Legal

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

GAME CENTER

ПРАВНИOT ДОГОВОР („ДОГОВОРОТ“) ДАДЕН ПОДОЛУ ГО УРЕДУВА ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА GAME CENTER. ВАЖНО Е ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ И ДА ГИ РАЗБЕРЕТЕ СЛЕДНИТЕ ОДРЕДБИ. СО КЛИКНУВАЊЕ НА "AGREE" ("СЕ СОГЛАСУВАМ"), ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА ОВИЕ ОДРЕДБИ ЌЕ ВАЖАТ ДОКОЛКУ ИЗБЕРЕТЕ ДА ПРИСТАПИТЕ ДО ИЛИ ДА ЈА КОРИСТИТЕ УСЛУГАТА.. ДОКОЛКУ НЕ СТЕ ПОЛНОЛЕТНО ЛИЦЕ, ТРЕБА ДА ГО РАЗГЛЕДАТЕ ОВОЈ ДОГОВОР СО ВАШИОТ РОДИТЕЛ ИЛИ СТАРАТЕЛ ЗА ДА БИДЕТЕ СИГУРНИ ДЕКА ВИЕ И ВАШИОТ РОДИТЕЛ ИЛИ СТАРАТЕЛ ГО РАЗБИРАТЕ ИСТИОТ.

Apple Inc. ја обезбедува услугата Game Center („Услугата“), којашто Ви овозможува да земете учество во активности поврзани со игри, вклучувајќи, но без ограничување на, учество во лидерски бордови, во игри со повеќе играчи и во следење на постигнувања. Услугата може да не биде достапна секаде. За да ја користите Услугата ќе бидат потребни уреди, пристап до интернет, како и одреден софтвер (може да подлежи на плаќање надоместоци); истата може да бара периодични ажурирања и може да биде засегната од перформансите на овие фактори.

За да ја користите Услугата, не смеете да бидете лице на кое му е забрането да ја добива Услугата согласно законите на Соединетите Американски Држави или други надлежни јурисдикции, вклучително и земјата во која живеете или од која ја користите Услугата. Со прифаќањето на овој Договор, Вие изјавувате дека го разбирате и се согласувате со претходното.

ВАШАТА СМЕТКА

Како регистриран корисник на Услугата, Вие можете да отворите сметка („Сметка“) во согласност со Правилата за Користење дадени подолу. Не ги откривајте податоците за Вашата Сметка на никој друг. Вие сте единствено одговорни за чувањето на доверливоста и сигурноста на Вашата Сметка, како и за сите активности кои се остваруваат на или преку Вашата Сметка и се согласувате веднаш да го известите Apple за секое нарушување на сигурноста на Вашата Сметка. Apple не е одговорен за какви и да е загуби кои произлегуваат од неовластено користење на Вашата Сметка.

Се согласувате да дадете точни и целосни податоци кога ќе се регистрирате и додека ја користите Услугата и се согласувате да ги ажурирате Вашите регистрациони податоци за да бидат точни и целосни. Се согласувате дека Apple може да ги зачува и да ги користи Вашите регистрациони податоци за да ја одржува Вашата Сметка. Не смеете да создавате сметка за никој друг освен за Вас самите без согласност од тоа друго лице.

ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ

Се согласувате да ја користите Услугата согласно овие правила за користење. Apple го задржува правото да ги измени правилата за користење во секое време.

Се согласувате да не ја нарушувате, заобиколувате, разделувате, декомпилирате, расклопувате или на друг начин да ја попречувате Услугата, или да се обидете самите или да му помагате на друг да го стори тоа.

Се согласувате дека НЕМА да ја користите Услугата со цел:

