Добре дојдовте во iCloud

ОВОЈ ПРАВЕН ДОГОВОР МЕЃУ ВАС И APPLE ЈА РЕГУЛИРА ВАШАТА УПОТРЕБА НА ПРОИЗВОДОТ, СОФТВЕРОТ, УСЛУГИТЕ И ВЕБ-ЛОКАЦИИТЕ НА iCLOUD, (ЗАЕДНИЧКИ НАРЕЧЕНИ „УСЛУГАТА“).  ВАЖНО Е ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ И ДА ГИ РАЗБЕРЕТЕ СЛЕДНИВЕ УСЛОВИ. АКО КЛИКНЕТЕ НА „СЕ СОГЛАСУВАМ“, СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА ОВИЕ УСЛОВИ ЌЕ ВАЖАТ АКО ИЗБЕРЕТЕ ДА ПРИСТАПУВАТЕ ДО УСЛУГАТА ИЛИ ДА ЈА КОРИСТИТЕ. 

Apple е давателот на услугата, којашто ви дозволува да користите одредени интернет-услуги, вклучително и да ги складирате вашите лични содржини (како што се контакти, календари, фотографии, белешки, потсетници, документи, податоци од апликациите и е-поштата од iCloud) и да може да пристапувате до нив преку вашите компатибилни уреди и компјутери, како и да користите одредени услуги засновани на локацијата, но само под условите наведени во овој договор. iCloud се вклучува автоматски кога користите уреди со iOS 9 или понова верзија и се најавувате со вашиот Apple ID за време на поставувањето на уредот, освен ако не го надградувате уредот и претходно сте избрале да не го вклучите iCloud Може да го исклучите iCloud во поставките.  Кога iCloud е вклучен, Apple автоматски ќе ги складира вашите содржини на серверите на Apple или сервери на даватели од трета страна, за да може подоцна да пристапите до тие содржини или содржините да бидат безжично препратени до другите ваши уреди или компјутери на коишто е вклучен iCloud. 

I. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА

          A. Возраст. Услугата е достапна само за лица на возраст од 13 години или повеќе (или за лица на минималната дозволена возраст според релевантното правосудство), освен ако имате помалку од 13 години и вашиот Apple ID ви бил обезбеден како резултат на барање од одобрена образовна институција или воспоставен како дел од функцијата Семејно споделување од страна на вашиот родител или старател. Ние свесно не собираме, користиме или откриваме лични информации од деца помали од 13 години или соодветната најмала возраст во релевантното правосудство, без проверена согласност од родителот.  Исто така, родителите и старателите треба да ги потсетат малолетните лица дека разговарањето со непознати лица преку интернет може да биде опасно и да преземат соодветни мерки на претпазливост за да ги заштитат децата, како и да ја следат нивната употреба на услугата.

За да ја користите услугата, потребно е да немате забрана да ја добивате услугата согласно законите на САД или другите соодветни правосудства, вклучително и правосудството на земјата во којашто престојувате или од каде што ја користите услугата. Ако го прифатите овој договор, потврдувате дека го разбирате и се согласувате со горенаведеното.

          Б. Уреди и сметки. За користење на услугата може да бидат потребни компатибилни уреди, пристап до интернет и одреден софтвер (може да подлежи на надоместоци), може да бидат потребни периодични ажурирања, а перформансите на овие фактори може да влијаат врз самото користење на услугата. Apple го задржува правото да го ограничи бројот на сметки на iCloud („Сметки“) што може да се создадат од еден уред и бројот на уреди што се поврзани со една сметка. За одредени трансакции или функции може да биде потребна најновата верзија на соодветниот софтвер. Се согласувате дека исполнувањето на овие услови е ваша одговорност. 

          В. Ограничувања на употребата.  Се согласувате да ја користите услугата само за целите дозволени со овој договор и само до степенот дозволен од кој било соодветен закон, регулатива или општо прифатена практика во соодветното правосудство. Вашата сметка има капацитет за складирање од 5 ГБ како што е опишано во страниците за функциите на iCloud. Може да се купи дополнителен простор за складирање, како што е опишано подолу. Надминувањето на применливото или разумното ограничување на протокот или капацитетот за складирање (на пример, просторот за резервна копија или за сметката за е-пошта) е забрането и може да ве спречи да правите резервни копии на iCloud, да додавате документи или да добивате нова е-пошта испратена до вашата адреса на е-пошта на iCloud. Ако вашето користење на услугата или друго однесување намерно или ненамерно ја загрозува способноста на Apple да ја обезбедува услугата или другите системи, Apple ќе има право да преземе секакви разумни мерки за да ја заштити услугата и системите на Apple, што може да вклучува и прекинување на вашиот пристап до услугата. Повторените прекршувања на ограничувањата може да резултираат со укинување на вашата сметка.

Ако сте осигурен субјект, деловен соработник или претставник на осигурен субјект или деловен соработник (како што овие термини се дефинирани во 45 C.F.R § 160.103), се согласувате дека нема да искористите каква било компонента, функција или друг објект на iCloud за да создавате, примате, чувате или пренесувате какви било „заштитени здравствени информации“ (како што таквиот термин е дефиниран во 45 C.F.R § 160.103) или да ја користите iCloud на начин со кој Apple (или која било подружница на Apple) би станала ваш деловен соработник или деловен соработник на трета страна.

          Г. Достапност на услугата. Услугата или кој било нејзин дел или функција може да не се достапни на сите јазици или во сите земји и Apple не гарантира дека услугата или кој било нејзин дел или функција се соодветни или достапни за користење на одредена конкретна локација. До степенот до којшто ќе изберете да пристапувате до услугата и да ја користите истата, тоа го правите по сопствена иницијатива и вие сте одговорни за усогласеноста со сите соодветни закони.

          Д. Измени на услугата.  Apple го задржува правото да врши измени на овој договор во секое време и да воведува нови или дополнителни услови за вашето користење на услугата, под услов Apple да ве извести 30 дена претходно за каква било материјално неповолна измена на услугата или на соодветните услови за користење, освен ако не би било разумно да се стори тоа поради околности што произлегуваат од законско, регулаторно или владино дејство; за заштита на безбедноста и приватноста на корисникот или на техничкиот интегритет; за да се избегнат прекини на услугата за другите корисници; или поради природна катастрофа, катастрофален настан, војна или други слични околности што се надвор од контрола на Apple. Што се однесува до платените услуги на iCloud, на пр. iCloud+, како што е дефинирано подолу, Apple нема да изврши материјално неповолна измена на услугата пред крајот на тековната претплата, освен ако е потребно да се изврши измена во согласност со законско, регулаторно или владино дејство; за заштита на безбедноста и приватноста на корисникот или на техничкиот интегритет; за да се избегнат прекини на услугата за другите корисници; или за да се избегнат проблеми што би произлегле од природна катастрофа, катастрофален настан, војна или други слични околности што се надвор од контрола на Apple. Во случај Apple да изврши материјално неповолни измени на услугата или на условите за користење, ќе имате право да го прекинете овој договор и вашата сметка, а во тој случај Apple ќе ви обезбеди сразмерно рефундирање на сумата што сте ја платиле однапред за платената претплата што во тој момент била тековна. Apple нема да одговара пред вас за какви било измени на услугата или на условите за користење извршени во согласност со делот I-Д.

II. ФУНКЦИИ И УСЛУГИ

          А. Фотографии

            1.  Фотографии на iCloud. Кога ќе ги вклучите фотографиите на iCloud, вашите фотографии, видеа, метаподатоци и сите измени што ги правите во апликацијата Фотографии на вашиот уред со iOS, компјутер со macOS или персонален компјутер со Windows ќе се постават и складираат автоматски во iCloud, а потоа ќе се препратат до сите ваши други уреди и компјутери на коишто се вклучени фотографиите на iCloud. Резолуцијата на фотографиите и видеата може да варира во зависност од поставките за уредот и достапниот простор за складирање.  Во секое време може да преземате фотографии и видеа во полна резолуција.

            2. Споделени албуми.  Кога користите споделени албуми, Apple ги складира сите фотографии и видеа што ги споделувате додека не ги избришете. Може да пристапувате до вашите споделени фотографии и видеа од сите ваши уреди од Apple на коишто се вклучени споделените албуми. Луѓето коишто ги поканувате во споделените албуми може да ги гледаат, зачувуваат, копираат и споделуваат овие фотографии и видеа, како и да додаваат фотографии, видеа и коментари.  Ако изберете да користите споделени албуми за да споделувате фотографии преку веб-врска, овие фотографии ќе му бидат јавно достапни на секого што добил или што има пристап до веб-врската. Ако сакате да прекинете со споделување поединечни фотографии, видеа, коментари или цели споделени албуми, може да ги избришете во секое време.  Меѓутоа, имајте предвид дека со тоа не се бришат и содржините што претходно биле копирани од споделениот албум на друг уред или компјутер.  

            3. Споделена фотобиблиотека.  Ако сте овозможиле Фотографии на iCloud, може да создадете или да се придружите во Споделена библиотека со најмногу пет други луѓе.  Кога додавате фотографии и видеа во Споделена фотобиблиотека, тие се преместуваат од вашата Лична библиотека во Споделената библиотека. Сите учесници имаат еднакви дозволи да додаваат, уредуваат и бришат содржини во Споделената библиотека. Сите учесници во Споделената библиотека имаат пристап до содржините на Споделената библиотека, но содржините на Споделената библиотека се одземаат само од квотата на Складот на iCloud на лицето коешто ја создало Споделената библиотека.  Ако на сопственикот на библиотеката му снема склад на iCloud, повеќе не може да се додаваат содржини во Споделената библиотека, а промените, како уредувања, додавање во омилените и приспособување на метаподатоците, повеќе не се синхронизираат.  Корисниците помлади од 13 години (или соодветната минимална возраст во релевантната јурисдикција) со Apple ID набавен од родител или старател може да учествуваат во Споделена фотобиблиотека само со други членови на Семејството.

