-
Услови за услугата TestFlight
-
-
Краток преглед на клучните термини:
• Дневниците за падовите и статистичките информации поврзани со вашето користење на секоја бета-апликација автоматски ќе се доставуваат до Apple и доставувачот на апликации како дел од TestFlight.
• Вие може да поднесувате предлози и идеи до доставувачот на бета-апликацијата.
• Бета-апликациите може да паднат и како резултат на тоа да се изгубат нивните податоци.
• Ако веќе ја имате целосната верзија од некоја апликација, инсталирањето на бета-апликацијата може да предизвика загуба на податоците.
• Може да престанете да учествувате во бета-тестирањето на одредена бета-апликација, така што ќе ја избришете бета-апликацијата од уредот.
-----
Вашето користење на услугата TestFlight („TestFlight“), вклучувајќи кое било бета-тестирање на предиздадените апликации за Mac, iPhone, iPad, Apple Watch, Apple TV, или друг хардвер од брендот на Apple преземени преку TestFlight („бета-апликации“), подлежи на следните услови и одредби („Услови за услугата TestFlight“). Освен како што е специфично дополнето подолу, за вашиот регион важат целосните Услови и одредби за услугите на Apple Media и во овој документ се вклучени преку референца, а дефинираните термини ќе го имаат значењето што е наведено во Условите и одредбите за услугите на Apple Media, освен како што е образложено тука. За целта на овие Услови за услугата TestFlight, терминот „лиценцирани апликации“ ќе ги опфаќа и бета-апликациите. Погледнете ги Условите и одредбите за услугите на Apple Media: https://www.apple.com/legal/internet-services/itunes/.
Специфични услови за бета-тестирачите
Децата помали од 13 години или соодветната минимална возраст во релевантната судска надлежност, не смеат да користат TestFlight. Ако сте на возраст од 13 години или соодветната минимална возраст во релевантната судска надлежност или постари, но помали од 18 години, треба да го прегледате овој договор со вашиот родител или старател за да се уверите дека вие и вашиот родител или старател ги разбирате и се согласувате со следниве услови.
TestFlight е дизајниран за да им помогне на програмерите од трета страна („доставувачите на апликации“) да извршат бета-тестирање и да ја подобрат изведбата на нивните предиздадени апликации за Mac, iPhone, iPad, Apple Watch, Apple TV, или друг хардвер од брендот на Apple и да им обезбедат бета-апликации на бета-тестирачите. Ако доставувачот на апликацијата ве овласти како бета-тестирач и изберете да ја преземете соодветната бета-апликација од доставувачот на апликации преку TestFlight, тогаш под услов да се придржувате до овие Услови за услугата TestFlight, доставувачот на апликации ви дава ограничена, неексклузивна, непренослива, неподлиценцирана лиценца за пристап, преземање и користење на бета-апликацијата за којашто сте избрани како бета-тестирач и поврзаната документација достапна на интернет само за целите на бета-тестирање во текот на ограничен временски период и во согласност со овие Услови за услугата TestFlight.
Помеѓу вас и доставувачот на апликации, освен ограничената лиценца наведена погоре, доставувачот на апликации е сопственик на сите права, наслови и интереси во бета-апликацијата, вклучувајќи ги, но не само, правата на интелектуална сопственост. Колку што е максимално дозволено со законот, вие не може: (а) да ги менувате, преработувате, декомпилирате или да ги демонтирате бета-апликациите; (б) да ги изнајмувате, најмувате, позајмувате, продавате, подлиценцирате, дистрибуирате, емитувате или на друг начин да ги пренесувате бета-апликациите; (в) да ги копирате или на друг начин да ги репродуцирате бета-апликациите или (г) да ја прикажувате која било бета-апликација на неовластени трети страни без дозвола од доставувачот на апликации.
Се согласувате да дадете сè од себе при бета-тестирање на која било бета-апликација.
Потврдувате дека разбирате дека бета-апликациите се предиздаден алфа или бета-софтвер и дека може да бидат нецелосни или да содржат грешки или неточности. Не треба да ги користите бета-апликациите во комерцијална работна средина или со важни податоци. Треба да направите резервна копија од сите податоци пред да ја користите која било бета-апликација на уредот од брендот на Apple. Ниту Apple, ниту доставувачот на апликации нема да бидат одговорни за какви било трошоци, издатоци или други обврски коишто може да произлезат од користењето на кои било бета-апликации, вклучувајќи но не ограничувајќи се на каква било штета, загуба или оштетување на кој било софтвер, информации или податоци. Покрај тоа, бета-апликациите може да не бидат компатибилни со апликациите за производство. Ако на уредот од брендот на Apple веќе имате инсталирано производна верзија на бета-апликацијата, треба да направите резервна копија на сите податоци поврзани со таквата апликација пред да инсталирате бета-верзија, бидејќи податоците може да бидат оштетени или изгубени помеѓу различните верзии на истата апликација. Изречно потврдувате и се согласувате дека бета-апликациите ќе ги користите целосно на свој сопствен ризик.
