхронизирате Производи од App Store од најмалку еден уред авторизиран од iTunes на iOS Уреди кои имаат режим на рачно синхронизирање, под услов Производот од App Store да е поврзан со Сметка на примарниот уред авторизиран од iTunes, каде што примарниот уред авторизиран од iTunes е оној што бил прв синхронизиран со iOS Уредот или оној што подоцна ќе го назначите како примарен преку iTunes апликацијата.

ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ

За да одбегнете замор на мускулите, зглобовите или очите во текот на играње видео игри, секогаш треба да правите чести паузи од играњето и да се одморите подолго почувствувате болка, умор или непријатност. Многу мал процент луѓе може да доживеат напади или несвестица при изложеност на трепкачки светла или шеми, вклучително и додека играат видео игри или додека гледаат видеа. Симптомите може да вклучат вртоглавица, мачнина, неволни движења, губење на свеста, изменет вид, трнење, отрпнатост или други непријатности. Консултирајте лекар пред да играте видео игри доколку некогаш сте ги имале овие или други симптоми, и престанете да играте веднаш и отидете на лекар доколку тие се јават додека играте видео игра. Родителите треба да го надгледуваат играњето видео игри на нивните деца, за да внимаваат на знаци на симптоми.

ОДРЖУВАЊЕ И ПОДДРШКА НА ПРОИЗВОДИ ОД MAC APP STORE И ОД APP STORE

iTunes ќе биде одговорен да Ви обезбеди какви било услуги на одржување или поддршка само за Производи на Apple, како што е предвидено во Договорот за Лиценца на Краен Корисник за Лиценирана Апликација или во посебен договор за лиценца на краен корисник, зависно од случајот, или како што налага применливиот закон. Издавачот на кој било Производ на Трета Страна ќе биде исклучиво одговорен за обезбедување какви и да е услуги на одржување и поддршка за тој Производ, како што е наведено во Договорот за Лиценца на Краен Корисник за Лиценирана Апликација или во Договорот за лиценца на краен корисник на Издавачот, зависно од случајот, или како што налага применливиот закон.

ДОГОВОР ЗА ЛИЦЕНЦА НА КРАЕН КОРИСНИК НА ЛИЦЕНЦИРАНА АПЛИКАЦИЈА

Производите од Mac App Store и App Store (заедно, „Производ(и) од App Store“) што се достапни преку Mac App Store и App Store (заедно „App Stores“) ви се дадени со лиценца, не ви се продадени. Лиценцата за секој производ од App Store што ја добивате преку App Stores или ја поврзувате со својата сметка важи само доколку го прифатите Договорот за лиценца на краен корисник на лиценцирана апликација („Стандарден договор за лиценца на краен корисник“ ) и се согласите дека условите на овој Стандарден договор за лиценца на краен корисник ќе важат за секој производ од App Store за којшто добивате лиценца преку App Stores, освен ако за тој производ од App Store важи договор за лиценца на краен корисник меѓу вас и Издавачот на тој производ од App Store, во тој случај важат условите од тој одделен договор за лиценца на краен корисник. Лиценцата за секој производ на Apple според стандардниот договор за лиценца на краен корисник или одделниот договор за лиценца на краен корисник ви ја дава iTunes и вашата лиценца за секој производ на трета страна според овој Стандарден договор за лиценца на краен корисник или одделен договор за лиценца на краен корисник ви ја дава Издавачот на тој производ на трета страна. Секој производ од App Store за којшто важи лиценцата дадена со овој Стандарден договор за лиценца на краен корисник ќе се нарекува „Лиценцирана апликација”. Издавачот или iTunes, соодветно („Давателот на лиценцата”) ги задржува сите права поврзани со лиценцираната апликација што не ви се јасно дадени со овој Стандарден договор за лиценца на краен корисник.