          Б. Споделување папки и датотеки. Кога користите Споделување папки и датотеки на iCloud, Apple ги складира сите датотеки што ги споделувате, додека не ги избришете  Може да пристапувате до вашите споделени датотеки од сите ваши уреди од Apple на коишто е вклучен iCloud Drive. Може да им дадете пристап на луѓето да ги гледаат, зачувуваат, копираат и изменуваат овие датотеки.  Имате опција на луѓето да им дадете право да ги изменуваат или само да ги гледаат датотеките.  Ако користите Споделување папки и датотеки на iCloud за да споделувате датотеки преку веб-врска, секој што ја добил веб-врската ќе може да пристапи јавно до овие датотеки.  Во секое време може да го прекинете споделувањето датотеки.  Ако го прекинете споделувањето, датотеките ќе се отстранат од iCloud Drive на сечиј уред. Меѓутоа, со тоа не се бришат датотеките што претходно биле копирани на друг уред или компјутер.

          В. Mail Drop. Ако сте најавени на iCloud и ја користите апликацијата macOS Mail или iCloud Мail на веб за испраќање е-пораки со големи прилози, ќе имате опција да користите Mail Drop.  Со Mail Drop, вашите големи прилози привремено ќе се складираат на серверите на iCloud со цел да се олесни нивната испорака. Apple ќе испрати или врска или краток преглед на прилогот до примателите, во зависност од апликацијата за е-пошта на примателот. Привременото складирање големи прилози од е-пораките нема да се пресметува во вашиот капацитет за складирање на iCloud. За повеќе информации за Mail Drop, појдете на https://support.apple.com/en-us/HT203093

          Г. Апликации од трета страна. Ако ги користите акредитивите на iCloud за да се најавите на одредени апликации од трета страна, се согласувате да ѝ дозволите на таа апликација да складира податоци во вашата лична сметка на iCloud и Apple да ги собира, складира и обработува таквите податоци во име на релевантниот развивач на апликацијата од трета страна за ваша употреба на услугата и таквите апликации. Податоците што ги складира апликацијата во вашата лична сметка на iCloud ќе се пресметуваат во лимитот за складирање.  Таквите податоци може да се споделуваат со друга апликација што сте ја презеле од истиот развивач на апликации. 

          Д. Семејно споделување. Со семејното споделување, може да споделувате одредени купени содржини со членовите на вашето семејство, како што се купувања од продавницата и претплати на Apple. Во зависност од тоа што ќе избере да споделува вашето семејство, може да споделувате и содржини како што се фотографии, календари, локација и информации за времето поминато на уредот.  Може да споделувате и одредени претплати и купувања во апликациите од трета страна.  За повеќе информации во врска со споделувањето на купените содржини, разгледајте ги условите за користење медиумски услуги на Apple на https://www.apple.com/legal/internet-services/itunes/ww/.  За повеќе информации околу споделувањето содржини, употребата на уредите и информации за локацијата на членовите на семејството, погледнете на https://www.apple.com/family-sharing/.

          Ѓ. Сметка само за веб на iCloud.  Ако се регистрирате за услугата со сметка само за веб преку уред или компјутер што не припаѓа на брендот Apple, ќе имате пристап само до ограничен збир од функционалности на услугата. Ќе добиете бесплатен склад од 1 ГБ и нема да може да го зголемите овој склад со сметка што служи само за веб. Како услов за пристапување до услугата со сметка само за веб, се согласувате со сите релевантни услови во овој договор, вклучително, но не ограничувајќи се на сите услови за користење на услугата, ограничувањата на употребата, достапноста, јавните бета-верзии, одрекувањата од гаранциите, правилата во врска со вашите содржини и однесувањето, како и во врска со прекинувањето. Условите во овој договор што се однесуваат на функциите што не се достапни за корисниците што имаат сметки само на веб, нема да важат за вас. На пример, тука спаѓаат користењето на услугите засновани на локација и плаќањето на трошоците за надградби на просторот за складирање во iCloud Се согласувате дека доколку постојано пристапувате до вашата сметка на iCloud само за веб преку уред или компјутер од брендот на Apple, без разлика дали поседувате таков уред или компјутер, Apple може автоматски да ви ја надгради сметката само за веб на целосна сметка на iCloud и да ви ја обезбеди сета достапна функционалност на услугата, како и зголемен капацитет за бесплатно складирање. Ако изберете да пристапувате до вашата сметка само за веб преку уред или компјутер од брендот на Apple и како резултат на тоа добиете надградба до целосна функционалност на услугата, се согласувате дека сите услови наведени овде ќе важат за вашето користење на услугата. Доколку не сакате да имате целосна сметка на iCloud, не најавувајте се на вашата сметка само за веб преку уред или компјутер од брендот на Apple.

          Е. iCloud+.  iCloud+ е премиум претплата на iCloud којашто вклучува пристап до дополнителен склад и одредени премиум функции („iCloud+“).  Плановите за претплата за iCloud+ се претплати на iCloud+.  Во зависност од барањата на вашата локација, може да добиете дел или сите од следниве функции на iCloud+ ако имате претплата на iCloud+ или ако некој во вашата група за семејно споделување има претплата на iCloud+ и ја сподели со вас:

            1. Приватен пренос.  Приватниот пренос ви дозволува поприватно и побезбедно да се поврзете на веб и да прегледувате со шифрирање на вашиот интернет-сообраќај и негово испраќање низ најмалку два интернет-преноси.  Кога користите Приватен пренос, некои веб-локации може да не се однесуваат како што очекувате, на пример, може да прикажуваат содржини за погрешен регион или да бараат дополнителни чекори при најавување.  Приватниот пренос може да го вклучите или исклучите од Поставки за iCloud кога сакате. Дополнително, Приватниот пренос може да влијае врз способноста на вашиот давател на интернет да ја исклучи употребата на податоци од ограничувањата за податоци, што може да доведе до дополнителни трошоци за вашиот давател на интернет.  Приватниот пренос првично може да е достапен во бета-верзија и, во тој случај, е предмет на бета-функциите поврзани со одредбите од делот VI.В. (Јавна бета-верзија).

             2. Скриј ја мојата е-пошта.  Скриј ја мојата е-пошта ви дозволува да генерирате уникатни, случајни адреси на е-пошта коишто ќе се проследуваат на адреса на е-пошта по ваш избор.  Apple го задржува правото да го ограничи бројот на адреси на е-пошта достапни со оваа функција или да го укине користењето на одреден псевдоним ако неговото користење ги прекршува одредбите и условите наведени овде.  

             3. Безбедно видео на HomeKit.  Безбедното видео на HomeKit во iCloud ви дозволува да складирате видеа од компатибилните домашни безбедносни камери во iCloud и далечински да ги гледате снимките.  За Безбедно видео на HomeKit е потребен поддржан план на iCloud+, компатибилна безбедносна камера со овозможен HomeKit и HomePod, Apple TV или iPad како домашен центар.  Одредени планови на iCloud+ може да го ограничат бројот на достапни камери или видеоемитувања.  

             4. Приспособени домени за е-пошта.  Може да ја персонализирате вашата адреса на iCloud Mail со приспособено име на домен (кога е достапно) и да ги поканите членовите на вашето семејство да го користат истиот домен со нивните сметки на iCloud Mail.  Секое лице може да има најмногу три адреси на е-пошта по домен.  Поштата складирана во iCloud се вбројува во вашиот склад на iCloud. Ако ви снема простор во складот на iCloud, нема да може да добивате нови пораки на вашите приспособени адреси на е-пошта додека да ослободите простор во складот.  Apple го задржува правото да одбие да ја персонализира вашата адреса на iCloud Mail со приспособено име на домен коешто е незаконско, претставува малтретирање, закана, е штетно, погрешно, клеветничко, навредливо, насилно, непристојно, вулгарно, нарушува нечија приватност, шири омраза, е расно или етнички навредливо или е неприфатливо на друг начин.  

Некои функции на iCloud+ не се достапни во сите држави или региони.  

          Ж. Автентикација со два фактори и автоматско бирање повици/пишување текстуални пораки. Ако изберете да ја вклучите автентикацијата со два фактори за вашиот Apple ID, се согласувате (а) да му обезбедите на Apple најмалку еден телефонски број; и (б) да примате автоматски бирани или претходно снимени повици и текстуални пораки од Apple на кој било од обезбедените телефонски броеви. Ние може да воспоставуваме такви повици или да испраќаме такви текстуални пораки за (i) да ја одржуваме безбедноста на вашата сметка кога се најавувате; (ii) да ви помогнеме да пристапите до вашата сметка кога сте ја заборавиле лозинката; или (iii) да ја опслужуваме вашата сметка според потребите или да ги спроведуваме овој договор, нашите политики, важечкиот закон или кој било друг договор што го имаме со вас.

          З. Помош при обновување на сметката.  Може да додадете едно лице или повеќе луѓе како контакти за обновување коишто може да ги користат своите уреди за да генерираат код којшто ќе ви помогне повторно да добиете пристап до вашите сметка и податоци.  Контактот за обновување мора да биде постар од 13 години (или соодветната минимална возраст во релевантното правосудство), да има Apple ID, автентикација со два фактори и уред на Apple со вклучена лозинка за уреди.  Нема да може да добие директен пристап до вашата сметка.  Ваша одговорност е да ги ажурирате контактите за обновување. 