а. да качувате, преземате, постирате, праќате преку електронски пораки, пренесувате, зачувувате или на друг начин да правите достапни какви било содржини кои се незаконски, вознемирувачки, заканувачки, штетни, клеветнички, злоставувачки, насилни, навредливи, вулгарни, со кои се нарушува приватноста на друг, со кои се шири омраза, расно или етнички навредливи или на друг начин непристојни;

b. да демнете, вознемирувате, да се заканувате или да му причините штета на друг;

c. доколку сте возрасен, да побарате лични или други податоци од малолетно лице (секое лице на возраст под 18 години или на друга возраст на која, според локалното право, лицето ќе се смета за малолетно) коешто не Ви е лично познато, вклучувајќи, но без ограничување на, што и да е од следното: полно име или презиме, домашна адреса, поштенски код, телефонски број, слика, адреса на електронска пошта или името на училиштето, црквата, атлетскиот тим или пријателите на малолетното лице;

d. да се преправате дека сте некој друг поединец, или некое правно лице, кое не сте - не смеете лажно или погрешно да се претставувате како друг поединец (вклучувајќи и познати личности), правно лице, друг учесник во Услугата, вработен на Apple или граѓански или владин лидер или на друг начин погрешно да ја претставувате Вашата поврзаност со одреден поединец или правно лице (Apple го задржува правото да го одбие или блокира секој прекар со којшто може да се смета дека лажно или погрешно го претставувате Вашиот идентитет или со којшто неовластено се користи името или идентитетот на друго лице);

e. да вршите повреда на авторски права или повреда на други права од интелектуална сопственост или да откриете каква било трговска тајна или доверлива информација спротивно на одредбите од договор за доверливост, за вработување или за тајност;

f. да постирате, испраќате, пренесувате или на друг начин правите достапни какви било небарани или неовластени електронски пораки, реклами, промотивни материјали, непотребни електронски пораки, спам или верижни писма, вклучително, но без ограничување на, пакет комерцијални реклами и информативни известувања;

g. да фалсификувате какво било заглавје на TCP-IP пакет или каков било дел од информациите од заглавјето во електронска порака или постинг на група за новини, или на друг начин да ставате информации во заглавје со намера да ги доведете во заблуда примачите во поглед на потеклото на каква било содржина пренесена преку Услугата („spoofing“);

h. да качувате, постирате, праќате преку електронски пораки, пренесувате, зачувувате или на друг начин да правите достапни какви било содржини кои содржат вируси или каков било друг компјутерски код, фајлови или програми кои се наменети за да причинат штета, за да го попречат или ограничат нормалното функционирање на Услугата (или на кој било дел од истата) или кој било друг компјутерски софтвер или хардвер;

i. да ја попречувате или нарушувате Услугата (вклучително и да пристапувате до Услугата преку какви било автоматизирани средства, како скрипти или вебкролери), или кои било сервери или мрежи поврзани со Услугата или кои било политики, барања или регулативи на мрежи поврзани со Услугата (вклучително и каков било неовластен пристап до, користење или мониторирање на податоци или сообраќај на истите);

j. да планирате или да земете учество во каква било незаконска активност; и/или да собирате и зачувувате лични податоци за кој било корисник на Услугата за да истите се употребат во врска со која било од претходно наведените забранети активности;

k. да мамите или на друг начин да ја модификувате Услугата или доживувањето на играта за да обезбедите предност за еден играч во однос на друг.

ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА

Услугата подлежи на Политиката на Apple Inc. за заштита на приватноста, која може да се најде на http://www.apple.com/privacy. Како што е наведено во Политиката за заштита на приватноста, кога ја користите Услугата, како при поканување на други корисници да се вклучат во Услугата, учествување во лидерски бордови, активирање на фукцијата на покани и игра со повеќе учесници или прикажување на пораки за статусот, личните податоци што ги откривате се видливи за други корисници и тие можат да ги прочитаат, соберат и да ги користат истите. Кога играте игра која ја поддржува функцијата за игра со повеќе играчи, други корисници кои пристапуваат кон Услугата во рамките на истата игра на истата Wi-Fi мрежа, локална мрежа или во досегот на Bluetooth ќе можат да видат дека сте во близина (освен ако не ја исклучите оваа одлика) и да го видат Вашиот прекар и слика, или целосниот профил доколку ги имате прифатено таквите корисници за Ваши пријатели. Доколку изберете Вашиот јавен профил да биде ставен на „on“, други корисници на Услугата ќе можат да го гледаат Вашиот целосен профил, вклучително и Вашето целосно име, активноста (како игрите што сте ги играле и кога сте ги играле), бодовите и постигнувањата и ќе можете да бидете препорачани за пријател на други корисници. Доколку Вашиот јавен профил е ставен на „off“, тогаш само корисници со кои сте се спријателиле ќе можат да го гледаат Вашиот профил и нема да бидете препорачан на други, а само Вашиот прекар и фотографија ќе бидат видливи на корисници кои не се пријатели. Доколку испратите или добиете покана за спријателување, целото име поврзано со Вашата Apple ID ќе биде откриено на оние корисници на кои им испраќате или од кои прифаќате покани за спријателување и Apple може да им препорачувa игри што сте ги играле на Вашите пријатели.

