Политика за приватност

Политиката за приватност на Apple е ажурирана на 22 мај 2018 год.

Вашата приватност е важна за Apple. Затоа создадовме Политика за приватност што го опфаќа начинот на кој ние ги собираме, употребуваме, откриваме, пренесуваме и чуваме вашите лични информации. Како додаток на оваа Политика за приватност, нудиме податоци и информации за приватноста вметнати во нашите производи за одредени функции кои бараат да ги користат вашите лични информации. Можете да ги разгледате овие информации пред да ги овозможите овие функции, во Поставките поврзани со тие функции или преку интернет на apple.com/legal/privacy.

Накратко запознајте се со нашите практики за приватност и контактирајте со нас ако имате прашања.

Собирање и употреба на личните информации

Личните информации се податоци што може да се користат за идентификување или стапување во контакт со одредено лице.

Може да се побара од вас да дадете лични информации секогаш кога сте во контакт со Apple или со подружница на Apple. Компанијата Apple и нејзините подружници може да ги споделат тие лични информации помеѓу себе и да ги користат согласно оваа Политика за приватност. Покрај тоа, може да ги комбинираат и со други информации за да ги обезбедат и подобрат нашите производи, услуги, содржини и рекламирање. Давањето на бараните лични информации не е задолжително, но доколку одлучите да не го направите тоа, во многу случаи не ќе може да ви ги обезбедиме нашите производи или услуги или да одговориме на вашите прашања.

Еве неколку примери за видовите на лични информации што Apple може да ги собира и начинот на кој може да ги користиме:

Кои лични информации ги собираме

  • Кога ќе креирате сметка за идентификација на Apple, поднесувате барање за комерцијален кредит, купувате производ, преземате нова верзија на софтвер, се пријавувате за час во продавница на мало на Apple, се врзувате со нашите услуги, контактирате со нас или учествувате во анкета на интернет, може да собереме различни информации, вклучувајќи ги вашето име, поштенската адреса, телефонскиот број, адресата на е-пошта, претпочитаните начини за контакт, идентификаторите на уредите, ИП-адресите, информации за локацијата, како и информации за кредитната картичка.
  • Кога ја споделувате вашата содржина со семејството и пријателите кои користат производи на Apple, испраќате ваучери за подароци и производи или ги каните да учествуваат во форумите или услугите на Apple, Apple може да ги собира информациите што ги давате за тие луѓе, како што се име, адреса, адреса за е-пошта и телефонски број. Apple ќе ги користи таквите информации за да ги оствари вашите барања, да ги обезбеди релевантниот производ или услугата или за цели против измама.
  • Во одредени јурисдикции, може да побараме идентификација што ја издава владата во ограничени околности вклучувајќи при поставување безжична сметка и активирање на вашиот уред, со цел да се продолжи комерцијалниот кредит, управувањето со резервации или како што е пропишано со законот.

Како ги користиме вашите лични информации

Ние можеме да ги обработуваме вашите лични информации за целите опишани во оваа Полиса за приватност со ваша согласност, за исполнување на законска обврска на која Apple е предмет или кога сме оцениле дека е неопходно за целите на легитимните интереси што ги следи Apple или трета страна на која можеби е потребно да ѝ се открие информација.