а. Обем на лиценцата: Оваа лиценца која Ви е дадена за Лиценцираната Апликација од страна на Давателот на лиценцата е ограничена на непренослива лиценца за користење на Лиценцираната Апликација на кој било производ од брендот на Apple со оперативен систем iOS (вклучително, но не ограничено на iPad, iPhone или iPod touch) („iOS Уреди“) или Mac OS X („Mac Компјутери“), зависно од случајот (заедно нарекувани „Apple Уред(и)“), што го поседувате или го контролирате, како што е дозволено со правилата за користење предвидени во Условите за користење на Mac App Store, App Store и iBooks Store („Правила за Користење“). Оваа лиценца не Ви дозволува да ја користите Лиценцираната Апликација на ниту еден Apple Уред што не го поседувате или што не го контролирате и, освен како што е предвидено во Правилата за Користење, не смеете да ја дистрибуирате или на поинаков начин да ја правите достапна Лиценцираната Апликација преку мрежа на која би била користена од повеќе уреди истовремено. Не смеете да ја давате под закуп, давате на лизинг, позајмувате, продавате, пренесувате, редистрибуирате или да ја подлиценцирате на други Лиценцираната Апликација, а доколку го продадете вашиот Mac Компјутер или iOS Уред на трета страна, должни сте да ја отстраните Лиценцираната Апликација од Mac Компјутерот или iOS Уредот пред да го сторите тоа. Не смеете да ја копирате (освен како што е изречно дозволено со оваа лиценца и со Правилата за Користење), да ја декомпилирате, да ја подложите на обратен инженеринг, да ја расчленувате, да се обидувате да го изведете изворниот код, да ја модифицирате, или да создавате изведени дела од Лиценцираната Апликација, нејзините надоградби или кои било делови од истата (освен доколку и само до степен до кој горенаведеното ограничување е забрането со важечки закон или до оној степен до кој може да биде дозволено со условите на лиценцата кои се однесуваат на користењето на кои било компоненти со отворен извор, вклучени во Лиценцираната Апликација). Секој обид да се стори нешто од горенаведеното претставува повреда на правата на Давателот на лиценцата и на неговите даватели на лиценци. Доколку го прекршите ова ограничување, може да подлежите на обвинение и одговорност за надомест на штета.

Условите од оваа лиценца се однесуваат и на сите надоградби доставени од Давателот на лиценцата, со кои се заменува и/или дополнува оригиналната Лиценцирана Апликација, освен доколку таквата надоградба не е придружена со посебна лиценца, во кој случај важат условите од таа лиценца.

б. Согласност за Користењето на податоците: Се согласувате Давателот на лиценцата да може да ги собира и користи техничките податоци и поврзаните податоци, вклучително, но не ограничено на техничките податоци во врска со Вашиот уред, систем и софтвер на апликацијата, како и периферните компоненти, кои се прибираат периодично, со цел да се олесни обезбедувањето на надоградби на софтверот, поддршка на производот и други услуги за Вас (доколку има такви), поврзани со Лиценцираната Апликација. Давателот на лиценцата може да ги користи тие информации, се додека се во форма која не Ве идентификува Вас лично, со цел да ги подобри своите производи или да Ви обезбеди услуги или технологии.

в. Престанување. Лиценцата ќе важи се додека не биде раскината од Ваша страна или од страна на Давателот на лиценцата. Вашите права согласно оваа лиценца престануваат автоматски и без известување од страна на Давателот на лиценцата, доколку не почитувате кој и да е услов или услови од оваа лиценца. По престанувањето на лиценцата, должни сте да престанете со секакво користење на Лиценцираната Апликација, како и да ги уништите сите делумни или целосни копии на Лиценцираната Апликација.

г. Услуги; Материјали на Трети Страни. Лиценцираната Апликација може да овозможува пристап до услугите и интернет страниците на iTunes, Давателот на лиценцата и/или на трети страни (заедно и поединечно, „Екстерни Услуги“). Користењето на Екстерните Услуги бара пристап до интернет, а користењето на одредени Екстерни Услуги бара да прифатите дополнителни услови. Со користењето на овој софтвер во врска со сметка на iTunes Store, се согласувате со најновите Одредби и Услови за користење на iTunes Store и Правила за користење, до кои може да дојдете и да ги разгледате на https://www.apple.com/legal/internet-services/itunes/ww/.

Разбирате дека, при користењето на која и да е од Екстерните Услуги, може да наидете на содржини кои може да се сметаат за навредливи, непристојни или непожелни, а кои можат но не мораат да бидат означени како содржини кои вклучуваат непристоен јазик, и дека резултатите од какво било пребарување или на внесување на конкретна URL адреса може автоматски и ненамерно да генерираат линкови или упатувања кон навредливи материјали. Сепак, се согласувате да ги користите Екстерните Услуги на сопствен ризик и дека ниту Давачот на лиценцата, ниту неговите агенти ќе немаат никаква одговорност спрема Вас за содржини кои може да се сфатат како навредливи, непристојни или непожелни.