Покрај тоа, ако на уредот ви е инсталирана целосната верзија на една апликација и ја инсталирате истата бета-апликација, податоците од апликацијата може да се оштетат или изгубат и можеби нема да може да ги обновите. Треба да направите резервна копија од вашите информации пред да ја инсталирате бета-апликацијата. Само за целите на тестирањето на една бета-апликација и само додека трае тестирањето, сите купувања направени во рамките на бета-апликацијата ќе ви бидат достапни бесплатно и ваквите купувања нема да ви бидат наплатени од сметката. Ако ја купите или преземете апликацијата од App Store, вашите податоци можеби нема да останат достапни во целосната верзија. Ние ви препорачуваме да направите резервна копија од вашите податоци пред да ја избришете бета-апликацијата или да ја купите целосната верзија од App Store.
Бета-апликациите обезбедени од Apple и/или од програмери на трета страна може да не бидат достапни на сите јазици или во сите земји, а Apple не изјавува дека бета-апликациите се соодветни или достапни за употреба на некоја одредена локација. До степенот до којшто ќе изберете да пристапите и да ги користите бета-апликациите преку TestFlight, тоа го правите на сопствена иницијатива и вие сте одговорни за усогласеноста со сите важечки закони. Бета апликациите се временски ограничени и TestFlight може да го измени, ограничи или прекине пристапот до бета-апликациите во секое време без известување или обврска кон вас. Покрај тоа, разбирате и се согласувате дека одредени информации за одредена бета-апликација преземена преку TestFlight можеби нема да ви бидат достапни пред да ја преземете, вклучително без ограничување на старосната оценка на бета-апликацијата, минималните хардверски барања и достапноста на предметите коишто се достапни за купување во рамките на бета-апликацијата (на пр., купувањата од апликацијата). Со преземање на бета-апликацијата, се согласувате да ја користите бета-апликацијата без ваквите информации и сознанија.
Потврдувате и се согласувате дека нема да ви биде даден надомест за проценувањето на бета-апликациите или за бета-записите и дека ќе ги сносите сите трошоци од користењето на TestFlight и бета-апликациите (пр. мобилен оператор и трошоци за податоци). Освен тоа, со ова потврдувате и се согласувате дека содржината на бета-апликациите и вашето користење на бета-апликациите коишто не се достапни јавно ќе се смета за доверливо освен ако доставувачот на апликации изречно не го одобри јавното откривање. Се согласувате да ја чувате бета-апликацијата во тајност и да ја третирате како доверлива, на пр., да не ја споделувате бета-апликацијата со другите коишто ја немаат инсталирано.
Ако имате жалба за одредена бета-апликација, испратете ја директно до доставувачот на апликации. Потврдувате и се согласувате дека доставувачот на апликации, а не Apple, е целосно одговорен за бета-апликацијата, освен ако Apple не е давател на лиценца за таквата бета-апликација.
Податоци од бета-тестирањето и повратни информации за бета-апликацијата
Кога користите бета-апликација преку TestFlight, Apple и доставувачот на апликации автоматски ќе собираат дневници за падовите и податоци за употребата („податоци за бета-тестирањето“) и не може да ја исклучите опцијата за собирање податоци за бета тестирањето.
TestFlight, исто така, ќе ви овозможи да поднесувате писмени или визуелни повратни информации (на пр., снимки од екранот и коментари) за бета-апликациите до Apple и/или доставувачите на апликации („повратни информации за бета апликацијата“). Ако поднесете повратни информации за бета-апликацијата, вие потврдувате и се согласувате дека тоа го правите на ваша сопствена иницијатива и дека доставувачот на апликации (вклучително и Apple ако е бета-апликација на Apple) ќе има право да ги користи вашите повратни информации за бета-апликацијата како што е наведено подолу. Вие му изјавувате на доставувачот на апликации дека ги имате сите потребни права за да давате повратни информации за бета-апликацијата и да му ги доделите правата на доставувачот на апликации.