  • Личните информации што ги собираме ни помагаат да ве известуваме за најновите најави за производите на Apple, нови верзии на софтверот и претстојни настани. Ако не сакате да бидете на нашиот список со адреси за е-пошта, може во секое време да се откажете со ажурирање на вашите параметри.
  • Ние исто така ги користиме личните информации за да ни помагаат во креирањето, развојот, функционирањето, испораката и подобрувањето на нашите производи, услуги, содржина и рекламирање, како и за спречување загуба и за активности против измама. Ние исто така можеме да ги користиме вашите лични информации за целите на безбедност на сметките и мрежата, вклучувајќи и за да ги заштитиме нашите услуги во корист на сите наши корисници. Онаму каде што ги користиме вашите информации за цели против измама, тоа произлегува од спроведувањето на онлајн трансакција со нас. Ние ги ограничуваме нашите употреби на податоци за цели против измама на оние кои се строго неопходни и во рамките на нашите проценети легитимни интереси за да ги заштитиме нашите клиенти и нашите услуги. За одредени онлајн трансакции, ние исто така можеме да ги потврдиме информациите обезбедени од вас со јавно достапни извори.
  • Може ќе ги користиме вашите лични информации, вклучувајќи датум на раѓање, за да се потврди идентитетот, да се помогне при идентификација на корисниците и да се определат соодветните услуги. На пример, може да го користиме датумот на раѓање за да ја определиме возраста на сопственикот на сметката за идентификација на Apple.
  • Одвреме-навреме, може да ги употребиме вашите лични информации за да испратиме важни известувања, како што се информации за набавки и промени на нашите одредби, услови и политики. Бидејќи овие информации се важни за вашата интеракција со Apple, вие не може да се откажете од добивањето на овие информации.
  • Личните информации може да ги употребиме и за интерни цели, како што е ревизија, анализа на податоци и истражување за подобрување на производите и услугите на Apple, како и за комуникацијата со корисниците.
  • Ако играте лотарии или влезете во натпревар или слични промоции, може да ги искористиме информациите што сте ги обезбедиле за администрација на тие програми.

Извор на вашите лични информации кога тие не се собираат од вас

Ние можеме да ги добиеме вашите лични информации од други лица, доколку тоа лице ги сподели своите содржини со вас користејќи производи на Apple, испрати потврди за подароци и производи или ве покани да учествувате во услуги или форуми на Apple. Ние исто така можеме да ги потврдиме информациите обезбедени од вас кога создавате сметка за идентификација на Apple со трета страна за цели на безбедност и спречување на измами.

За истражувачки и развојни цели, можеме да користиме групи на податоци, како што се оние што содржат слики, гласови или други податоци кои можат да бидат поврзани со идентификувано лице. Кога се стекнуваме со такви групи на податоци, тоа го правиме во согласност со применливиот закон во јурисдикцијата во која групата на податоци е хостирана. Кога ги користиме таквите групи на податоци за истражување и развој, ние не се обидуваме повторно да ги идентификуваме лицата кои можат да се појават во нив.

Собирање и употреба на неличните информации

Собираме и податоци во облик, кој сам по себе, не дозволува директно поврзување со конкретно лице. Може да собираме, употребуваме и откриваме нелични информации за која и да е цел. Следуваат неколку примери за нелични информации што може да ги собираме и начинот на кој може да ги користиме::

  • Може да собираме информации за професија, јазик, поштенски број, број на област, уникатен идентификатор на уред, референтна URL, локација и временска зона каде што се користи производот на Apple за подобро да го разбереме однесувањето на корисниците и за да ги подобриме нашите производи, услуги и рекламирање.
  • Може да собираме информации за активностите на корисниците на нашата веб-страница, на услугите на iCloud, во нашите iTunes Store, App Store, MAC App Store, App Store за Apple TV и iBooks Store и на другите наши производи и услуги. Овие информации се собираат и се користат за да ни помогнат да обезбедиме покорисни информации за нашите корисници и за да дознаеме кои делови од нашите веб-локација, производи и услуги побудуваат најголем интерес. Собраните податоци се сметаат за нелични информации за целите на оваа Политика за приватност.
  • Може да собираме и складираме детали за тоа како ги користите нашите услуги, вклучувајќи го пребарувањето. Овие информации може да се користат за да се подобри релевантноста на резултатите што нашите услуги ги даваат. Освен во ограничени случаи за да се обезбеди квалитетот на нашите услуги преку интернет, таквите информации нема да се поврзуваат со вашата ИП-адреса.
  • Со ваша изречна согласност, може да собираме податоци за начинот на кој ги користите вашиот уред и апликациите со цел да им се помогне на програмерите да ги подобрат своите апликации.

Доколку ги комбинираме неличните со личните информации, комбинираните информации ќе се третираат како лични информации доколку останат комбинирани.