Одредени Екстерни Услуги може да истакнуваат, вклучуваат или прават достапни содржини, податоци, информации, апликации или материјали на трети страни („Материјали на Трети Страни“) или да обезбедуваат линкови до одредени веб-страници на трети страни. Со користењето на овие Екстерни Услуги, Вие прифаќате и се согласувате дека ниту Давачот на лиценцата, ниту неговите агенти не се одговорни да ја испитуваат или оценуваат содржината, точноста, целосноста, навременоста, валидноста, почитувањето на авторски права, легалноста, пристојноста, квалитетот или кој и да е друг аспект на таквите Материјали или веб-страници на Трети Страни. Давателот на лиценцата, неговите агенти, претставници, поврзани лица и зависни друштва не гарантираат за или поддржуваат, ниту преземаат и ќе немаат каква било одговорност или обврска кон Вас или кое било друго лице за какви било Екстерни Услуги на трети страни, Материјали на Трети Страни или веб-страници на трети страни, како ниту за други материјали, производи или услуги на трети страни. Материјалите на Трети Страни и линковите до други веб-страници се дадени само заради Ваша погодност.

Финансиските информации што ги прикажува секоја Екстерна Услуга се само за општи информативни цели и на нив не треба да се потпирате како на совети за инвестирање. Пред да извршите безбедносни трансакции врз основа на информациите добиени преку Екстерни Услуги, треба да се консултирате со професионалец од областа на финансиите којшто е законски квалификуван да дава финансиски совети во вашата земја или регион. Медицинските информации што ги прикажуваат производите на App Store или на надворешните услуги се само за општи информативни цели и на нив не треба да се потпирате при медицинска дијагностика или совет за третман освен ако не ви посочи доктор. Треба да се консултирате со медицински професионалец пред да се потпрете на медицински информации достапни преку производ од App Store. Информациите за локации што ги даваат Екстерни Услуги се само за основни навигациски цели и на нив не треба да се потпирате во ситуации во коишто се потребни прецизни информации за локации или кога грешните, задоцнети или некомплетни податоци за локации може да предизвикаат смрт, лични повреди или оштетување на сопственост или околината. Ниту давателот на лиценцата, неговите агенти, ниту пак снабдувачите со содржини не ја гарантираат достапноста, прецизноста, целосноста, сигурноста или навременоста на информациите, податоците за локации и сите други податоци прикажани од Екстерни Услуги.

Се согласувате дека Екстерните Услуги содржат правно заштитени содржини, информации и материјали кои се сопственост на Давателот на лиценцата, и/или на неговите агенти или даватели на лиценци и дека истите се заштитени со важечките закони за интелектуална сопственост и други закони, вклучително, но не ограничено на закони за авторски права, како и дека нема да ги користите тие правно заштитени содржини, информации или материјали на ниту еден начин освен на начинот кој претставува дозволено користење на Екстерните Услуги или на каков било начин што се коси со условите од овој Стандарден ДЛКК или со кој се повредуваат права на интелектуална сопственост на трета страна или на iTunes. Ниту еден дел од Екстерните Услуги не смее да се репродуцира во ниту една форма и на ниту еден начин. Се согласувате на ниту еден начин да не ги модификувате, давате под закуп, давате на лизинг, изнајмувате, продавате, дистрибуирате или да создавате изведени дела од Екстерните Услуги, како и да не ги искористувате Екстерните Услуги на ниту еден неовластен начин, вклучително, но без ограничување, да ги користите на Екстерните Услуги за да пренесувате какви било компјутерски вируси, црви, тројански коњи или друг злонамерен софтвер, или неовластено да ги користите или да ги користите за оптоварување на капацитетот на мрежата. Понатаму, се согласувате дека нема да ги користите Екстерните Услуги на кој било начин за да вознемирувате, злоупотребувате, демнете, се заканувате, омаловажувате или на друг начин да ги повредувате правата на која било друга страна, и дека ниту Давателот на лиценца, ниту неговите агенти не се воопшто одговорни за таквото користење од Ваша страна, ниту за какви било вознемирувачки, заканувачки, клеветнички, навредливи, штетни или незаконски пораки или преноси што може да ги примите како резултат на користењето на која и да е од Екстерните Услуги.