Доставувачот на апликации може да ги користи податоците од бета-тестирањето и повратните информации за бета-апликацијата за подобрување на својата апликација и поврзаните производи и може да ве исконтактира во врска со употребата на бета-апликацијата. Доставувачот на апликации смее да ги користи податоците од бета-тестирањето и повратните информации за бета-апликацијата во согласност со ограничувањата и барањата наведени од Apple во Договорот за лиценцирање развојни програми на Apple и Политиката за приватност на доставувачот на апликации. Apple може да ги користи податоците од бета-тестирањето за да ги подобри своите производи и услуги.
Податоците од бета-тестирањето и повратните информации за бета-апликацијата може да содржат информации за лична идентификација, вклучително и во направените снимки од екранот, како на пр. кога снимката од екранот содржи ваши фотографии или слики и слично, и информации за вашиот уред, вклучувајќи но не ограничувајќи се на разни уникатни идентификатори на уредот, спецификации за хардверот и оперативниот систем, статистички податоци за изведбата и податоци за начинот на којшто ги користите уредот, системот и апликацискиот софтвер, информации за мрежното работење и периферните уреди. Кога ги користите TestFlight и бета-апликацијата, ќе ви бидат обезбедени детали во врска со тоа какви податоци се испратени до Apple и доставувачот на апликации и како тие информации може да се користат. Можете да дознаете повеќе ако појдете на https://testflight.apple.com/#privacy-data . Во секое време Apple ќе управува со вашите информации во согласност со нашата Политика за приватност, којашто може да ја видите на https://www.apple.com/legal/privacy/.
Apple е посветен да обезбеди разновидност и безбедно и пријатно искуство за секого. Повратните информации за бета-апликацијата треба да бидат пристојни и не треба да вклучуваат навредливи, злонамерни или понижувачки написи, слики или снимки од екранот.
БЕЗ ГАРАНЦИЈА
ИЗРЕЧНО ПОТВРДУВАТЕ И СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА TESTFLIGHT И СИТЕ БЕТА-АПЛИКАЦИИ ДОБИЕНИ ПРЕКУ TESTFLIGHT Е НА ВАШ СОПСТВЕН РИЗИК И ДЕКА ЌЕ ГО СНОСИТЕ ЦЕЛИОТ РИЗИК ШТО СЕ ОДНЕСУВА НА ЗАДОВОЛИТЕЛЕН КВАЛИТЕТ, ИЗВЕДБА, ТОЧНОСТ И НАПОР. БЕТА-АПЛИКАЦИИТЕ МОЖЕ ДА СОДРЖАТ СОФТВЕРСКИ, УСЛУЖНИ И ДРУГИ ГРЕШКИ И ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА TESTFLIGHT И/ИЛИ НА БЕТА-АПЛИКАЦИИТЕ ПРЕЗЕМЕНИ ПРЕКУ TESTFLIGHT МОЖЕ ДА НЕ Е ПОСТОЈАНО ДОСТАПНО, БЕЗ ГРЕШКИ ИЛИ БЕЗ ВИРУСИ ИЛИ ДРУГИ ШТЕТНИ КОДОВИ И ПОДАТОЦИТЕ МОЖЕ ДА НЕ СЕ СКЛАДИРААТ ПРЕЦИЗНО ИЛИ ВООПШТО ДА НЕ СЕ СКЛАДИРААТ. ФУНКЦИИТЕ И ФУНКЦИОНАЛНОСТА НА TESTFLIGHT И НА БЕТА-АПЛИКАЦИИТЕ ПРЕЗЕМЕНИ ПРЕКУ TESTFLIGHT СЕ ПОДЛОЖНИ НА ПРОМЕНА И НИВНАТА ДОСТАПНОСТ ЗА ВАС МОЖЕ ДА ПРЕСТАНЕ ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ ИЛИ БЕЗ ИЗВЕСТУВАЊЕ. КОЛКУ ШТО Е МАКСИМАЛНО ДОЗВОЛЕНО СО ПРИМЕНЛИВИОТ ЗАКОН, TESTFLIGHT, БЕТА-АПЛИКАЦИИТЕ ДОБИЕНИ ПРЕКУ TESTFLIGHT И СИТЕ УСЛУГИ КОИШТО СЕ ИЗВРШЕНИ ИЛИ ОБЕЗБЕДЕНИ ОД TESTFLIGHT И/ИЛИ ТАКВИТЕ БЕТА-АПЛИКАЦИИ СЕ ДОСТАВУВААТ „КАКО ШТО СЕ“ И „КАКО ШТО СЕ ДОСТАПНИ“, СО СИТЕ ГРЕШКИ И БЕЗ ГАРАНЦИЈА ОД КАКОВ БИЛО ВИД, А APPLE И ДОСТАВУВАЧОТ НА АПЛИКАЦИИ СО ОВА СЕ ОГРАДУВААТ ОД ОДГОВОРНОСТ ЗА СЕКОЈА ГАРАНЦИЈА И ЗА УСЛОВИТЕ ШТО СЕ ОДНЕСУВААТ НА TESTFLIGHT, БЕТА-АПЛИКАЦИИТЕ И СИТЕ ДИРЕКТНИ, ИНДИРЕКТНИ ИЛИ ЗАКОНСКИ УСЛУГИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ, НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА, ИНДИРЕКТНИТЕ ГАРАНЦИИ И/ИЛИ УСЛОВИТЕ ЗА КОМЕРЦИЈАЛНОСТ, ЗАДОВОЛИТЕЛЕН КВАЛИТЕТ, СООДВЕТНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА ЦЕЛ, ПРЕЦИЗНОСТ, НЕПРЕЧЕНА УПОТРЕБА И ЗА НЕПРЕКРШУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА ТРЕТИ СТРАНИ. APPLE И ДОСТАВУВАЧОТ НА АПЛИКАЦИИ НЕ ДАВААТ ГАРАНЦИЈА ДЕКА ЌЕ МОЖЕ НЕПРЕЧЕНО ДА ГИ ИЗВРШУВАТЕ TESTFLIGHT И/ИЛИ БЕТА-АПЛИКАЦИЈАТА, ДЕКА ФУНКЦИИТЕ ШТО ГИ СОДРЖАТ ИЛИ УСЛУГИТЕ ШТО ГИ ИЗВРШУВААТ ИЛИ ДОСТАВУВААТ TESTFLIGHT И/ИЛИ БЕТА-АПЛИКАЦИЈАТА ЌЕ ГИ ИСПОЛНАТ ВАШИТЕ БАРАЊА, ДЕКА РАБОТЕЊЕТО НА БЕТА-АПЛИКАЦИЈАТА ИЛИ НА TESTFLIGHT ЌЕ БИДЕ НЕПРЕЧЕНО ИЛИ БЕЗ ГРЕШКИ ИЛИ ДЕКА ДЕФЕКТИТЕ ВО БЕТА-АПЛИКАЦИЈАТА ИЛИ TESTFLIGHT ЌЕ БИДАТ ПОПРАВЕНИ. УСНИТЕ ИЛИ ПИШАНИТЕ ИНФОРМАЦИИ ИЛИ СОВЕТИТЕ ШТО ГИ ДАВА ДОСТАВУВАЧОТ НА АПЛИКАЦИИ ИЛИ НЕГОВИОТ ОВЛАСТЕН ПРЕТСТАВНИК НЕ ПРЕТСТАВУВААТ ГАРАНЦИЈА. АКО БЕТА-АПЛИКАЦИЈАТА ИЛИ TESTFLIGHT СЕ ДЕФЕКТНИ, ВИЕ ЌЕ ГИ ПРЕЗЕМЕТЕ СИТЕ ТРОШОЦИ ЗА ПОТРЕБНОТО СЕРВИСИРАЊЕ, ПОПРАВКА ИЛИ ИСПРАВКА. НЕКОИ ПРАВНИ НАДЛЕЖНОСТИ НЕ ДОЗВОЛУВААТ ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ИНДИРЕКТНИТЕ ГАРАНЦИИ ИЛИ ОГРАНИЧУВАЊА НА ПРИМЕНЛИВИТЕ ЗАКОНСКИ ПРАВА НА КОРИСНИКОТ, ШТО ЗНАЧИ ДЕКА ГОРЕСПОМЕНАТИТЕ ИСКЛУЧОЦИ И ОГРАНИЧУВАЊА МОЖЕ ДА НЕ ВАЖАТ ЗА ВАС.
Укинување
За да го прекинете учеството во бета-тестирањето на определена бета-апликација, избришете ја бета-апликацијата од уредот. Со бришење на бета-апликацијата од уредот, ќе се избришат и сите податоци што сте ги создале во таа бета-апликација и може да се избришат и сите податоци создадени во претходно инсталираната целосна верзија на апликацијата. Со бришењето на бета-апликацијата нема да се избришат податоците од бета тестирањето или бета-записот што вие, TestFlight или бета-апликацијата веќе сте ги доставиле до доставувачот на апликации и Apple. За да побарате бришење на вашите лични информации, контактирајте директно со доставувачот на апликации или со Apple. Apple и/или доставувачот на апликации го задржуваат правото да го прекинат вашето учество во бета-тестирањето на која било бета-апликација во кое било време, врз основа на нивното дискреционо право. Како пример, овој прекин може да се случи ако обезбедите повратни информации за бета-апликацијата коишто содржат навредливи и несоодветни слики до доставувачот на апликации.
21.06.2023