Колачиња и други технологии

Веб-страниците на Apple, услугите на интернет, интерактивните апликации, пораките од е-поштата и рекламите може да користат "колачиња" и други технологии како што се ознаки за следење. Овие технологии ни помагаат подобро да го разбереме однесувањето на корисниците, ни кажуваат кои делови од нашите веб-страници се посетени и ја олеснуваат и мерат ефективноста на рекламите и пребарувањата на интернет. Информациите собрани со колачињата и другите технологии ги третираме како нелични информации. Меѓутоа, доколку адресите на интернет-протоколот (ИП) или слични показатели се сметаат за лични информации од страна на локалните закони, ние, исто така, ќе ги третираме овие показатели како лични информации. Слично, доколку неличните информации се комбинирани со лични информации, ние ги третираме комбинираните информации како лични информации за целите на оваа Политика за приватност.

Рекламите што се доставуваат преку платформата за рекламирање на Apple може да се појавуваат во Apple News и App Store. Доколку не сакате да добивате реклами според вашите интереси од платформата за рекламирање на Apple, може да ја овозможите функцијата Ограничи го следењето реклами што ќе ја отстрани вашата идентификација на Apple од добивање такви реклами без разлика кој уред го користите. Доколку ја овозможите функцијата Ограничи го следењето реклами на мобилниот уред, третите лица нема да можат да го користат идентификаторот за рекламирање, неличен идентификатор на личниот уред, за да ви прикажуваат реклами. Сепак, можно е да се прикажуваат реклами во App Store или News според контекстот, како што се вашите пребарувања или каналот што го читате. Кај апликациите на трети лица, може ќе гледате реклами според други информации.

Apple и неговите партнери, исто така, користат колачиња и други технологии за да запомнат лични информации кога ги користите нашата интернет-страница, онлајн услуги и апликации. Нашата цел во овие случаи е да овозможиме вашето искуство со Apple да биде попријатно и лично. На пример, тоа што го знаеме вашето име ни овозможува да ве поздравиме следниот пат кога ќе ја посетите Apple Online Store. Со тоа што ги знаеме вашата држава и јазик - а ако сте едукатор, и вашето училиште - ни помага да ви овозможиме лично и покорисно искуство за купување. Со тоа што знаеме дека некој кој го користи вашиот компјутер или уред купил одреден производ или искористил одредена услуга ни помага да го направиме нашето рекламирање и комуникација по е-пошта порелевантни за вашите интереси. И со тоа што ги знаеме вашите информации за контакт, идентификаторите на хардверот и информациите за вашиот компјутер или уред, ни помага да го персонализираме вашиот оперативен систем, да ја поставиме вашата услуга iCloud и да ви овозможиме подобри кориснички услуги.

Ако сакате да ги оневозможите колачињата, а го користите веб-пребарувачот Safari, одете во параметрите на Safari, а потоа во панелот за приватност за да управувате со параметрите. На вашиот мобилен уред на Apple, одете во Поставки, потоа Safari, листајте надолу до делот Приватност и безбедност, а потоа допрете „Блокирај колачиња" за да управувате со параметрите. За останатите пребарувачи, проверете со вашиот давател на услугата за да дознаете како да ги оневозможите колачињата. Имајте предвид дека со оневозможувањето на колачињата, одредени опции на интернет-страницата на Apple нема да бидат достапни.

Како што е случајот со поголемиот дел од интернет-услугите, ние автоматски собираме некои информации и ги чуваме во датотеките за евиденција. Овие информации ги вклучуваат адресите на интернет протоколот (ИП), видот прегледник и јазикот, давателот на интернет-услугата, упатувачките и излезните веб-страници и апликации, оперативниот систем, трагата за датум/време и податоците за посетените интернет-страници.

Ние ги користиме тие информации за да ги разбереме и анализираме тенденциите, за да ја администрираме страницата, да го проучиме однесувањето на корисниците, да ги подобриме производите и услугите и во целина да собереме демографски информации за нашата база на корисници. Apple може да ги користи тие информации во своите маркетиншки и рекламни услуги.

Во некои од нашите пораки по е-пошта користиме „посета на надворешни веб-страници" поврзани со содржината на веб-страницата на Apple. Кога корисниците притискаат на една од овие врски за веб-страници, тие поминуваат преку посебен веб-сервер пред да стигнат до целната страница на нашата веб-страница. Ние ги следиме податоците од притискањето за да го утврдиме интересот во одредени теми и за да ја измериме ефективноста на нашата комуникација со корисниците. Доколку не сакате да ве следиме на овој начин, не треба да притискате на текстовите или графичките линкови во пораките по е-пошта.