          Ѕ. Напредна заштита на податоци. Со Напредна заштита на податоци, може да овозможите употреба на шифрирање од крај до крај за понатамошна заштита на дополнителните категории на вашите податоци во iCloud, вклучително и iCloud Backup, Фотографии, Белешки и датотеки складирани во iCloud Drive. За да овозможите Напредна заштита на податоци, мора да имате вклучено автентикација со два фактори за вашиот Apple ID и доверлив уред (уреди на коишто сте се најавиле на вашата Сметка со помош на автентикација со два фактори) за сметката со вклучена лозинка.  Дополнително, од вас ќе се побара и да генерирате клуч за обнова или да назначите најмалку еден контакт за обнова на сметката за да можете повторно да добиете пристап до вашите Сметка и податоци во случај да ја заборавите лозинката за Сметката, ако немате пристап до некој од доверливите уреди и ако сте ги заборавиле лозинките за уредите. Контактите за обнова може да ги менувате кога било, но мора да бидат постари од 13 години (или еквивалентната минимална возраст каде што живее контактот за обнова), да имаат Apple ID со вклучена автентикација со два фактори и да имаат уред на Apple поставен со лозинка.  Apple нема да може да ви помогне да ги обновите податоците заштитени со Напредна заштита на податоци кога функцијата е вклучена, па ваша одговорност е да ги чувате клучот за обнова на безбедно и/или контактите за обнова ажурирани.  Apple не одговара за вашата неможност да пристапите до вашата сметка или до податоците како резултат на небезбедно чување на клучот за безбедност, или ако контактот за обнова не може или не сака да ви помогне да го вратите пристапот до вашата Сметка и до податоците. Управуваните Apple ID и Детските сметки не ги исполнуваат условите за Напредна заштита на податоци. Напредната заштита на податоци може да ја исклучите во секое време.

          И. Безбедносни клучеви. Безбедносните клучеви ви овозможуваат да побарате физички безбедносен клуч којшто ќе се користи за најавување со вашиот Apple ID. Безбедносните клучеви бараат да имате вклучено автентикација со два фактори на вашиот Apple ID и да користите безбедносен клуч од трета страна сертифициран од страна на FIDO како еден од двата фактори.  Безбедносните клучеви ви овозможуваат да користите доверлив уред за да додадете нов клуч или целосно исклучете ги Безбедносните клучеви за да го задржите пристапот до вашата сметка. Но, ако ги изгубите ваши безбедносни клучеви, како и доверливите уреди, трајно ќе го изгубите пристапот до вашата сметка и Apple нема да може да ви помогне да го вратите пристапот до вашата сметка или до податоците. Apple не одговара за вашата неможност да пристапите до вашата сметка или до податоците како резултат на небезбедно чување на вашите физички безбедносни клучеви или ако се појави проблем во функционирањето на физичките клучеви.  Управуваните Apple ID и детските сметки не ги исполнуваат условите за Безбедносни клучеви.

          Ј. Дигитално наследство.  Со Дигиталното наследство, може да додадете еден или повеќе контакти кои ќе пристапат до и ќе преземат одредени податоци од вашата сметка по вашата смрт.  Ако назначените контакти обезбедат доказ за смрт за Apple и ја имаат потребната лозинка, автоматски ќе добијат пристап до одредени податоци на сметката и активирањето ќе се отклучи за сите ваши уреди.  Затоа, ваша одговорност е да ги ажурирате вашите контакти за Дигитално наследство.  Повеќе за Дигиталното наследство може да дознаете на http://support.apple.com/HT212360 и  http://support.apple.com/HT212361.    

          К. Користење услуги засновани на локација

Apple и неговите партнери и даватели на лиценци може да обезбедат одредени функции или услуги што користат информации за локацијата на уредот утврдена со помош на GPS (или слична технологија, каде што е достапна) и на заедничките пристапни места за Wi-Fi и локациите на базните станици за мобилна телефонија. За да ги обезбедат таквите функции или услуги каде што се достапни, Apple и неговите партнери и даватели на лиценци мора да ги собираат, користат, пренесуваат, обработуваат и чуваат податоците за вашата локација, вклучително, но не ограничувајќи се на географската локација на вашиот уред и информациите поврзани со вашата сметка на уредите регистрирани на истата, вклучително, но не ограничувајќи се на вашиот Apple ID, името и идентификацискиот број на уредот и типот уред. 

Во секое време може да ја повлечете согласноста Apple и неговите партнери и даватели на лиценци да ги собираат, користат, пренесуваат, обработуваат и чуваат податоците за локацијата и сметката со тоа што нема да ги користите функциите засновани на локација и ќе ги исклучите функциите Find My (вклучително и претходните апликации Find My iPhone и Find My Friends, со едно име „Find My“) или Location Services (како што е применливо) на вашиот уред. Кога користите услуги од трета страна кои користат или обезбедуваат податоци за локацијата како дел од услугата, треба да ги разгледате и да се придржувате до условите и политиката за приватност на таа трета страна за користењето на податоци за локацијата од страна на таквите услуги од трета страна. Не треба да се потпирате на податоците за локацијата обезбедени од услугата во ситуации во кои се потребни прецизни информации за локацијата или каде погрешни, неточни, ненавремени или нецелосни податоци за локацијата може да доведат до смрт, телесна повреда, имотна штета или штета за животната средина. Apple ќе користи разумни вештини и грижа при обезбедувањето на услугата, но ниту Apple ниту кој било од неговите даватели на услуги и/или содржини не ги гарантираат достапноста, прецизноста, целосноста, веродостојноста или навременоста на податоците за локацијата или какви било други податоци прикажани од услугата. УСЛУГИТЕ ЗАСНОВАНИ НА ЛОКАЦИЈА НЕ СЕ НАМЕНЕТИ ИЛИ СООДВЕТНИ ДА СЕ УПОТРЕБУВААТ КАКО СИСТЕМ ЗА ИТНО ЛОЦИРАЊЕ.

          Л. Find My 

Кога ќе ги вклучите iCloud и Location Services на уред што извршува iOS 13, iPad OS или macOS Catalina или понов, Find My (Find My iPhone за уреди што извршуваат iOS 8 до iOS 12) автоматски ќе се вклучи на тој уред и на другите додатоци од Apple што се спарени со него.  Штом се вклучи, вашиот уред автоматски ќе се поврзе со вашиот Apple ID и ќе се побара лозинката за вашиот Apple ID пред да може некој (вклучително и вие) да ја исклучи функцијата Find My, да се одјави од iCloud, да го избрише или да го активира уредот.  Apple и неговите овластени претставници не вршат услуги за хардверска или софтверска поддршка, вклучително и услуги под ограничената гаранција на Apple, освен ако не ја исклучите функцијата Find My пред сервисирањето.  Apple нема да сноси одговорност доколку не успеете да го заштитите вашиот уред со iOS со лозинка, доколку не го овозможите режимот Lost Mode и/или доколку не ги примате или не одговарате на известувањата и соопштенијата.  Исто така, Apple нема да сноси одговорност да ви го врати уредот со iOS и нема да сноси одговорност за каква било загуба на податоци од вашиот уред со iOS.

Find My Network е заедничка функција што може да ви помогне вам и на другите да наоѓате изгубени уреди што не се поврзани на интернет. Ако ја вклучите функцијата Find My Network на уредот, таа може да открива присуство на исклучени уреди во близина преку Bluetooth (или слични технологии). Ако уредот открие изгубен уред што е исклучен, тој ќе користи Wi-Fi или мобилна мрежа за безбедно пријавување на приближната локација на уредот до Apple ID поврзан со уредот со цел сопственикот да може да ја види неговата локација во апликацијата Find My. Пријавувањето на локацијата е целосно шифрирано и Apple не може да ја види локацијата на уредот што пријавува, ниту на кој било исклучен уред. Може да ја исклучите Find My Network во поставките.

          Љ. Backup

iCloud Backup повремено создава автоматски резервни копии за уредите со iOS кога екранот на уредот е заклучен, кога уредот е поврзан со извор на напојување и кога е поврзан на интернет преку Wi-Fi мрежа. Доколку не е создадена резервна копија за уредот во iCloud во период од сто и осумдесет (180) дена, Apple го задржува правото да ги избрише сите резервни копии поврзани со тој уред. Резервната копија може да ги содржи поставките за уредот, карактеристиките на уредот, фотографиите и видеата, документите, вашите пораки, тоновите на ѕвонење, податоците од апликацијата Health и податоци од други апликации. За дополнителни информации, појдете на https://support.apple.com/en-us/HT207428.  Следниве содржини не се вклучени во вашата резервна копија во iCloud: содржините купени од iTunes Store, App Store или од Apple Books, медиумите синхронизирани од вашиот компјутер, како и вашата фотобиблиотека ако сте ја вклучиле iCloud Photo Library. Apple ќе користи разумни вештини и грижа при обезбедувањето на услугата, но, ДО НАЈГОЛЕМАТА МЕРА ДОЗВОЛЕНА СО ВАЖЕЧКИОТ ЗАКОН, APPLE НЕ ГАРАНТИРА ДЕКА СОДРЖИНИТЕ ШТО ГИ СКЛАДИРАТЕ ИЛИ ДО КОИШТО ПРИСТАПУВАТЕ ПРЕКУ УСЛУГАТА НЕМА ДА ПОДЛЕЖАТ НА НЕНАМЕРНО ОШТЕТУВАЊЕ, ЗАГУБА ИЛИ ОТСТРАНУВАЊЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО УСЛОВИТЕ НА ОВОЈ ДОГОВОР И APPLE НЕМА ДА СНОСИ ОДГОВОРНОСТ ДОКОЛКУ СЕ СЛУЧИ ТАКВО ОШТЕТУВАЊЕ, ЗАГУБА ИЛИ ОТСТРАНУВАЊЕ. Ваша одговорност е да чувате соодветна посебна резервна копија од вашите информации и податоци.

III. НАДГРАДБИ НА ПРЕТПЛАТАТА

Плановите за претплата на iCloud+ се достапни за купување како претплата.

          А. Плаќање

Со тоа што ќе надградите на услугата за претплата на iCloud за повеќе склад и дополнителни функции, Apple автоматски ќе врши повремена наплата на надоместокот за соодветната претплата што сте ја избрале, вклучително и на соодветните даноци, користејќи го начинот на плаќање поврзан со вашиот Apple ID (на пр., начинот на плаќање што го користите за да купувате на iTunes Store, App Store или Apple Books, ако е достапен) или начинот на плаќање поврзан со вашата семејна сметка. За детали околу плановите и цените, појдете на https://support.apple.com/en-us/HT201238.  Ако сте организатор на семејството, се согласувате Apple да ви наплаќа повремено од вашиот начин на плаќање за членовите на семејството кои ќе извршат надградба на нивниот план. Исто така, Apple може да добие претходно одобрение за износ, па сè до износот на трансакцијата и да контактира повремено со вас преку е-пораки на адресата на е-пошта поврзана со вашиот Apple ID за да ви испраќа потсетници за фактурирање и други известувања во врска со сметката за претплата.  

Може да ја смените вашата претплата со зголемување или намалување на планот во секцијата iCloud од поставките на уредот или во окното iCloud од претпочитаните вредности на системот на вашиот Mac или во iCloud за Windows на вашиот компјутер.

Соодветната наплата за надградениот план ќе се изврши веднаш; намалувањата на вашата претплата ќе се реализираат на следниот датум за годишно или месечно фактурирање ВИЕ СТЕ ОДГОВОРНИ ЗА НАВРЕМЕНОТО ПЛАЌАЊЕ НА СИТЕ НАДОМЕСТОЦИ И ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА APPLE СО ДЕТАЛИ ЗА ВАЖЕЧКА КРЕДИТНА КАРТИЧКА ИЛИ ЗА СМЕТКА ЗА ПЛАЌАЊЕ. Доколку Apple не може да изврши успешна наплата од вашата кредитна картичка или од сметката за плаќање за доспеаните надоместоци, Apple го задржува правото да ви го укине или ограничи пристапот до складираните содржини, да ви ги избрише складираните содржини или да ви ја укине сметката. Ако сакате да наведете друга кредитна картичка или сметка за плаќање или ако има измена во статусот на кредитната картичка или сметката за плаќање, вашите информации мора да ги смените на интернет во секцијата Информации за сметката на iCloud; со ова може привремено да се прекине вашиот пристап до услугите додека Apple ги проверува новите информации за плаќање. Може да контактираме со вас преку е-пошта во врска со вашата сметка од причини во кои спаѓаат, но без ограничување на, достигнување или надминување на лимитот за складирање на избраниот план. 

Ако сте во Бразил, без оглед на евентуалните спротивни одредби наведени во овој документ:

За сè што ви наплаќа, Apple може да ангажира партнерска компанија што ќе врши наплата на сите износи што ги должите за вашата сметка на iCloud.  Покрај тоа, во вкупната цена ќе биде вклучен износот на надградбата плус сите применливи провизии за кредитната картичка. Вие сте одговорни за сите применливи даноци за вас, освен за применливите даноци по задршка што ќе ги наплати партнерската компанија на Apple. Мора да ги наведете сите информации за сметката што се потребни за Apple да овозможи такви трансакции. Потврдувате и се согласувате дека ако не ги наведете сите потребни информации за сметката, Apple ќе има право да ви ја укине сметката. 

          Б. Право на повлекување

Ако сакате да ја откажете вашата претплата откако веќе сте ја платиле или, ако имате годишна претплата, по започнувањето на одредена претплата за обновување, тоа може да го сторите информирајќи го Apple со јасна изјава (видете ги соодветните информации за адресата во секцијата „Општо“ подолу) во рок од 14 дена откако сте ја добиле потврдата преку е-пошта контактирајќи со службата за поддршка. Не е задолжително да наведете причина за откажувањето на претплатата. 

За да ја откажете претплатата во дадениот рок, мора да го испратите известувањето за откажување пред да истече 14-дневниот период. 

Клиентите од ЕУ и од Норвешка, исто така, имаат право да нè информираат користејќи го формуларот за откажување подолу:

До:  Apple Distribution International Ltd., Hollyhill Industrial Estate, Hollyhill, Cork, Република Ирска:

Ве известувам дека се повлекувам од мојот договор за следново: 

[ПЛАН И ПЕРИОД НА ПРЕТПЛАТАТА, на пр. НАДГРАДБА ОД 200 ГБ НА ПЛАНОТ ЗА МЕСЕЧНАТА ПРЕТПЛАТА НА iCLOUD+]

Нарачано на [ВНЕСЕТЕ ДАТУМ] 

Име на клиентот

Адреса на клиентот

Датум 

Влијанија на откажувањето 

Ќе ви го намалиме складот на 5 ГБ и ќе ви ги вратиме парите најдоцна за 14 дена од денот на којшто ќе го добиеме вашето барање за откажување. Ако сте искористиле повеќе од 5 ГБ простор за складирање во текот на овој период, нема да можете да создавате други резервни копии на iCloud или да користите одредени функции додека не го намалите складот. Ќе ги користиме истите начини за исплата што сте ги користеле за трансакцијата и нема да сносите трошоци за враќањето на парите. 

IV. Ваше користење на услугата

          A. Ваша сметка

Како регистриран корисник на услугата, мора да отворите сметка. Не откривајте ги никому информациите за вашата сметка. Вие сте единствено одговорни за чувањето на доверливоста и безбедноста на вашата сметка, како и за сите активности кои се остваруваат на или преку вашата сметка и се согласувате веднаш да го известите Apple за секое нарушување на безбедноста на сметката. Понатаму, потврдувате и се согласувате дека услугата е предвидена и наменета за лична употреба како поединец и дека не треба да ги споделувате информациите за сметката и/или лозинката со друго лице. Доколку сме примениле разумни вештини и грижа, Apple нема да сноси одговорност за какви било загуби што произлегуваат од неовластена употреба на вашата сметка како резултат на вашето непочитување на овие правила.

За да ја користите услугата, мора да ги внесете вашите Apple ID и лозинка со цел да ја потврдите сметката. Се согласувате да дадете точни и целосни информации кога се регистрирате и додека ја користите услугата („Податоци за регистрација за услугата“) и се согласувате да ги ажурирате податоците за регистрација за услугата за да бидат точни и целосни. Доколку не обезбедите точни, тековни и целосни податоци за регистрација за услугата, тоа може да резултира со суспендирање и/или укинување на вашата сметка. Се согласувате дека Apple може да ги складира и користи податоците за регистрација за услугата што ги обезбедувате за користење со цел одржување и фактурирање на трошоците за вашата сметка.

          Б. Користење други производи и услуги на Apple

За одредени компоненти или функции на услугата обезбедени од Apple и/или неговите даватели на лиценци, вклучително, но не ограничувајќи се на способноста за преземање претходни купувања и iTunes Match и/или музичката библиотека на iCloud (се јавуваат дополнителни трошоци), потребен е посебен софтвер или други лиценцни договори или услови за користење Мора да го прочитате, прифатите и да се согласите да бидете обврзани со таквиот посебен договор како услов за користење на овие конкретни компоненти или функции на услугата

          В. Без пренесување

Ништо што е содржано во овој договор нема да се смета дека ви доделува интерес, титула или лиценца за Apple ID, адресата на е-пошта, името на доменот, iChat ID или слични ресурси што ги користите во врска со услугата

          Г. Без право на опстанување

Со исклучок на тоа што е дозволено согласно Дигиталното наследство и освен ако не е поинаку регулирано со закон, се согласувате дека вашата сметка е непренослива и дека сите права за вашите Apple ID или содржини во рамки на вашата сметка престануваат по вашата смрт. По приемот на копија од извод од матичната книга на умрени, вашата сметка може да се укине и да се избришат сите содржини од неа. За дополнителни информации, контактирајте со поддршката за iCloud на https://support.apple.com/icloud/.

          Д. Без препродавање на услугата

Се согласувате дека нема да ја умножувате, копирате, дуплирате, продавате, препродавате, изнајмувате или да ја заменувате услугата (или кој било дел од истата) за каква било намена.

V. Содржината и вашето однесување

          A. Содржина

„Содржина“ се сите информации што може да се создадат или сретнат со користење на услугата, како што се датотеки со податоци, карактеристики на уредот, напишан текст, софтвер, музика, графика, фотографии, слики, звуци, видеа, пораки и други слични материјали. Разбирате дека за сите содржини, без разлика дали се објавени јавно или приватно пренесени на услугата, единствено е одговорно лицето од кое потекнуваат тие содржини. Ова значи дека вие, а не Apple, сте единствено одговорни за сите содржини што ги поставувате, преземате, објавувате, испраќате преку е-пошта, пренесувате, складирате или на друг начин ги ставате на располагање со вашето користење на услугата. Разбирате дека со користењето на услугата може да наидете на содржини што ги сметате за навредливи, непристојни или непријатни и дека може да ги изложите и другите на содржини што тие ги сметаат за непријатни. Apple не ги контролира содржините објавени преку услугата, ниту пак ги гарантира точноста, интегритетот или квалитетот на таквите содржини. Разбирате и се согласувате дека вашето користење на услугата и содржините е единствено на ваш сопствен ризик.

