Колачиња што ги користи Apple

интернет-страниците и онлајн услугите на Apple може да користат „колачиња“. Колачињата ви овозможуваат да користите колички за купување и да го приспособиме вашето искуство на нашите страници, ни кажуваат кои делови од нашите интернет-страници се посетени, ни помагаат да ја измериме ефективноста на рекламите и интернет пребарувањата и ни даваат увид во однесувањето на корисниците, така што може да ја подобриме нашата комуникација и производи.

Ако сакате да ги оневозможите колачињата во интернет пребарувачот Safari, одете во параметри и потоа во приватност и изберете блокирање на колачиња. На вашиот iPad, iPhone или iPod touch, одете во поставувања, потоа во Safari, а потоа во делот за колачиња. За останатите пребарувачи, проверете со вашиот добавувач за да ги оневозможите колачињата.

Бидејќи колачињата се користат секаде на нашите интернет-страници, нивното оневозможување може да ви попречи во користењето на дадени делови од страниците.

Колачињата што се користат на нашите интернет-страници се категоризирани врз основа на насоките од водичот за колачиња ICC UK. Ние ги користиме следните категории на нашите интернет-страници и други онлајн услуги:

Категорија 1— Строго неопходни колачиња

Овие колачиња се клучни за овозможување на вашето пребарување на нашите интернет-страници и користење на нивните опции. Без овие колачиња, услугите како што се кошничките за купување и е-наплаќањето се оневозможени.

Категорија 2 — Колачиња за изведба

Овие колачиња собираат податоци за тоа како вие ги користите нашите интернет-страници - на пример, кои страници најмногу ги посетувате. Овие податоци може да се користат за да се оптимизираат нашите интернет-страници и да се поедностави навигацијата. Овие колачиња, исто така, се користат за да се известат партнерите доколку сте дошле до некоја од нашите интернет-страници преку некој од партнерите и ако вашата посета резултира со користење или купување на производ или услуга од нас, вклучувајќи детали за купениот производ или услуга. Овие колачиња не собираат податоци што можат да ве идентификуваат. Сите информации што овие колачиња ги собираат се акумулираат и затоа се анонимни.

Категорија 3 — Колачиња за функционалност

Овие колачиња им помагаат на нашите интернет-страници да ги запомнат изборите што сте ги направиле додека сте пребарувале. На пример, ние може да ја чуваме вашата географска локација во колаче за да осигуриме дека ви ја прикажуваме интернет-страницата што е локализирана за вашата област. Ние, исто така, ги помниме параметрите како што се големината, фонтовите и другите приспособливи елементи на страницата. Тие, исто така, може да се користат за следење на тоа кои поставени производи или видео материјали се веќе гледани, за да се избегне повторување. Податоците што ги собираат овие колачиња лично не ве определуваат и не можат да ја следат вашата пребарувачка активност надвор од интернет-страниците на Apple.