Доколку сакате да престанете да споделувате информации со други корисници и со Услугата, одете на http://www.apple.com/support/.

Некои аспекти од Услугата не се достапни за деца под 13-годишна возраст, како функции коишто им овозможуваат на корисниците да откриваат податоци со кои истите можат лично да се идентификуваат. Ве молиме активирајте ги ограничувањата до соодветните содржини.

ПОДНЕСОЦИ ДО УСЛУГАТА

Услугата може да нуди интерактивни опции кои Ви овозможуваат да доставувате материјали (вклучително и линкови до содржини на трети страни) во делови на Услугата кои се достапни и видливи за други корисници на Услугата и за јавноста. Се согласувате со тоа дека секое Ваше користење на таквите опции, вклучително и какви било материјали што сте ги доставиле, ќе биде Ваша исклучива одговорност, нема да претставува прекршување или повреда на правата на која и да е друга страна или прекршување на кои и да е закони, нема да придонесува кон или да охрабрува повреда на права или друг вид незаконско однесување, или на поинаков начин да биде навредливо, недолично или невкусно. Вие, исто така, потврдувате и се согласувате дека сте ги стекнале сите потребни права и лиценци за да ги доставувате таквите поднесоци. Се согласувате да доставувате точни и целосни информации во врска со Вашето поднесување на какви било материјали до Услугата. Со ова му давате на Apple глобална, ненаплатна и неексклузивна лиценца за користење на таквите материјали како дел од Услугата или при обезбедување или маркетинг на Услугата без каков и да е надомест или обврска кон Вас. Apple го задржува правото да не истакнува или објавува какви било материјали, како и да отстранува или уредува какви било материјали, во секое време и по сопствено убедување, без претходна најава или одговорност.

Apple има право, но не и обврска, да врши надзор над какви и да е материјали поднесени од Ваша страна или на друг начин достапни на Услугата, за да спроведе истрага во врска со какви и да е пријавени или очигледни повреди на овој Договор, како и да преземе какви и да е чекори за кои Apple, по сопствено убедување, смета дека се соодветни, вклучително, без ограничување, и раскинување на договорот согласно овие одредби или согласно нашата Политиката за заштита на авторски права (http://www.apple.com/legal/copyright.html).

МАТЕРИЈАЛИ НА ТРЕТИ СТРАНИ

Одредени содржини и услуги достапни преку Услугата може да вклучуваат материјали од трети страни. Apple може да обезбеди линкови до одредени интернет страници на трети страни, заради Ваша погодност. Се согласувате дека Apple не е одговорен за испитување или оценување на содржината или точноста и дека Apple не гарантира и дека нема никаква одговорност или обврски за материјалите или интернет страниците на трети страни, како и за кои и да е други материјали, производи или услуги на трети страни. Се согласувате дека нема да ги користите материјалите на трети страни на начин кој би ги прекршил или повредил правата на која и да е друга страна, како и дека Apple не е на ниту еден начин одговорен за таквото користење од Ваша страна.

НАВРЕДЛИВИ СОДРЖИНИ

Разбирате дека, користејќи ја Услугата, може да наидете на содржини кои може да се сметаат за навредливи, непристојни или непожелни, а кои можат но не мораат да бидат означени како експлицитни содржини. Сепак, се согласувате да ја користите Услугата на сопствен ризик и потврдувате дека Apple нема одговорност спрема Вас за содржините што може да бидат сфатени како навредливи, непристојни или непожелни. Рејтинзите и описите се даваат само за погодност и се согласувате дека Apple не ја гарантира нивната точност.

ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

Се согласувате дека Услугата, вклучително, но без ограничување на графички материјали, корисничката површина, аудио клипови, видео клипови, статии, како и скриптите и софтверот кои се користат за имплементација на Услугата, содржи правно заштитени информации и материјали кои се во сопственост на Apple и/или на неговите давачи на лиценци и се заштитени со важечките закони за интелектуална сопственост и други закони, вклучително, но без ограничување на закони за авторско право. Се согласувате дека нема да ги користите таквите правно заштитени информации или материјали на кој било начин, освен за користење на Услугата во согласност со условите на овој Договор. Ниту еден дел од Услугата не смее да се репродуцира во која и да е форма или со какви и да е средства, освен како што е изречно дозволено во овој Договор. Се согласувате да не ги модификувате, давате под закуп, давате на лизинг, позајмувате, продавате, дистрибуирате или создавате изведени дела кои се темелат на Услугата на кој и да е начин, како и дека нема да ја искористувате Услугата на ниту еден недозволен начин, вклучително, но без ограничување на неовластено користење или оптоварување на капацитетот на мрежата.

Независно од кои било други одредби на овој Договор, Apple и неговите давачи на лиценци го задржуваат правото да го изменаат, суспендираат, отстранат или оневозможат пристапот до кој и да е производ, содржина или други материјали кои сочинуваат дел од Услугата во секое време, без претходна најава. Apple во никој случај нема да биде одговорен за ваквите промени. Apple може, исто така, да наметне ограничувања на користењето или пристапот до одредени карактеристики или делови од Услугата, во секој случај и без претходна најава или одговорност.

Сите авторски права на и во однос на Услугата (вклучително и на компилацијата на содржини, статии, линкови до други интернетски извори, како и описи на тие извори), како и софтверот, се сопственост на Apple и/или на неговите давачи на лиценци, кои ги задржуваат сите нивни права по закон и по правичност. КОРИСТЕЊЕТО НА СОФТВЕРОТ ИЛИ НА КОЈ И ДА Е ДЕЛ ОД УСЛУГАТА, ОСВЕН ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА КАКО ШТО Е ДОЗВОЛЕНО СОГЛАСНО ОВОЈ ДОГОВОР, Е СТРОГО ЗАБРАНЕТО И ПРЕТСТАВУВА ПОВРЕДА НА ПРАВАТА ОД ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ НА ДРУГИ И МОЖЕ ДА ВЕ ИЗЛОЖИ НА ГРАЃАНСКА И КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ, ВКЛУЧИТЕЛНО И НА МОЖНИ ПАРИЧНИ ОТШТЕТИ ЗА ПОВРЕДА НА АВТОРСКИ ПРАВА.

Apple, логото на Apple и другите трговски марки, услужни марки, графички материјали и логоа на Apple кои се користат во врска со Услугата се трговски марки или регистрирани трговски марки на Apple Inc. во САД и/или во други земји. Другите трговски марки, услужни марки, графички материјали и логоа кои се користат во врска со Услугата може да бидат трговски марки на нивните респективни сопственици. Вие не добивате никакво право или лиценца во однос на која и да е од гореспоменатите трговски марки и за користење на кои и да е такви трговски марки.

РАСКИНУВАЊЕ

Доколку не почитувате или доколку Apple се сомнева дека не почитувате која и да е од одредбите на овој Договор, Apple може, по сопствено наоѓање, без претходна најава: (i) да го раскине овој Договор и/или да ја укине Вашата Сметка; (ii) да ја раскине лиценцата за Услугата; и/или (iii) да оневозможи пристап до Услугата (или кој и да е дел од истата).

Apple го задржува правото да ја модификува, суспендира или прекине Услугата (или кој и да е дел или содржина од истата) во секое време, со или без претходна најава до Вас, и ќе нема одговорност спрема Вас или спрема која и да е трета страна доколку ги реализира тие свои права.

ОДРЕКУВАЊЕ ГАРАНЦИИ; ОГРАНИЧУВАЊА НА ОДГОВОРНОСТА

APPLE НЕ ГАРАНТИРА, НИТУ ИЗЈАВУВА ДЕКА ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА ЌЕ БИДЕ НЕПРЕКИНАТО ИЛИ БЕЗ ГРЕШКИ, А ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА APPLE ПОВРЕМЕНО МОЖЕ ДА ГИ ОТСТРАНИ УСЛУГАТА ЗА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ИЛИ ДА ЈА УКИНЕ УСЛУГАТА ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ, БЕЗ ПРЕТХОДНА НАЈАВА ДО ВАС.