          Б. Вашето однесување

Се согласувате дека НЕМА да ја користите услугата за:

а. да поставувате, преземате, објавувате, испраќате преку е-пошта, пренесувате, складирате, споделувате, увезувате или на друг начин да споделувате содржини што се незаконски, вознемирувачки, заканувачки, штетни, клеветнички, злоупотребувачки, насилнички, непристојни, вулгарни, содржини што ја нарушуваат туѓата приватност, што содржат говор на омраза, содржини што се навредливи на расна или етничка основа или непријатни на кој било друг начин;

б. да демнете, вознемирувате, да се заканувате или да им наштетувате на други лица;

в. доколку сте возрасно лице, да барате лични или други информации од малолетно лице (сите лица под 18-годишна возраст или слична возраст што локалните закони ја одредуваат како малолетна возраст) кое што не ви е лично познато, вклучително, но не ограничувајќи се на следниве информации: име или презиме, домашна адреса, поштенски код, телефонски број, слика или имињата на училиштето, црквата, спортската екипа или пријателите на малолетното лице;

г. да се претставувате како лице или субјект што не сте – не смеете да се претставувате како друго лице (вклучително и како некоја позната личност), субјект, друг корисник на iCloud, вработен во Apple или граѓански или владин лидер или на друг начин да претставувате ваша блискост со лице или субјект (Apple го задржува правото да ги одбие или блокира кој било Apple ID или адреса на е-пошта што може да се утврди дека се користат за лажно претставување на вашиот идентитет или дека ги користите името или идентитетот на друго лице);

д. да учествувате во прекршување на авторски права или други прекршувања на правата на интелектуална сопственост (вклучително и поставување содржини коишто немате право да ги поставувате) или да откривате каква било трговска тајна или доверливи информации со што се прекршува некој договор за доверливост, вработување или за неоткривање деловни тајни;

ѓ. да објавувате, испраќате, пренесувате или на друг начин да споделувате несакани или неовластени е-пораки, реклами, промотивни материјали, непотребна пошта, спам или групни пораки, вклучително, но без ограничување на масовно комерцијално рекламирање и информативни соопштенија;

е. да фалсификувате заглавие на TCP-IP пакет или кој било дел од информациите во заглавието на е-пораката или објавата наменета за група читатели на вести или на друг начин да внесувате информации во заглавието со цел да ги измамите примателите во однос на потеклото на содржините пренесени преку услугата („spoofing“);

ж. да поставувате, објавувате, испраќате преку е-пошта, пренесувате, складирате или на друг начин споделувате материјал што содржи вируси или каков било друг компјутерски код, датотеки или програми што се наменети да ѝ наштетат, попречат или да го ограничат нормалното работење на услугата (или кој било нејзин дел) или друг компјутерски софтвер или хардвер;

з. да ја попречувате или нарушувате услугата (вклучително и да пристапувате до услугата преку автоматизирани средства, како што се скрипти или веб-ползачи) или серверите или мрежите поврзани со услугата, или какви било политики, услови или прописи на мрежите поврзани со услугата (вклучително и неовластен пристап, користење или надзор на податоци или сообраќај на истата);

ѕ. да планирате или да учествувате во каква било незаконска активност; и/или

и. да собирате и складирате лични информации за кои било други корисници на услугата што би се користеле за некоја од горенаведените забранети активности.

          В. Отстранување содржини

Потврдувате дека Apple не е одговорен на каков било начин за какви било содржини обезбедени од други лица и нема обврска да ги проверува таквите содржини. Меѓутоа, Apple го задржува правото во секое време да утврди дали содржините се соодветни и усогласени со овој договор и може да ги провери, премести, одбие, измени и/или отстрани содржините во секое време, без претходно известување и по сопствено убедување, доколку утврди дека со таквите содржини се прекршува овој договор или дека содржините се на друг начин несоодветни.

          Г. Резервна копија од вашите содржини

Вие сте одговорни за правењето резервни копии од важните документи, сликите или другите содржини што ги складирате или до коишто пристапувате преку услугата на вашиот компјутер или на друг уред. Apple ќе користи разумни вештини и грижа при обезбедувањето на Услугата, но Apple не гарантира дека содржините што ги складирате или до коишто пристапувате преку услугата нема да бидат изложени на ненамерно оштетување или загуба.

          Д. Пристап до сметката и содржините

Apple го задржува правото да презема мерки што смета дека се разумно потребни или соодветни за да ја спроведе и/или провери усогласеноста со кој било дел од овој договор. Потврдувате и се согласувате дека Apple може, без одговорност кон вас, да пристапува, да ги користи, чува и/или открива информациите за вашата сметка и сите нејзини содржини на полициските органи, владини претставници и/или трети страни, до степенот до којшто Apple смета дека тоа е разумно потребно или соодветно, доколку законски се бара да го стори истото или доколку Apple добронамерно смета дека таквиот пристап, употреба, откривање или чување е разумно потребно за да: (a) ја почитува законската постапка или барање; (б) да го спроведува овој договор, вклучително и истрагата за каков било можен прекршок на договорот; (в) да ги открива, спречува или на друг начин да се справува со безбедносните и техничките проблеми или измами; или (г) да ги штити правата, сопственоста или безбедноста на Apple, на неговите корисници, на третите страни или на јавноста како што се бара и како што е дозволено со закон.  Потврдувате дека Apple не е одговорен на каков било начин за какви било содржини обезбедени од други лица и нема обврска да ги проверува таквите содржини. Меѓутоа, согласно политиката за приватност на Apple, Apple го задржува правото во секое време да утврди дали содржините се соодветни и усогласени со овој договор и може да ги провери, премести, одбие, измени и/или отстрани содржините во секое време, без претходно известување и по сопствено убедување, доколку утврди дека со таквите содржини се прекршува овој договор или дека содржините се на друг начин несоодветни.

          Ѓ. Известување за авторски права – DMCA

Ако сметате дека ви се прекршени авторските права за одредена содржина од страна на некој што ја користи услугата, контактирајте со агентот за авторски права на Apple како што е наведено во нашата Политика за авторски права на https://www.apple.com/legal/trademark/claimsofcopyright.html. Apple може по сопствено убедување да ги суспендира и/или укине сметките на корисниците за кои ќе се утврди дека постојано прекршуваат авторски права.

          Е. Прекршувања на овој договор

Ако наидете на содржини што ги сметате за несоодветни или сметате дека содржините на некој друг начин го прекршуваат овој договор додека ја користите услугата, може да ги пријавите со испраќање е-порака на abuse@iCloud.com.

          Ж. Содржини поднесени или споделени од вас на услугата

1. Лиценца од вас. Освен за материјалите за коишто може да ви издадеме лиценца, Apple не бара сопственост врз материјалите и/или содржините што ги поднесувате или споделувате на услугата. Меѓутоа, со поднесувањето или објавувањето на таквите содржини во делови од услугата до кои можат да пристапуваат јавноста или други корисници со кои сте согласни да ги споделувате таквите содржини, на Apple му давате неексклузивна лиценца без надомест за авторски права и важечка во светски рамки, за да ги користи, дистрибуира, умножува, модифицира, адаптира, објавува, преведува, јавно да ги изведува и јавно да ги прикажува таквите содржини на услугата, единствено за целите за кои содржините биле поднесени или споделени, без каков било надомест или обврска кон вас. Се согласувате дека за сите содржини поднесени или објавени од вас ќе бидете одговорни единствено вие и дека содржините нема да ги прекршуваат правата на која било друга страна или да прекршуваат какви било закони, да придонесуваат за или да поттикнуваат прекршоци или други незаконски постапки, или на друг начин да бидат непристојни, непријатни или невкусни. Со поднесувањето или објавувањето на такви содржини во делови од услугата до коишто можат да пристапуваат јавноста или други корисници, потврдувате дека сте сопственик на таквиот материјал и/или дека ги имате сите потребни права, лиценци и овластувања да ги дистрибуирате.

2. Измени на содржините. Разбирате дека за да ја обезбеди услугата и да ги направи вашите содржини достапни на истата, Apple може да ги пренесува вашите содржини преку разни јавни мрежи, во различни медиуми и да врши измени на содржините со цел да ги усогласи со техничките барања на мрежите што се користат за поврзување или на уредите или компјутерите. Се согласувате дека оваа лиценца му дозволува на Apple да презема такви дејствија.

3. Информации за трговски марки. Apple, логото на Apple, iCloud, логото на iCloud и други трговски марки, услужни марки, графики и логоа на Apple што се користат во врска со услугата се трговски марки или регистрирани трговски марки на Apple Inc. во САД и/или во други држави. Списокот со трговските марки на Apple е достапен тука – https://www.apple.com/legal/trademark/appletmlist.html. Другите трговски марки, услужни марки, графики и логоа што се користат во врска со услугата може да се трговски марки на нивните соодветни сопственици. Не добивате никакво право или лиценца за која било од горенаведените трговски марки и се согласувате дека нема да ги отстранувате, прикривате или изменувате сопственичките известувања (вклучително и известувањата за трговски марки и авторски права) што може да се приложени или содржани во услугата.

VI. Софтвер

          А. Сопственички права на Apple. Потврдувате и се согласувате дека Apple и/или неговите даватели на лиценци ги поседуваат сите законски права, титули и интереси во и за услугата, вклучително, но не ограничувајќи се на графиките, корисничкиот интерфејс, скриптите и софтверот користени за спроведување на услугата, како и за секој софтвер што ви е обезбеден како дел од и/или во врска со услугата („софтверот“), вклучувајќи ги сите права на интелектуална сопственост за услугата, без разлика дали се регистрирани или не и без разлика каде се наоѓаат во светот. Понатаму, се согласувате дека услугата (вклучително и софтверот или кој било друг дел) содржи сопственички и доверливи информации што се заштитени од важечките закони за права на интелектуална сопственост и други закони, вклучително, но не ограничувајќи се на авторските права. Се согласувате дека нема да ги користите таквите сопственички информации или материјали на каков било начин освен за употреба на услугата во согласност со овој договор. Ниту еден дел од услугата не смее да се умножува во која било форма или на кој било начин, освен како што е изречно дозволено со овие услови.

          Б. Лиценца од Apple. КОРИСТЕЊЕТО НА СОФТВЕРОТ ИЛИ КОЈ БИЛО ДЕЛ ОД УСЛУГАТА, ОСВЕН ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА КАКО ШТО Е ДОЗВОЛЕНО ВО ОВОЈ ДОГОВОР, Е СТРОГО ЗАБРАНЕТО И ГИ ПРЕКРШУВА ПРАВАТА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ НА ДРУГИ ЛИЦА И МОЖЕ ДА ВЕ ИЗЛОЖИ НА ГРАЃАНСКИ И КРИВИЧНИ КАЗНИ, ВКЛУЧИТЕЛНО И МОЖНИ ПАРИЧНИ ОТШТЕТИ ЗА ПРЕКРШУВАЊЕ АВТОРСКИ ПРАВА.