Пиксел ознаките ни овозможуваат да праќаме пораки по е-пошта во формат што корисниците можат да го читаат и, исто така, ни кажуваат дали пораката е отворена. Тие информации може да ги користиме за да го намалиме бројот или да ги откажеме пораките што се испраќаат до корисниците.

Откривање на трети страни

Во дадени моменти, Apple може да даде на располагање лични информации на стратешки партнери што работат со Apple во обезбедувањето производи и услуги или кои ја помагаат продажбата на Apple. На пример, кога купувате и го активирате вашиот iPhone, вие ги овластувате Apple и вашиот оператор да ги разменуваат информациите што ги давате за време на процесот на активација за извршување услуга. Доколку имате одобрение за услугата, вашата сметка ќе подлежи на односните политики за приватност на Apple и вашиот оператор. Apple ќе ги споделува личните информации само за да овозможи или да ги подобри своите производи, услуги и рекламирање; тие нема да се споделуваат со трети лица за нивни маркетиншки цели.

Даватели на услуги

Apple ги споделува личните информации со компании што даваат услуги како, што е обработка на информации, продолжување кредит, исполнување кориснички нарачки, доставување производи до вас, управување со и подобрување на корисничките податоци, обезбедување кориснички услуги, проценување на вашиот интерес за нашите производи и спроведување истражување на корисниците или анкети за степен на задоволство. Овие компании се обврзани да ги заштитат вашите информации и може да се наоѓаат секаде каде што работи Apple.

Други

Може да е неопходно − со закон, законска процедура, парница и/или барање од јавните или владини власти во или надвор од вашата држава − Apple да ги открие вашите лични информации. Информациите за вас може да ги откриеме и доколку утврдиме дека за целите на националната безбедност, спроведувањето на законите или други прашања од јавен интерес, откривањето е неопходно или соодветно.

Информациите за вас може да откриеме и доколку утврдиме дека откривањето е разумно неопходно за спроведувањето на нашите услови и правила или за да го заштитиме нашето работење или корисниците. Покрај тоа, во случај на реорганизација, спојување или продажба, може да пренесеме некои или сите лични информации што ги собираме на соодветната трета страна.

Заштита на личните информации

Apple има сериозен пристап кон безбедноста на вашите лични информации. Услугите на Apple преку интернет, како што се Apple Online Store и iTunes Store, ги заштитуваат вашите лични информации во текот на преносот со кодирање, на пример, Transport Layer Security (TLS). Кога Apple ги складира вашите лични податоци, користиме компјутерски системи со ограничен пристап, сместени во објекти што применуваат мерки на физичка безбедност. Со исклучок на iCloud Mail, податоците од iCloud се складираат во кодиран облик, дури и кога се користи простор за складирање на трети страни.

Кога користите некои од производите, услугите или апликациите на Apple или поставувате коментар на форум, соба за разговор или услуга за социјално вмрежување на Apple, личните информации и содржина кои ги споделувате се видливи за други корисници и тие може да ги прочитаат, собираат или користат. Вие сте одговорни за личните информации кои сте избрале да ги споделите или доставите во овие случаи. На пример, ако ги наведете своето име и адреса за е-пошта со поставување коментар на форум, тие информации стануваат јавни. Внимавајте при користењето на овие опции.

Ако вие или некој друг што користи Семејно споделување се најавите на уред што е во сопственост на трета страна, сите споделени информации во вашето Семејство – вклучувајќи календар, локација, фотографии и купени iTunes – може да се преземат на уредот на таа трета страна и на тој начин да се откријат таквите споделени информации. Погледнете За семејно споделување за повеќе информации.

Постоењето на автоматизирано одлучување, вклучувајќи профилирање

Apple не презема никакви одлуки кои вклучуваат употреба на алгоритми или профилирање кои значително влијаат на вас.