ИЗРЕЧНО СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ, ИЛИ НЕМОЖНОСТ ДА ЈА КОРИСТИТЕ УСЛУГАТА, Е НА ВАШ СОПСТВЕН РИЗИК. УСЛУГАТА И СИТЕ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ ИСПОРАЧАНИ ДО ВАС ПРЕКУ УСЛУГАТА СЕ (ОСВЕН ДОКОЛКУ ИЗРЕЧНО НЕ Е НАВЕДЕНО ОД СТРАНА НА APPLE ОВДЕ) ОБЕЗБЕДЕНИ „КАКВИ ШТО СЕ“ И „КАКО ШТО СЕ ДОСТАПНИ“ ЗА ВАША УПОТРЕБА, БЕЗ ГАРАНЦИИ ОД КАКОВ И ДА Е ВИД, ИЗРЕЧНИ ИЛИ ИМПЛИЦИТНИ, ВКЛУЧИТЕЛНО И СИТЕ ИМПЛИЦИТНИ ГАРАНЦИИ ЗА ПАЗАРНА ПОДОБНОСТ, ПОГОДНОСТ ЗА ПОСЕБНА НАМЕНА, СОПСТВЕНОСТ И НЕПОВРЕДУВАЊЕ НА ПРАВА. СО ОГЛЕД НА ТОА ДЕКА ВО НЕКОИ ЗЕМЈИ НЕ Е ДОЗВОЛЕНО ИСКЛУЧУВАЊЕТО НА ИМПЛИЦИТНИ ГАРАНЦИИ, ГОРНОТО ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ИМПЛИЦИТНИ ГАРАНЦИИ МОЖЕ ДА НЕ СЕ ПРИМЕНУВА НА ВАС.

APPLE, НЕГОВИТЕ ДИРЕКТОРИ, ФУНКЦИОНЕРИ, ВРАБОТЕНИ, ПОВРЗАНИ ЛИЦА, АГЕНТИ, ИЗВЕДУВАЧИ, ВЛАСТОДАВЦИ ИЛИ ДАВАЧИ НА ЛИЦЕНЦИ ВО НИТУ ЕДЕН СЛУЧАЈ НЕМА ДА БИДАТ ОДГОВОРНИ ЗА НИКАКВИ ДИРЕКТНИ, ИНДИРЕКТНИ, ИНЦИДЕНТНИ, КАЗНЕНИ, СПЕЦИЈАЛНИ ИЛИ ПОСЛЕДИЧНИ ОТШТЕТИ, КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА ИЛИ ОД НЕМОЖНОСТА ДА ЈА КОРИСТИТЕ УСЛУГАТА, КАКО И ЗА КОИ БИЛО БАРАЊА ЗА НАДОМЕСТ ПОВРЗАНИ НА КОЈ И ДА Е НАЧИН СО ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА, ВКЛУЧИТЕЛНО, НО БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА КАКВИ И ДА Е ГРЕШКИ ИЛИ ПРОПУСТИ ВО КОЈА И ДА Е СОДРЖИНА, ИЛИ КАКВА И ДА Е ЗАГУБА ИЛИ ШТЕТА ОД КОЈ И ДА Е ВИД НАСТАНАТИ КАКО РЕЗУЛТАТ НА КОРИСТЕЊЕ НА КОЈА И ДА Е СОДРЖИНА (ИЛИ ПРОИЗВОД) КОЈА Е ИСТАКНАТА, ПРЕНЕСЕНА ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН НАПРАВЕНА ДОСТАПНА ПРЕКУ УСЛУГАТА, ДУРИ И ДА СЕ ПОСОВЕТУВАНИ ДЕКА ПОСТОИ МОЖНОСТ ЗА ТАКВО НЕШТО. ПОРАДИ ТОА ШТО ОДРЕДЕНИ ЗЕМЈИ ИЛИ ЈУРИСДИКЦИИ НЕ ДОЗВОЛУВААТ ИСКЛУЧУВАЊЕ ИЛИ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА ЗА ПОСЛЕДИЧНИ ИЛИ ИНЦИДЕНТНИ ОТШТЕТИ, ОДГОВОРНОСТА НА APPLE ВО ТАКВИТЕ ЗЕМЈИ ИЛИ ЈУРИСДИКЦИИ Е ОГРАНИЧЕНА ДО МЕРАТА ДО КОЈА ТОА Е ДОЗВОЛЕНО СО ЗАКОН.