          В. Јавна бета-верзија. Одвреме-навреме, Apple може да избере да нуди нови и/или ажурирани функции на услугата („бета-функции“) како дел од јавната бета-програмата („програмата“) со цел да добие повратни информации за квалитетот и употребливоста на бета-функциите. Разбирате и се согласувате дека вашето учество во програмата е доброволно и дека не создава правно партнерство, активност или работен однос меѓу вас и Apple и дека Apple нема обврска да ви обезбедува какви било бета-функции. Apple може да ги направи таквите бета-функции достапни за учесниците во програмата со нивно регистрирање преку интернет или со запишување преку услугата. Разбирате и се согласувате дека Apple може да собира и да користи информации од вашата сметка, уреди и периферни уреди за да ве запише во програмата и/или за да одреди дали имате право да учествувате. Разбирате дека штом ќе се вклучите во програмата можно е да не можете да се вратите на претходната не-бета верзија на одредена бета-функција. Ако таквото враќање е можно, можно е да не можете да ги мигрирате податоците создадени во бета функцијата назад во претходната не-бета верзија. Вашето користење на бета-функциите и учеството во програмата е регулирано со овој договор и со сите дополнителни лиценци услови што може одделно да ги дополнуваат бета-функциите. Бета-функциите се обезбедуваат „КАКВИ ШТО СЕ” и „КАКО ШТО СЕ ДОСТАПНИ” и може да содржат грешки или неточности што може да предизвикаат дефекти, оштетување или загуба на податоци и/или информации од вашиот уред и од периферните уреди (вклучително, но не ограничувајќи се на, и серверите и компјутерите) поврзани со нив. Apple ви препорачува да направите резервна копија од сите податоци и информации на вашиот уред и на периферните уреди пред да учествувате во која било програма. Изречно потврдувате и се согласувате дека целата ваша употреба на бета-функциите е на ваш сопствен ризик. ГИ ПРЕЗЕМАТЕ СИТЕ РИЗИЦИ И ГИ СНОСИТЕ СИТЕ ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО ВАШЕТО УЧЕСТВО ВО КОЈА БИЛО ПРОГРАМА, ВКЛУЧИТЕЛНО, НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА СЕКАКВИ ТРОШОЦИ ЗА ПРИСТАП ДО ИНТЕРНЕТ, ТРОШОЦИ ЗА РЕЗЕРВНИ КОПИИ, ТРОШОЦИ ПРОИЗЛЕЗЕНИ СО УПОТРЕБАТА НА ВАШИОТ УРЕД И ПЕРИФЕРНИТЕ УРЕДИ И КАКВО БИЛО ОШТЕТУВАЊЕ НА ОПРЕМАТА, СОФТВЕРОТ, ИНФОРМАЦИИТЕ ИЛИ ПОДАТОЦИТЕ. Apple е можно да ви обезбеди или да не ви обезбеди техничка и/или друг вид поддршка за бета-функциите. Доколку се обезбеди поддршка, истата ќе биде дополнување на вашата вообичаена поддршка за услугата и ќе биде достапна само преку програмата. Се согласувате да се придржувате до сите правила или политики за поддршка што ви ги обезбедува Apple со цел да добивате таква поддршка. Apple го задржува правото да врши измени на условите или политиките на програмата (вклучително и да ја укине програмата) во секое време со или без известување и во секое време може да го отповика вашето учество во програмата. Потврдувате дека Apple нема обврска да обезбеди комерцијална верзија на бета-функциите и дека доколку таквата комерцијална верзија стане достапна, таа може да има функционалност или функции различни од оние содржани во бета-функциите. Како дел од Програмата, Apple ќе ви даде можност да поднесувате коментари, предлози или други повратни информации во врска со вашето користење на бета-функциите. Се согласувате дека доколку нема посебен писмен договор во којшто е наведено спротивното, Apple ќе може да ги користи сите ваши повратни информации за каква било намена.

          Г. Контрола на извозот. Користењето на услугата и софтверот, вклучително и пренесувањето, објавувањето или поставувањето податоци, софтвер или други содржини преку услугата може да подлежи на законите за извоз и увоз на САД и на други држави. Се согласувате да ги почитувате сите важечки закони и прописи за извоз и увоз. Особено, но без ограничување, софтверот не смее да се извезува или да се реизвезува (а) во држави кои се под ембарго на САД или (б) на кое било лице што е на листата на Посебно одредени државјани на Ресорот за државна благајна на САД (U.S. Treasury Department’s list of Specially Designated Nationals) или на листата на Одбиени физички или правни лица на Ресорот за трговија на САД (U.S. Department of Commerce Denied Person’s List or Entity List). Со користењето на софтверот или услугата, потврдувате и гарантирате дека не се наоѓате во ниедна таква земја или на која било таква листа. Исто така, се согласувате дека нема да го користите софтверот или услугата за никакви цели кои се забранети со законите на САД, вклучително, но без ограничување, за развивање, дизајнирање, изработка или производство на проектили, нуклеарно, хемиско или биолошко оружје. Се согласувате и дека на вашата сметка нема да поставувате никакви податоци или софтвер што: (а) подлежат на Прописи за меѓународна трговија со оружје; или (б) не можат да се извезуваат без претходно писмено владино овластување, вклучително, но без ограничување на одредени видови софтвер за шифрирање и изворен код, без претходно да го добиете тоа овластување. Оваа обврска ќе продолжи да важи по раскинувањето на овој договор.

          Д. Ажурирања. Одвреме-навреме, Apple може да го ажурира софтверот што го користи услугата.  За да продолжите да ја користите услугата, таквите ажурирања може да се преземаат и инсталираат автоматски на вашиот уред или компјутер. Во овие ажурирања може да спаѓаат поправки на грешки, подобрувања на функции или целосно нови верзии на софтверот.  

VII. Укинување

          А. Доброволно укинување од ваша страна

Може да го избришете вашиот Apple ID и/или да прекинете со користење на услугата во секое време. Доколку сакате да прекинете со користење на iCloud на вашиот уред, може да го исклучите iCloud од уредот, така што ќе ги отворите поставките на уредот, ќе допрете на iCloud и ќе допрете на „Одјави се“.  За да ја укинете вашата сметка и да го избришете вашиот Apple ID, контактирајте со поддршката на Apple на https://support.apple.com/contact/. Ако ја укинете вашата сметка и го избришете вашиот Apple ID, нема да имате пристап до други производи и услуги на Apple или на трети страни поставени со тој Apple ID. Ова дејство може да биде неотповикливо. Сите надоместоци што сте ги платиле пред укинувањето не се рефундираат (освен ако тоа е изречно дозволено со овој договор), вклучително и сите надоместоци платени однапред за годината на фактурирање во којашто ја укинувате сметката. Укинувањето на сметката не ве ослободува од обврските за плаќање на заостанатите трошоци или надоместоци.

          Б. Укинување од страна на Apple

Apple може во секое време, под одредени околности и без претходно известување, веднаш да ја укине или суспендира целата или дел од вашата сметка и/или вашиот пристап до услугата. Меѓу причините за таквото укинување спаѓаат: (а) прекршувања на овој договор или какви било други политики или упатства наведени овде и/или објавени на услугата; (б) ваше барање да ја откажете или укинете сметката; (в) барање и/или налог од полициски орган, судски орган или друга владина агенција; (г) кога обезбедувањето на услугата за ваше користење е или може да стане незаконско; (д) неочекувани технички или безбедносни проблеми; (ѓ) ваше учество во измамнички или незаконски дејства; или (е) неплаќање на надоместоците што ги должите за услугата, под услов при нематеријално прекршување да му биде дозволено на Apple да ја укине услугата само откако ќе ве извести 30 дена претходно и само ако не го отстраните прекршувањето во тој период од 30 дена. Таквото укинување или суспендирање Apple ќе го изврши по сопствено убедување и нема да сноси одговорност пред вас или пред која било трета страна за какви било штети што може да произлезат од таквото укинување или суспендирање на вашата сметка и/или пристап до услугата. Покрај тоа, Apple може да ви ја укине сметка откако ќе ве извести 30 дена претходно преку е-пошта на адресата поврзана со вашата сметка доколку (а) вашата сметка била неактивна една (1) година; или (б) доколку има општо прекинување на услугата или некој нејзин дел. Известувањето за општо прекинување на услугата ќе биде доставено според наведеното во овој документ, освен ако не е разумно да се стори тоа поради околности што произлегуваат од законско, регулаторно или владино дејство; за заштита на безбедноста и приватноста на корисникот или на техничкиот интегритет; за да се избегнат прекини на услугите за другите корисници; или поради природна катастрофа, катастрофален настан, војна или други слични околности што се надвор од контрола на Apple. Во случај на такво укинување, Apple ќе ви обезбеди сразмерно рефундирање на сумата што сте ја платиле однапред за платената претплата што во тој момент била тековна. Apple нема да одговара пред вас за какви било измени на услугата или на условите за користење што се во согласност со делот VII-Б.

          В. Влијанија на укинувањето

По укинувањето на сметката може да изгубите секаков пристап до услугата и до сите нејзини делови, вклучително, но без ограничување на, вашата сметка, Apple ID, сметката за е-пошта и содржините. Освен тоа, по одреден временски период, Apple ќе ги избрише информациите и податоците складирани во или како дел од вашите сметки. Сите поединечни компоненти на услугата што можеби сте ги користеле, а се предмет на посебни договори за софтверски лиценци, ќе бидат исто така укинати во согласност со тие лиценцни договори.

VIII. Врски и други материјали од трети страни

Одредени содржини, компоненти или функции на услугата може да вклучуваат материјали од трети страни и/или хиперврски до други веб-локации, ресурси или содржини. Бидејќи Apple може да нема контрола врз таквите веб-локации и/или материјали од трети страни, потврдувате и се согласувате дека Apple не сноси одговорност за достапноста на тие веб-локации или ресурси и не ја потврдува или гарантира точноста на таквите веб-локации или ресурси и дека на никаков начин нема да одговара за никакви содржини, реклами, производи или материјали што се достапни на или преку таквите веб-локации или ресурси. Понатаму, потврдувате и се согласувате дека Apple нема да одговара на никаков начин за какви било штети што може да ви бидат нанесени или за кои што наведувате дека ви биле нанесени, директно или индиректно, како резултат на вашето користење и/или потпирање на таквите содржини, реклами, производи или материјали што се достапни на или преку таквите веб-локации или ресурси.