Интегритет и задржување на личните информации

Apple ви олеснува да ги одржувате вашите лични информации точни, целосни и ажурирани. Ние ќе ги задржиме вашите лични информации за временски период неопходен за да се исполнат целите наведени во оваа Политика за приватност и нашите резимеа за приватност карактеристични за услугите. Кога ги проценуваме овие периоди, внимателно ја испитуваме нашата потреба да собираме лични информации и ако утврдиме релевантна потреба, ги чуваме во најкраток можен рок за да ја оствариме целта на собирањето, освен ако со закон не е потребен подолг период на задржување.

Пристап до личните информации

Можете да ни помогнете да обезбедиме вашите информации за контакт и параметрите да бидат точни, целосни и ажурирани, така што ќе се најавите на вашата страница за сметката за идентификација на Apple. Во врска со другите лични информации што ги поседуваме, ќе добиете пристап и копија за која било цел, вклучувајќи барање за исправка на погрешни податоци или бришење на податоците доколку Apple не треба да ги задржи според законот или заради легитимна деловна цел. Може да одбиеме обработка на барања кои се несериозни/здодевни, ја загрозуваат приватноста на другите и се премногу непрактични или за кои не се бара пристап согласно локалниот закон. Ние исто така можеме да одбиеме аспекти на бришење или барања за пристап, ако веруваме дека тоа ќе ја поткопа нашата легитимна употреба на податоци за цели против измама и за безбедност, како што е опишано претходно. Онлајн алатки за пристапување, поправање или бришење на барања се достапни на регионална основа со најавување на privacy.apple.com. Онаму каде во моментов во вашиот регион не е достапна онлајн алатка за барања за пристап, може да се направи барање директно на apple.com/legal/privacy/contact.

Деца и образование

Разбираме колку е важно да се преземе дополнителна претпазливост за да се заштити приватноста и безбедноста на децата кои користат производи и услуги на Apple. На деца под 13 години или еквивалентна минимална возраст во соодветната јурисдикција, не им е дозволено да создаваат сопствени профили за идентификација на Apple (Apple ID), освен доколку нивниот родител не обезбедил потврдена согласност или како дел од процесот на креирање сметка на дете во опцијата Семејно споделување или ако добиле сметка на Управувана идентификација на Apple (каде што е достапна) преку нивното училиште. На пример, родителот мора да ги прегледа следните информации Откривање на идентификацијата на Apple (Apple ID) и на семејното споделување и да се согласи со Одобрување за Apple да ги собира, користи и открива информациите на вашето дете и со Услови и правила на iTunes Store, пред да може да започне со процесот на создавање сметка за идентификација на Apple за сопственото дете. Дополнително, училиштата кои учествуваат во Менаџерот на училиштето на Apple и кои го прегледале и се согласиле со Откривањето на управувана идентификација на Apple за ученици може да создаваат Управувани идентификации на Apple за ученици. Откривањето на управуваната идентификација на Apple за ученици опишува како Apple ракува со информациите на учениците и ја дополнува Политиката за приватност на Apple. Дознајте повеќе за Семејното споделување, Управуваните идентификации на Apple и Ограничувањата за детските сметки.

Доколку дознаеме дека сме собрале лични информации за дете под 13 години или соодветната најмала возраст зависно од јурисдикцијата, надвор од гореопишаните околности, ќе се обидеме да ги избришеме информациите што е можно поскоро.

Ако, во кое било време, родителот сака да пристапи, поправи или избрише податоци поврзани со својата сметка на Семејното споделување или сметката за идентификација на Apple на детето, може да контактира со нас преку една од опциите на дното на оваа страница.

Услуги базирани на локација

За да овозможиме услуги базирани на локација за производи на Apple, Apple и нашите партнери и носители на лиценца може да собираат, користат и споделуваат конкретни податоци за локација, вклучувајќи географска локација во реално време на вашиот Apple компјутер или уред. Каде што е достапно, услугите базирани на локација може да користат GPS, Bluetooth и вашата ИП-адреса, заедно со јавни пристапни точки за Wi-Fi и локации на репетитори и други технологии за да ја определат приближната локација на вашиот уред. Освен ако не дадете согласност, овие податоци за локација се собираат анонимно во форма што вас лично не ве идентификува и се користи од Apple и нашите партнери и овластени страни за да се обезбедат и подобрат производите и услугите базирани на локација. На пример, вашиот уред да ја сподели сопствената географска локација со давателите на апликации кога вие ќе ги овозможите нивните услуги за локација.