Освен тоа, Екстерните Услуги и Материјалите на Трети Страни до кои може да се пристапи од Apple Уреди не се достапни на сите јазици или во сите земји или региони. Давателот на лиценцата не потврдува дека таквите Екстерни Услуги и Материјали се соодветни или достапни за користење на некоја конкретна локација. Доколку одберете да користите или да пристапите до таквите Екстерни Услуги и Материјали, тоа го правите по сопствена иницијатива и Вие сте одговорни за придржувањето до кој и да е закон, вклучително, но не ограничувајќи се на важечките локални закони. Давателот на лиценцата го задржува правото да го измени, суспендира, отстрани или оневозможи пристапот до која било од Екстерните Услуги во секое време и без претходна најава. Давателот на лиценцата во ниту еден случај нема да биде одговорен за отстранувањето или оневозможување на пристапот до која било од таквите Екстерни Услуги. Исто така, Давателот на лиценцата може да наметне ограничувања во поглед на користењето или пристапот до одредени Екстерни Услуги, во секој случај и без претходна најава или одговорност.

д. НЕПОСТОЕЊЕ ГАРАНЦИИ: ИЗРЕЧНО ПРИФАЌАТЕ И СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА ЛИЦЕНЦИРАНАТА АПЛИКАЦИЈА Е НА ВАШ СОПСТВЕН РИЗИК И ДЕКА ЦЕЛИОТ РИЗИК ВО ПОГЛЕД НА ЗАДОВОЛИТЕЛЕН КВАЛИТЕТ, ПЕРФОРМАНСИ, ТОЧНОСТ И ПОТРЕБНИ НАПОРИ Е ВАШ. ДО НАЈВИСОК СТЕПЕН ДО КОЈ ТОА Е ДОЗВОЛЕНО СО ВАЖЕЧКИОТ ЗАКОН, ЛИЦЕНЦИРАНАТА АПЛИКАЦИЈА И КОИ БИЛО УСЛУГИ КОИШТО СЕ ИЗВРШЕНИ ИЛИ ОБЕЗБЕДЕНИ ОД ЛИЦЕНЦИРАНАТА АПЛИКАЦИЈА СЕ ОБЕЗБЕДЕНИ „КАКВИ ШТО СЕ“ И „КАКО ШТО СЕ ДОСТАПНИ“, СО СИТЕ НЕДОСТАТОЦИ И БЕЗ ГАРАНЦИЈА ОД КАКОВ И ДА Е ВИД, А ДАВАТЕЛОТ НА ЛИЦЕНЦАТА СО ОВА ОДРЕКУВА СЕКАКВИ ГАРАНЦИИ И УСЛОВИ ВО ПОГЛЕД НА ЛИЦЕНЦИРАНАТА АПЛИКАЦИЈА И БИЛО КАКВИ УСЛУГИ, БЕЗ ОГЛЕД ДАЛИ СЕ ИЗРЕЧНИ, ПРЕМОЛЧЕНИ ИЛИ ЗАКОНСКИ, ВКЛУЧИТЕЛНО, НО НЕ ОГРАНИЧЕНО НА ПРЕМОЛЧЕНИ ГАРАНЦИИ И/ИЛИ УСЛОВИ ЗА ПАЗАРНА ПОДОБНОСТ, ЗА ЗАДОВОЛИТЕЛЕН КВАЛИТЕТ, ЗА ПОГОДНОСТ ЗА ПОСЕБНА НАМЕНА, ЗА ТОЧНОСТ, ЗА МИРНО УЖИВАЊЕ И ЗА НЕПОВРЕДУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА ТРЕТИ СТРАНИ. ДАВАТЕЛОТ НА ЛИЦЕНЦАТА НЕ ГАРАНТИРА НЕПОСТОЕЊЕ НА ПРЕЧКИ ВО ВАШЕТО МИРНО УЖИВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦИРАНАТА АПЛИКАЦИЈА, КАКО НИТУ ДЕКА ФУНКЦИИТЕ СОДРЖАНИ ВО ИСТАТА ИЛИ УСЛУГИТЕ ИЗВРШЕНИ ИЛИ ОБЕЗБЕДЕНИ ОД СТРАНА НА ЛИЦЕНЦИРАНАТА АПЛИКАЦИЈА ЌЕ ГИ ИСПОЛНАТ ВАШИТЕ БАРАЊА, ДЕКА РАБОТЕЊЕТО НА ЛИЦЕНЦИРАНАТА АПЛИКАЦИЈА ИЛИ УСЛУГИ ЌЕ БИДЕ НЕПРЕКИНАТО ИЛИ БЕЗ ГРЕШКИ, ИЛИ ДЕКА НЕДОСТАТОЦИТЕ НА ЛИЦЕНЦИРАНАТА АПЛИКАЦИЈА ИЛИ УСЛУГИ ЌЕ БИДАТ ИСПРАВЕНИ. НИКАКВА УСНА ИЛИ ПИСМЕНА ИНФОРМАЦИЈА ИЛИ СОВЕТ ДАДЕНИ ОД ДАВАТЕЛОТ НА ЛИЦЕНЦАТА ИЛИ НЕГОВИОТ ОВЛАСТЕН ПРЕТСТАВНИК НЕ ПРЕТСТАВУВА ГАРАНЦИЈА. ДОКОЛКУ СЕ ПОКАЖЕ ДЕКА ЛИЦЕНЦИРАНАТА АПЛИКАЦИЈА ИМА НЕДОСТАТОЦИ, ВИЕ ГИ ПРЕЗЕМАТЕ СИТЕ ТРОШОЦИ ЗА СИТЕ ПОТРЕБНИ СЕРВИСИРАЊА, ПОПРАВКИ ИЛИ ИСПРАВКИ. НЕКОИ ЗЕМЈИ НЕ ДОЗВОЛУВААТ ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ПРЕМОЛЧЕНИТЕ ГАРАНЦИИ ИЛИ ОГРАНИЧУВАЊА НА ВАЖЕЧКИТЕ ЗАКОНСКИ ПРАВА НА ПОТРОШУВАЧОТ, ТАКА ШТО ГОРНОТО ИСКЛУЧУВАЊЕ И ОГРАНИЧУВАЊА МОЖЕ ДА НЕ ВАЖАТ ЗА ВАС.