APPLE ЌЕ ВЛОЖИ РАЗУМНИ НАПОРИ ЗА ДА ГИ ЗАШТИТИ МАТЕРИЈАЛИТЕ ИЛИ ПОДАТОЦИТЕ ДОСТАВЕНИ ОД ВАША СТРАНА ВО ВРСКА СО УСЛУГАТА, НО ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО ТОА ДЕКА ГИ ПОДНЕСУВАТЕ ТАКВИТЕ ПОДАТОЦИ НА ВАШ СОПСТВЕН РИЗИК, А APPLE СО ОВА ОДРЕКУВА СЕКАКВА ОДГОВОРНОСТ СПРЕМА ВАС ЗА КАКВА И ДА Е ЗАГУБА ИЛИ ОДГОВОРНОСТ ПОВРЗАНА СО ТАКВИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОЈ И ДА Е НАЧИН.

APPLE НЕ ИЗЈАВУВА НИТУ ГАРАНТИРА ДЕКА УСЛУГАТА ЌЕ БИДЕ БЕЗ ЗАГУБИ, КОРУПЦИЈА, НАПАДИ, ВИРУСИ, ПРЕЧКИ, ХАКИРАЊЕ ИЛИ ДРУГИ НАРУШУВАЊА НА СИГУРНОСТА, И APPLE ОДРЕКУВА СЕКАКВА ОДГОВОРНОСТ ПОВРЗАНА СО ТОА.

ОТКАЖУВАЊЕ И ОБЕШТЕТУВАЊЕ

СО КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА, СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДА ПРЕЗЕМЕТЕ ОДГОВОРНОСТ И ДА ГИ ЧУВАТЕ ОД ШТЕТА APPLE, НЕГОВИТЕ ДИРЕКТОРИ, ФУНКЦИОНЕРИ, ВРАБОТЕНИ, ПОВРЗАНИ ЛИЦА, АГЕНТИ, ИЗВЕДУВАЧИ И ДАВАЧИ НА ЛИЦЕНЦИ ВО ОДНОС НА КАКВИ БИЛО ОТШТЕТНИ БАРАЊА КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ВАШАТА ПОВРЕДА НА ОВОЈ ДОГОВОР, ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА ИЛИ КАКВО И ДА Е ДЕЈСТВИЕ ПРЕЗЕМЕНО ОД СТРАНА НА APPLE КАКО ДЕЛ ОД НЕГОВА ИСТРАГА ВО ВРСКА СО СОМНЕВАЊЕТО ЗА ПОВРЕДА НА ОВОЈ ДОГОВОР ИЛИ КАКО РЕЗУЛТАТ НА НЕГОВИТЕ НАОДИ ИЛИ ЗАКЛУЧОК ДЕКА Е СТОРЕНА ПОВРЕДА НА ОВОЈ ДОГОВОР. ОВА ЗНАЧИ ДЕКА НЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ ТУЖИТЕ ИЛИ ДА ДОБИЕТЕ ОБЕШТЕТУВАЊЕ ОД APPLE, НЕГОВИТЕ ДИРЕКТОРИ, ФУНКЦИОНЕРИ, ВРАБОТЕНИ, ПОВРЗАНИ ЛИЦА, АГЕНТИ, ИЗВЕДУВАЧИ И ДАВАЧИ НА ЛИЦЕНЦИ КАКО РЕЗУЛТАТ НА НЕГОВАТА ОДЛУКА ДА СЕ ОТСТРАНАТ ИЛИ ДА ОДБИЕ ДА СЕ ОБРАБОТАТ КАКВИ И ДА Е ПОДАТОЦИ ИЛИ СОДРЖИНА, ДА ВЕ ПРЕДУПРЕДАТ, ДА ГО СУСПЕНДИРААТ ИЛИ УКИНАТ ВАШИОТ ПРИСТАП ДО УСЛУГАТА, ИЛИ ДА ПРЕЗЕМЕ ДРУГИ ДЕЈСТВИЈА ВО ТЕКОТ НА ИСТРАГАТА ВРЗ ОСНОВА НА СОМНЕВАЊЕ ЗА ПОВРЕДА ИЛИ КАКО РЕЗУЛТАТ НА ЗАКЛУЧОКОТ НА APPLE ДЕКА Е СТОРЕНА ПОВРЕДА НА ОВОЈ ДОГОВОР. ОВАА ОДРЕДБА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ И ОБЕШТЕТУВАЊЕ СЕ ОДНЕСУВА НА СИТЕ ПОВРЕДИ КОИ СЕ ОПИШАНИ ВО, ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ИЛИ СЕ ПРЕДВИДЕНИ ВО ОВОЈ ДОГОВОР.