Некои услуги што се базираат на локација што ги нуди Apple, како што е опцијата „Најди го мојот iPhone", бараат ваши лични информации за да може да функционира опцијата.

Страници и услуги на трети страни

Веб-страниците, производите, апликациите и услугите на Apple може да содржат линкови до страници, производи и услуги на трети страни. Нашите производи и услуги може да користат или нудат и производи или услуги од трети страни, на пример, апликација за iPhone од трета страна.

Информациите што се собираат од трети лица, а коишто може да вклучуваат податоци за локација или детали за контакт, се регулираат со нивните практики за приватност. Ние ве охрабруваме да се запознаете со практиките за приватност на тие трети страни.

Доколку купите претплата за апликација на трета страна или во рамките на News, ќе создадеме Идентификација на претплатникот којашто е уникатна за вас и за програмерот или издавачот и којашто ќе ја користиме за да испраќаме извештаи на програмерот или издавачот што вклучуваат информации за претплатата што сте ја купиле и вашата земја на живеење. Ако ги откажете сите претплати кај одреден програмер или издавач, Идентификацијата на претплатникот ќе се ресетира по 180 дена ако не се претплатите одново. Овие информации се доставуваат до програмерите за да можат да ги разберат можностите на нивите претплати.

Меѓународни корисници

Сите информации што ќе ги дадете може да бидат префрлани или до нив да пристапуваат субјекти ширум светот, како што е опишано во Политиката за приватност. Личните информации, поврзани со услугите на Apple, за лица кои живеат во земја членка на Европската економска зона и Швајцарија ги контролира Apple Distribution International во Ирска, а Apple Inc. ги обработува во негово име. Apple го користи одобрениот стандарден договор за меѓународен пренос на собрани лични информации во Европската економска област и во Швајцарија. Apple, како глобална компанија, има голем број правни субјекти во различни јурисдикции кои се одговорни за личните информации што ги собираат и се обработуваат за нив од страна на Apple Inc. На пример, нашите индивидуални малопродажни субјекти во секоја земја ги контролираат информациите за продажба во нашите малопродажни субјекти надвор од САД. Правните субјекти надвор од САД може да ги контролираат личните информации поврзани со Apple, продавницата на интернет и iTunes како што е опишано во условите на користење за секоја услуга.

Apple се придржува до Системот правила за приватност на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) во безграничниот појас. Системот APEC CBPR обезбедува работна рамка за организациите да обезбедат заштита на личните информации што се пренесуваат меѓу учесниците на економиите од APEC. За да дознаете повеќе за серификатите и решавањето спорови на APEC, кликнете на логото TRUSTe.

Посветеност на целата наша компанија на вашата приватност

За да ја обезбедиме безбедноста на вашите лични информации, ги запознаваме вработените на Apple со насоките за приватност и безбедност и строго ги спроведуваме заштитните мерки во рамките на компанијата.

Прашања за приватноста

Доколку имате прашања за Политиката за приватност на Apple или за обработката на податоци или ако сакате да поднесете жалба за можна повреда на локалните закони за приватност, стапете во контакт со нас. Во секое време може да нѐ контактирате на телефон, на соодветниот број на Поддршка на Apple за вашата земја.

Кога ќе добиеме прашање за приватноста или за личните информации како одговор на барање за пристап/преземање, имаме назначен тим којшто ги сортира контактите и се стреми да го реши конкретното прашање или барање на корисникот. Кога проблемот е посуштински, ќе побараме повеќе информации од вас. Сите такви суштински контакти добиваат одговор. Доколку не сте задоволни со добиениот одговор, жалбата може да ја проследите до соодветното регулаторно тело во вашата земја. Што се однесува до нас, ние ќе се обидеме да ве информираме за начините на решавање на жалбата што може да се применат во вашиот случај.

Apple може одвреме-навреме да ја надгради својата Политика за приватност. Кога на материјален начин ја менуваме нашата политика, на нашата страница ќе поставиме известување заедно со надградената Политика за приватност.

Apple Inc. One Apple Park Way, Cupertino, California, USA,95014

Validate TRUSTe privacy certification