IX. ОДРЕКУВАЊЕ ОД ГАРАНЦИИТЕ; ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА

НЕКОИ ПРАВОСУДСТВА НЕ ДОЗВОЛУВААТ ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ОДРЕДЕНИ ГАРАНЦИИ, А КАКО ТАКВИ, НЕКОИ ОД ИСКЛУЧОЦИТЕ НАВЕДЕНИ ПОДОЛУ МОЖЕ ДА НЕ ВАЖАТ ЗА ВАС, ДО СТЕПЕНОТ ДО КОЈ ТАКВИТЕ ИСКЛУЧОЦИ СЕ КОНКРЕТНО ЗАБРАНЕТИ СО ВАЖЕЧКИОТ ЗАКОН.

APPLE ЌЕ КОРИСТИ РАЗУМНИ ВЕШТИНИ И ГРИЖА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА УСЛУГАТА. СЛЕДНИВЕ ОДРЕКУВАЊА ПОДЛЕЖАТ НА ОВАА ИЗРЕЧНА ГАРАНЦИЈА.

APPLE НЕ ГАРАНТИРА ИЛИ ПОТВРДУВА ДЕКА ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА ЌЕ БИДЕ НЕПРЕКИНАТО ИЛИ БЕЗ ГРЕШКИ, А ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА APPLE МОЖЕ ОД ВРЕМЕ НА ВРЕМЕ ДА ЈА ОТСТРАНУВА УСЛУГАТА НА НЕОДРЕДЕНИ ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОДИ ИЛИ ДА ЈА ОТКАЖЕ УСЛУГАТА ВО СОГЛАСНОСТ СО УСЛОВИТЕ НА ОВОЈ ДОГОВОР.

ВИЕ ИЗРЕЧНО СЕ СОГЛАСУВАТЕ И РАЗБИРАТЕ ДЕКА УСЛУГАТА СЕ ОБЕЗБЕДУВА „КАКВА ШТО Е“ И „КАКО ШТО Е ДОСТАПНА“. APPLE И НЕГОВИТЕ ФИЛИЈАЛИ, ПОДРУЖНИЦИ, СЛУЖБЕНИЦИ, ДИРЕКТОРИ, ВРАБОТЕНИ, АГЕНТИ, ПАРТНЕРИ И ДАВАТЕЛИ НА ЛИЦЕНЦИ ИЗРЕЧНО СЕ ОГРАДУВААТ ОД СИТЕ ГАРАНЦИИ ОД СЕКАКОВ ВИД, БИЛО ИСТИТЕ ДА СЕ ИЗРЕЧНИ ИЛИ ПРЕМОЛЧЕНИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ, НО БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ПРЕМОЛЧЕНИТЕ ГАРАНЦИИ ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА ПОГОДНОСТ, СООДВЕТНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА И ЗА НЕПРЕКРШУВАЊЕ. КОНКРЕТНО, APPLE И НЕГОВИТЕ ФИЛИЈАЛИ, ПОДРУЖНИЦИ, СЛУЖБЕНИЦИ, ДИРЕКТОРИ, ВРАБОТЕНИ, АГЕНТИ, ПАРТНЕРИ И ДАВАТЕЛИ НА ЛИЦЕНЦИ НЕ ГАРАНТИРААТ (I) ДЕКА УСЛУГАТА ЌЕ ГИ ЗАДОВОЛИ ВАШИТЕ БАРАЊА, (II) ДЕКА ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА ЌЕ БИДЕ НАВРЕМЕНО, НЕПРЕКИНАТО, СИГУРНО ИЛИ БЕЗ ГРЕШКИ, (III) ДЕКА СЕКОЈА ИНФОРМАЦИЈА ШТО ЌЕ ЈА ДОБИЕТЕ КАКО РЕЗУЛТАТ НА УСЛУГАТА ЌЕ БИДЕ ТОЧНА ИЛИ СИГУРНА, И (IV) ДЕКА СИТЕ ДЕФЕКТИ ИЛИ ГРЕШКИ ВО СОФТВЕРОТ ШТО ВИ БИЛ ОБЕЗБЕДЕН КАКО ДЕЛ ОД УСЛУГАТА ЌЕ БИДАТ ПОПРАВЕНИ.

APPLE НЕ ПОТВРДУВА ИЛИ ГАРАНТИРА ДЕКА УСЛУГАТА НЕМА ДА БИДЕ ИЗЛОЖЕНА НА ЗАГУБА, ОШТЕТУВАЊЕ, НАПАД, ВИРУСИ, ПОПРЕЧУВАЊА, ХАКЕРСКИ НАПАДИ ИЛИ ДРУГИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАДИ И APPLE СЕ ОДРЕКУВА ОД СЕКАКВА ОДГОВОРНОСТ ПОВРЗАНА СО ИСТИТЕ.

НА ВАШ СОПСТВЕН РИЗИК И ПО ВАШЕ СОПСТВЕНО УБЕДУВАЊЕ ПРИСТАПУВАТЕ ДО СИТЕ МАТЕРИЈАЛИ ШТО СЕ ПРЕЗЕМЕНИ ИЛИ ДОБИЕНИ СО КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА И ЕДИНСТВЕНО ВИЕ ЌЕ БИДЕТЕ ОДГОВОРНИ ЗА КАКВИ БИЛО ОШТЕТУВАЊА НА ВАШИОТ УРЕД, КОМПЈУТЕР, ИЛИ ЗА ЗАГУБАТА НА ПОДАТОЦИ ШТО РЕЗУЛТИРАЛА ОД ПРЕЗЕМАЊЕТО НА ТАКВИТЕ МАТЕРИЈАЛИ. ПОНАТАМУ, ПОТВРДУВАТЕ ДЕКА УСЛУГАТА НЕ Е НАМЕНЕТА НИТУ ПОГОДНА ЗА КОРИСТЕЊЕ ВО СИТУАЦИИ ИЛИ ОКРУЖУВАЊА КАДЕ ШТО НЕМОЖНОСТА ЗА КОРИСТЕЊЕ ИЛИ НЕНАВРЕМЕНОСТА НА, ИЛИ ГРЕШКИТЕ ИЛИ НЕТОЧНОСТИТЕ ВО СОДРЖИНИТЕ, ПОДАТОЦИТЕ ИЛИ ИНФОРМАЦИИТЕ КОИ ГИ ОБЕЗБЕДУВА УСЛУГАТА БИ МОЖЕЛЕ ДА ДОВЕДАТ ДО СМРТ, ТЕЛЕСНА ПОВРЕДА ИЛИ ТЕШКА ФИЗИЧКА ПОВРЕДА ИЛИ ШТЕТА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА.

          ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА

НЕКОИ ПРАВОСУДСТВА НЕ ГО ДОЗВОЛУВААТ ИСКЛУЧУВАЊЕТО ИЛИ ОГРАНИЧУВАЊЕТО НА ОДГОВОРНОСТА ОД СТРАНА НА ДАВАТЕЛИТЕ НА УСЛУГИ. ДО СТЕПЕНОТ ДО КОЈ ТАКВИТЕ ИСКЛУЧОЦИ ИЛИ ОГРАНИЧУВАЊА СЕ КОНКРЕТНО ЗАБРАНЕТИ СО ВАЖЕЧКИОТ ЗАКОН, НЕКОИ ОД ИСКЛУЧОЦИТЕ ИЛИ ОГРАНИЧУВАЊАТА НАВЕДЕНИ ПОДОЛУ МОЖЕ ДА НЕ ВАЖАТ ЗА ВАС.

APPLE ЌЕ КОРИСТИ РАЗУМНИ ВЕШТИНИ И ГРИЖА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА УСЛУГАТА. СЛЕДНИВЕ ОГРАНИЧУВАЊА НЕ ВАЖАТ ПРИ ЗАГУБА ШТО РЕЗУЛТИРАЛА ПОРАДИ (A) НЕУСПЕХ НА APPLE ДА КОРИСТИ РАЗУМНИ ВЕШТИНИ И ГРИЖА; (Б) СЕРИОЗНО НЕВНИМАНИЕ, НАМЕРНА ЗЛОУПОТРЕБА ИЛИ ИЗМАМА НА APPLE; ИЛИ (В) СМРТ ИЛИ ТЕЛЕСНА ПОВРЕДА.

ИЗРЕЧНО СЕ СОГЛАСУВАТЕ И РАЗБИРАТЕ ДЕКА APPLE И НЕГОВИТЕ ФИЛИЈАЛИ, ПОДРУЖНИЦИ, СЛУЖБЕНИЦИ, ДИРЕКТОРИ, ВРАБОТЕНИ, АГЕНТИ, ПАРТНЕРИ И ДАВАТЕЛИ НА ЛИЦЕНЦИ НЕМА ДА СНОСАТ ОДГОВОРНОСТ ПРЕД ВАС ЗА КАКВИ БИЛО ДИРЕКТНИ, ИНДИРЕКТНИ, СЛУЧАЈНИ, ПОСЕБНИ, КОНСЕКВЕНТНИ ИЛИ КАЗНЕНИ ШТЕТИ, ВКЛУЧИТЕЛНО, НО БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА, ШТЕТИ ПОРАДИ ЗАГУБА НА ПРОФИТ, ДОБРА ВОЛЈА, УПОТРЕБА, ПОДАТОЦИ, ТРОШОЦИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ РЕЗЕРВНИ СТОКИ ИЛИ УСЛУГИ ИЛИ ДРУГИ НЕМАТЕРИЈАЛНИ ЗАГУБИ (ДУРИ И АКО APPLE БИЛ ИНФОРМИРАН ЗА МОЖНОСТА ЗА НАСТАНУВАЊЕ НА ТАКВИ ШТЕТИ), ШТО НАСТАНАЛЕ КАКО РЕЗУЛТАТ НА:  (I) КОРИСТЕЊЕТО ИЛИ НЕМОЖНОСТА ДА СЕ КОРИСТИ УСЛУГАТА (II) ИЗВРШЕНИТЕ ИЗМЕНИ НА УСЛУГАТА ИЛИ КАКВО БИЛО ПРИВРЕМЕНО ИЛИ ПОСТОЈАНО УКИНУВАЊЕ НА УСЛУГАТА ИЛИ КОЈ БИЛО НЕЈЗИН ДЕЛ; (III) НЕОВЛАСТЕНИОТ ПРИСТАП ДО ИЛИ ИЗМЕНАТА НА ВАШИТЕ ПРЕНЕСУВАЊА ИЛИ ПОДАТОЦИ; (IV) БРИШЕЊЕТО, ОШТЕТУВАЊЕТО, ИЛИ НЕУСПЕХОТ ДА СЕ СКЛАДИРААТ И/ИЛИ ДА СЕ ИСПРАЌААТ ИЛИ ПРИМААТ ВАШИТЕ ПРЕНЕСУВАЊА ИЛИ ПОДАТОЦИ НА ИЛИ ПРЕКУ УСЛУГАТА; (V) ИЗЈАВИТЕ ИЛИ ОДНЕСУВАЊЕТО НА КОЈА БИЛО ТРЕТА СТРАНА НА УСЛУГАТА; И (VI) СÈ ДРУГО ШТО Е ПОВРЗАНО СО УСЛУГАТА.