ѓ. Ограничување на одговорноста. ДО МЕРАТА ДО КОЈА ТОА НЕ Е ЗАБРАНЕТО СО ЗАКОН, ДАВАТЕЛОТ НА ЛИЦЕНЦАТА ВО НИТУ ЕДЕН СЛУЧАЈ НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРЕН ЗА ТЕЛЕСНА ПОВРЕДА, КАКО НИТУ ЗА КАКВИ БИЛО ИНЦИДЕНТНИ, ПОСЕБНИ, ИНДИРЕКТНИ ИЛИ ПОСЛЕДИЧНИ ОТШТЕТИ ОД КАКОВ И ДА Е ВИД, ВКЛУЧИТЕЛНО, БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ШТЕТИ ПОРАДИ ИЗГУБЕНА ДОБИВКА, ЗАГУБА НА ПОДАТОЦИ, ПРЕКИНУВАЊЕ НА ДЕЈНОСТА ИЛИ КАКВИ И ДА Е ДРУГИ КОМЕРЦИЈАЛНИ ШТЕТИ ИЛИ ЗАГУБИ, КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ИЛИ СЕ ПОВРЗАНИ СО ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ ИЛИ НЕМОЖНОСТ ДА ЈА КОРИСТИТЕ ЛИЦЕНЦИРАНАТА АПЛИКАЦИЈА ОД КОЈА И ДА Е ПРИЧИНА, БЕЗ ОГЛЕД НА ТЕОРИЈАТА НА ОДГОВОРНОСТ (ДОГОВОР, ДЕЛИКТ ИЛИ ПОИНАКУ), ПА ДУРИ И ДАВАЧОТ НА ЛИЦЕНЦАТА ДА БИЛ ПОСОВЕТУВАН ЗА МОЖНОСТА ОД ТАКВИТЕ ШТЕТИ. ВО НЕКОИ ЗЕМЈИ НЕ Е ДОЗВОЛЕНО ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА ЗА ТЕЛЕСНА ПОВРЕДА ИЛИ СЛУЧАЈНИ ИЛИ ПОСЛЕДИЧНИ ШТЕТИ, ТАКА ШТО ОВА ОГРАНИЧУВАЊЕ МОЖЕ ДА НЕ ВАЖИ ЗА ВАС. Вкупните обврски на Давателот на лиценцата кон Вас за сите штети (освен доколку тоа е задолжително по основ на важечки закон во случаи на телесна повреда) нема во ниту еден случај да го надминат износот од педесет долари ($ 50,00). Горните ограничувања ќе се применуваат дури и доколку горенаведениот правен лек не успее да ја исполни суштинската цел.