ИЗМЕНИ

Apple го задржува правото во секое време да го измени овој Договор и да наметне нови или дополнителни услови во врска со Вашето користење на Услугата. Таквите измени и дополнителни услови стапуваат на сила веднаш и се инкорпорираат во овој Договор. Вашето натамошно континуирано користење на Услугата ќе се смета за прифаќање на истите.

РАЗНО

Овој Договор го сочинува целосниот договор меѓу Вас и Apple и го уредува Вашето користење на Услугата, заменувајќи какви било претходни договори меѓу Вас и Apple во поглед на Услугата. Исто така, Вие може да сте обврзани и со дополнителни услови кои може да важат во моментот кога ги користите Услугата на поврзаните лица, содржините на трети страни или софтверот на трети страни. Доколку кој и да е дел од овој Договор се смета за неважечки или неизвршливи, тој дел ќе се толкува на начин кој е во согласност со важечкиот закон, со цел колку што е можно поблиску да се одразат првичните намери на страните, а преостанатите делови остануваат во полна сила и дејство. Неискористувањето на кое било право или одредби од овој Договор од страна на Apple не претставува и откажување од таквите одредби, или од кои било други одредби. Apple нема да одговара за неисполнување на какви и да е обврски од причини кои се надвор од негова контрола.

Apple оперира со Услугата од неговите канцеларии во Луксембург. Вие се согласувате да ги почитувате сите локални, државни, федерални и национални закони, акти, уредби и регулативи кои се однесуваат на Вашето користење на Услугата. На сите трансакции на Услугата се применува на правото на Калифорнија, без влијание на неговите прописи за судир на закони. Вашето користење на Услугата може исто така да подлежи и на други закони. Изречно се согласувате дека ексклузивна надлежност за секое барање или спор со Apple или во врска со Вашето користење на Услугата имаат судовите на државата Калифорнија. Ризикот од загуба и сопственоста врз сите трансакции испорачани по електронски пат преминуваат на купувачот во Калифорнија по електронското пренесување до примачот. Вработените или агентите на Apple немаат овластување да го изменат овој Договор.

Apple може да Ви испрати известувања во врска со Услугата испраќајќи Ви електронски пораки на електронската адреса на Вашата Сметка или писмо по пошта на контакт адресата на Вашата Сметка, или истакнувајќи ги истите на Услугата. Известувањата стапуваат во сила веднаш.

Apple го задржува правото да презема чекори за кои Apple верува дека се разумно потребни или соодветни за спроведување и/или да се провери придржувањето до кој било дел од овој Договор. Се согласувате и потврдувате дека Apple има право, без каква и да е одговорност спрема Вас, да открива какви и да е Регистрациони Податоци и/или податоци од Сметката на извршните власти, владини службеници и/или трети страни, кога Apple верува дека е тоа разумно потребно или соодветно заради спроведување и/или потврда на придржувањето до кој и да е дел од овој Договор (вклучително, но без ограничување на правата на Apple да соработува во која и да е судска постапка поврзана со Вашето користење на Услугата и/или производите, и/или во постапка по отштетно барање на трета страна дека Вашето користење на Услугата и/или производите е незаконско и/или претставува повреда на правата на тие трети страни).

Датум на последно ажурирање: 15.09.2013