БЕЗ ОГЛЕД НА ДРУГИТЕ УСЛОВИ ОД ОВОЈ ДОГОВОР, АКО ВАЖИ ЗАКОНОТ ЗА ПОТРОШУВАЧКИ ДОГОВОРИ НА ЈАПОНИЈА, УСЛОВИТЕ КОИШТО ЈА ОГРАНИЧУВААТ ОДГОВОРНОСТА НА APPLE ЗА ШТЕТИ КАКО РЕЗУЛТАТ НА ПРЕКРШУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ ИЛИ ДЕЛИКТ ИЗВРШЕН ОД СТРАНА НА APPLE НЕМА ДА ВАЖАТ АКО ШТЕТАТА Е РЕЗУЛТАТ НА НАМЕРНО НЕДОЛИЧНО ОДНЕСУВАЊЕ ИЛИ ГРУБА НЕБРЕЖНОСТ ОД СТРАНА НА APPLE.

          ОБЕСШТЕТУВАЊЕ

До степен што не е забранет со закон, се согласувате да ги обесштетите и да не барате одговорност во вид на побарување за отштета од Apple, неговите филијали, подружници, директори, службеници, вработени, агенти, партнери, изведувачи и даватели на лиценци, како и да не барате надомест за трошоци за адвокати направени од трета страна, што се поврзани или произлегуваат од: (а) сите содржини што ги поднесувате, објавувате, пренесувате или на друг начин ги ставате на располагање преку услугата; (б) вашето користење на услугата; (в) какво било прекршување на овој договор од ваша страна; (г) какво било дејство преземено од Apple, постапувајќи разумно, како дел од неговата истрага поради сомнение за прекршување на овој договор или како резултат на утврдувањето или донесувањето одлука дека дошло до прекршување на овој договор; или (д) вашето прекршување на правата на друго лице. Ова значи дека не можете да ги тужите Apple, неговите филијали, подружници, директори, службеници, вработени, агенти, партнери, изведувачи и даватели на лиценци како резултат на одлуката на Apple, постапувајќи разумно, да ги отстрани или да одбие да обработи информации или содржини, да ве предупреди, да го суспендира или укине вашиот пристап до услугата или да преземе какво било друго дејство во текот на истрагата поради сомнение за прекршување или како резултат на заклучокот на Apple дека дошло до прекршување на овој договор. Оваа одредба за ослободување и обесштетување важи за сите прекршувања опишани или разгледани во овој договор. Оваа обврска ќе продолжи да важи по раскинувањето или истекувањето на овој договор и/или на вашето користење на услугата. Потврдувате дека сте одговорни за секое користење на услугата со помош на вашата сметка и дека овој договор важи за секоја употреба на вашата сметка. Се согласувате да се придржувате до овој договор и да ја обесштетите и да не барате одговорност од Apple во вид на побарувања за отштета како резултат на користењето на вашата сметка, без разлика дали таквото користење е изречно одобрено од вас.

X. ОПШТО

          А. Известувања

Apple може да ви обезбедува известувања во врска со услугата и во врска со измените на овој договор преку е-порака до вашата адреса на е-пошта на iCloud (и/или до друга адреса на е-пошта поврзана со вашата сметка доколку имате наведено таква адреса), iMessage или SMS, преку обична пошта или преку објави на нашата веб-локација и/или на услугата.

Ако живеете во Индија, согласно „Правилата за информатичка технологија (Упатства за посредници), 2021 година“, упатете ја својата поплака/жалба до следниов службеник за поплаки:

За нештата што се релевантни според „Упатствата за посредници“:

Службеник за поплаки:  Nikhil Pai 

Веб-формулар:  Apple.co/IndiaGrievanceIntermediaries

Важна напомена: 

Имајте предвид дека само поплаките што спаѓаат во Правилата за информатичка технологија (Упатства за посредници), 2021 година, што се однесуваат на iCloud, ќе бидат разгледани преку врските до формуларот за службеникот за поплаки.

          Б. Применливо право

Освен до степенот што е изречно наведен во следниот пасус, за овој договор и односот меѓу вас и Apple ќе важат законите на државата Калифорнија, исклучувајќи ги нејзините одредби за конфликти на законите. Вие и Apple се согласувате да ја прифатите личната и ексклузивна надлежност на судовите што се наоѓаат во округот Санта Клара, Калифорнија, за разрешување какви било спорови или побарувања што произлегуваат од овој договор. Доколку (а) не сте граѓанин на САД; (б) не живеете во САД; (в) не пристапувате до услугата од САД; и (г) сте граѓанин на една од државите наведени подолу, со ова се согласувате дека за каков било спор или побарување што произлегуваат од овој договор ќе важи важечкиот закон наведен подолу, без оглед на одредбите за конфликт на законите и неотповикливо се согласувате да ја прифатите неексклузивната надлежност на судовите што се наоѓаат во државата, подрачјето или земјата наведена подолу, чиишто закони се надлежни:

Ако сте граѓанин на држава од Европската Унија или на Обединетото Кралство, Швајцарија, Норвешка или Исланд, надлежни судови и закони ќе бидат судовите и законите на вашето вообичаено место на живеење.

Ако сте граѓанин на Јапонија, надлежен закон ќе биде јапонскиот, а надлежен суд ќе биде Токио, Јапонија.

Законот што е конкретно исклучен од примена во овој договор е познат како Конвенција на Обединетите Нации за меѓународна продажба на стоки.

          В. Целосен договор

Овој договор го сочинува целиот договор меѓу вас и Apple, го регулира вашето користење на услугата и целосно ги заменува сите претходни договори меѓу вас и Apple во врска со услугата. Може да важат и дополнителни услови кога користите придружни услуги, содржини од трети страни или софтвер од трети страни. Доколку некој дел од овој договор се смета за неважечки или неприменлив, тој дел ќе се толкува на начин што е конзистентен со важечките закони за да ги одрази, колку што е можно поблиску, првобитните намери на страните, а останатите делови ќе продолжат да важат. Неможноста на Apple да ги практикува или спроведува сите права или одредби од овој договор нема да значи ослободување од таквите права или одредби. Се согласувате дека, освен ако не е изречно наведено поинаку во овој договор, нема да има корисници на овој договор од трета страна.

          Г. „Apple“ значи:

• Apple Inc., со седиште на One Apple Park Way, Cupertino, California, за корисници во САД, вклучително и Порторико;

• Apple Canada Inc., со седиште на 120 Bremner Blvd., Suite 1600, Toronto ON M5J 0A8, Canada за корисници во Канада;

• Apple Services LATAM LLC, со седиште на 1 Alhambra Plaza, Ste 700 Coral Gables, Florida, за корисници во Мексико, Централна или Јужна Америка и сите држави или територии на Карибите (освен Порторико);

• iTunes K.K., со седиште на Roppongi Hills, 6-10-1 Roppongi, Minato-ku, Tokyo 106-6140, Tokyo за корисници во Јапонија. 

• Apple Pty Limited, со седиште на Level 3, 20 Martin Place, Sydney NSW 2000, Australia, за корисници во Австралија или Нов Зеланд, вклучувајќи ги и сите нивни територии или јурисдикциите во нивна сопственост; и

• Apple Distribution International Ltd., со седиште на Hollyhill Industrial Estate, Hollyhill, Cork, Republic of Ireland, за сите други корисници. 

ЕЛЕКТРОНСКО СКЛУЧУВАЊЕ ДОГОВОРИ

Во вашето користење на услугата спаѓа и способноста да склучувате договори и/или да вршите трансакции по електронски пат. ПОТВРДУВАТЕ ДЕКА ВАШИТЕ ЕЛЕКТРОНСКИ ПОДНЕСОЦИ СОЧИНУВААТ ВАША СОГЛАСНОСТ И НАМЕРА ДА БИДЕТЕ ОБВРЗАНИ И ДА ПЛАЌАТЕ ЗА ТАКВИТЕ ДОГОВОРИ И ТРАНСАКЦИИ. ВАШАТА СОГЛАСНОСТ И НАМЕРА ДА БИДЕТЕ ОБВРЗАНИ СО ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ПОДНЕСОЦИ ВАЖИ ЗА СЕТА ЕВИДЕНЦИЈА ПОВРЗАНА СО СИТЕ ТРАНСАКЦИИ ВО КОИ ВЛЕГУВАТЕ НА ОВАА УСЛУГА, ВКЛУЧИТЕЛНО И ИЗВЕСТУВАЊАТА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ, ПОЛИТИКИТЕ, ДОГОВОРИТЕ И АПЛИКАЦИИТЕ. За да пристапувате до вашата електронска евиденција и да ја зачувувате може да биде потребно да имате одреден хардвер и софтвер, кои се единствено ваша одговорност.

          Д. Приватност

Вашето користење на услугата е предмет на политиката за приватност на Apple, достапна на https://www.apple.com/legal/privacy/mk/.

Последна ревизија: 18 септември 2023 г.