е. Не смеете да ја користите или на поинаков начин да ја извезувате или ре-извезувате Лиценцираната Апликација, освен како што е дозволено со законите на Соединетите Американски Држави и законите на земјата во која е прибавена Лиценцираната Апликација. Особено, но без ограничување, Лиценцираната Апликација не може да се извезува или ре-извезува (а) во ниту една земја која е под ембарго на САД, или (б) до никој наведен на списокот на Министерството за финансии на САД насловен „Specially Designated Nationals List“ или на списоците на Министерството за трговија на САД насловени „Denied Persons List“ и „Entity List“. Со користење на Лиценцираната Апликација, Вие потрврдувате и гарантирате дека не се наоѓате во ниту една таква земја и дека не сте на ниту еден таков список. Исто така, се согласувате дека нема да ги користите овие производи за кои било цели коишто се забранети со законите на Соединетите Американски Држави, вклучително, без ограничување, за развој, дизајнирање, изработување или производство на нуклеарни оружја, проектили, или хемиски или биолошки оружја.

ж. Лиценцираната Апликација и поврзаната документација претставуваат „Комерцијални елементи“, како што изразот е дефиниран во 48 C.F.R. §2.101, кои се состојат од „Комерцијален Компјутерски Софтвер“ и „Документација за Комерцијален Компјутерски Софтвер“, како што тие изрази се користат во 48 C.F.R. §12.212 или 48 C.F.R. §227.7202, како што е применливо. Во согласност со 48 C.F.R. §12.212 или 48 C.F.R. §227.7202-1 преку 227.7202-4, како што е применливо, Комерцијалниот Компјутерски Софтвер и Документацијата за Комерцијалниот Компјутерски Софтвер се даваат на лиценца на крајни корисници на Владата на САД (а) само како Комерцијални елементи и (б) само со оние права кои им се даваат на сите крајни корисници согласно условите во овој Договор. Необјавените права се задржани согласно со законите за авторски права на Соединетите Американски Држави.

з. Законите на Република Македонија, со исклучување на правилата за судир на закони, се применуваат на оваа лиценца и на Вашето користење на Лиценцираната Апликација. Вашето користење на Лиценцираната Апликација може, исто така, да подлежи и на други меѓународни прописи.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ОДРЕДБИ И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА IBOOKS STORE

КУПУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ ОД IBOOKS STORE

Прифаќате и потврдувате дека iTunes Ви продава лиценца за да ги користите содржините направени достапни преку iBooks Store („Производи од iBooks Store“). Откако ќе ја купите од iTunes, таа лиценца претставува правно обврзувачки договор склучен директно помеѓу Вас и третата страна - снабдувач на тој Производ од iBooks Store („Издавачот“) со којшто се уредува Вашето користење на тој Производ од iBooks Store; дека iTunes не е договорна страна на лиценцата склучена помеѓу Вас и Издавачот во поглед на тој Производ од iBooks Store; и дека Издавачот на секој Производ на iBooks Store го задржува правото да ги извршува одредбите за користење во врска со тој Производ на iBooks Store. Издавачот на секој Производ од iBooks Store е исклучиво одговорен за тој Производ од iBooks Store, за неговата содржина, за какви било гаранции до степен до кој таквите гаранции не се одречени, како и за какви било побарувања што Вие или друга страна може да ги имате во врска со тој Производ од iBooks Store или со Вашето користење на тој Производ од iBooks Store.

ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПРОИЗВОДИ ОД IBOOKS STORE

(i) Ќе бидете овластени да ги користите Производите од iBooks Store само за лични, некомерцијални цели.

(ii) Ќе можете да зачувувате Производи од iBooks Store од не повеќе од пет различни Сметки едновремено на одредени уреди базирани на iOS, како iPad, iPod touch или iPhone.

(iii) Ќе можете да зачувувате Производи од iBooks Store на пет уреди авторизирани од iTunes во секое време.

(iv) Со испораката на Производите од iBooks Store не Ви се пренесуваат и какви било права на користење на Производите од iBooks Store за промотивни цели или какви било права да ги изрежете Производите од iBooks Store на диск.

(v) Ќе можете рачно да синхронизирате Производи од iBooks Store од најмалку еден уред авторизиран од iTunes на уреди кои имаат режим на рачно синхронизирање, под услов Производот од iBooks Store да е поврзан со Сметка на примарниот уред авторизиран од iTunes, каде што примарниот уред авторизиран од iTunes е оној што бил прв синхронизиран со уредот или оној што подоцна ќе го назначите како примарен преку iTunes.

Последно ажурирано: Јуни 30, 2015